Жените се мажат за моќ, а мажите за убавина....

Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
ЕДНА СТАРА ИЗРЕКА ВЕЛИ: " ЖЕНИТЕ СЕ МАЖАТ ЗА МОЌ, А МАЖИТЕ ЗА УБАВИНА ! "

Жените традиционално се научени дека можат да стекнат општествен статус доколку се врзат за успешен маж и тој феномен игра една од главните улоги во бирањето на партнер. Денешните паметни жени ги развиваат своите потенцијали и со сопствени сили стекнуваат општествена моќ и општествен статус. Но многу жени кои се со пониско образование го чуствуваат надворешниот и внатрешниот притисок " добро да се омажат "- да најдат некого кој има повисоко општествено влијание и моќ. На мажот сеуште се гледа како отскочна штица која на жената и обезбедува повисок статус и поголема финансиска сигурност.
Мажите кои се вљубиле во независни и силни жени, според нивниот начин на однесување на почетокот од врската, мислат дека тие се токму такви какви што се и ќе продолжат да бидат такви. Кога тие подоцна ќе се изменат бидејќи истите жени ќе согледаат дека е исцпувачки и стресно е да се грижат за себе, мажите ќе се разочараат од нив. Жените сметаат дека кога веќе го придобиле мажот на кој можат да се потпрат,сметаат дека имаат право на опуштеност. Тие се одкажуваат од својата сила и независност и сето тоа од машка страна изгледа како неочекувано "скриеното мало татино и размазено девојче" да изглегло на површината. Многу од жените сфаќаат дека копнеат да побегнат од заморните секојдневни работи да го прекинат школувањето или да ја напуштат својата работа, а тоа особено се случува кога ќе воспостават подлабока врска со маж кој им овозможува економска сигурност. Така сметаат дека треба своето време да го исполнат со креативни работи, да легачат и да ги трошат заработените пари на мажот. Но не можат да сфатат дека и мажите копнеат по слични работи. Значи сосема е разбирливо тоа што жената сака да ја остави работата и да се усовршува, да одледува деца и да се посвети на домаќинството. Но често предизвикува бес кај мажот кој не е во состојба да си го дозволи таквиот луксуз и уште мора да обезбедува пари за нејзините потреби и хирови. Зашто на крајот сепак истиве мажи ја избрале оваа жена бидејќи им се допаднала нејзината независност и сила. Според тоа жената не треба да биде болен кариерист и да го запостави семејтвото, но никако не смее да ја изгуби својата независност и автентичност на својата личност.
Треба да избалансира меѓу семејството и кариерата и тука е мажот да и помогне. На крајот оние жени кои не се потврдиле и не се вреднувале се чуствуваат фрустрирано и несреќно и сето тоа влијае на семејството.
Жената не треба да прави радикални промени во своите цели и во своето однесување, да очекува од мажот да ги прифати во целост нејзините желби и каприци. Промените во очекувањата и во животните планови мора да се извршуваат постепено и заеднички, за да бидат двете страни задоволени и да живеат во хармонија.

Ме интересита мислењето околу ова? Дали машките кога ќе откријат дека девојката во која се вљубиле, премногу станува зависна од нив, се разочаруваат?
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
И мажите и жените сакаат моќни и ситуирани партнери денес не е како порано, мажите не се единствените што се успешни, а позади успешен маж стои успешна жена и обратно, би рекла дека мажите денес се многу пребирливи во однос на изборот на потенцијална сопруга тие сакаат таа да е комплетна личност, значи успешна, добро ситуирана со добра работа и убава, така што убавите и глупи жени излегуваат од избор никој не сака неспешен партнер покрај него поминаа тие времиња на Мерилин Монро и на глупавите плавуши.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
И мажите и жените сакаат моќни и ситуирани партнери денес не е како порано, мажите не се единствените што се успешни, а позади успешен маж стои успешна жена и обратно, би рекла дека мажите денес се многу пребирливи во однос на изборот на потенцијална сопруга тие сакаат таа да е комплетна личност, значи успешна, добро ситуирана со добра работа и убава, така што убавите и глупи жени излегуваат од избор никој не сака неспешен партнер покрај него поминаа тие времиња на Мерилин Монро и на глупавите плавуши.
Не се сложувам. Мислам дека секогаш било и секогаш ќе биде реченицата од првиот пост точна. Жените секогаш ќе сакаат маж кој има моќ, а мажите секогаш ќе бараат девојка која изгледа убаво. Тоа е основен принцип на природата, и ќе се смени кога луѓето ќе почнат да одат на глава, то ест никогаш.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Не се сложувам. Мислам дека секогаш било и секогаш ќе биде реченицата од првиот пост точна. Жените секогаш ќе сакаат маж кој има моќ, а мажите секогаш ќе бараат девојка која изгледа убаво. Тоа е основен принцип на природата, и ќе се смени кога луѓето ќе почнат да одат на глава, то ест никогаш.
Па токму тоа и го реков, сакаат да е успешна, ситуирана и убава, не си ме прочитал убаво:smir:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Па токму тоа и го реков, сакаат да е успешна, ситуирана и убава, не си ме прочитал убаво:smir:
Можеби нешто не те разбирам, но повторно, во принцип, генерално... мажите од девојката бараат да биде кукла пред се и основно, а ако е потоа успешна и ситуирана, не им пречи. Но мора да биде убава, ако не е, ништо од сигурна виза за бурма.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.419
И мажите и жените сакаат моќни и ситуирани партнери денес не е како порано, мажите не се единствените што се успешни
Можи сега, не знам, не се женам. Али дефинитивно порано изгледа не било така. Ко ме зема жена ми, бев невработен, со еден точак во сопственост. А и жена ми ко ме зеде и ја бев невработен, немоќен :), што знам можи сме се земале од љубов :smir:

А и релативно е, кој како е учен, кој како си го замислува животот и како си прави планови за иднина, индивидуално е.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Можеби нешто не те разбирам, но повторно, во принцип, генерално... мажите од девојката бараат да биде кукла пред се и основно, а ако е потоа успешна и ситуирана, не им пречи. Но мора да биде убава, ако не е, ништо од сигурна виза за бурма.
Точно така:) епа жените малку поинаку ги подредуваат своите приоритети, поважно им е да е успешен и моќен отколку убав, значи успешноста кај жените е приоритет број 1, а кај мажите убавината е приоритет број 1 па потоа следува приоритетот број 2 т.е да е успешна:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.419
поважно им е да е успешен и моќен отколку убав
Тоа не беше спонзорство за долг, удобен и среќен живот?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Епа тоа ти се коси со првиот пост на темава.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ме интересита мислењето околу ова? Дали машките кога ќе откријат дека девојката во која се вљубиле, премногу станува зависна од нив, се разочаруваат?
Не сум машко и неможам да одговорам во нивно име,но ќе го свртам прашањето од женска страна,дали кога ќе сфатам дека партнерот е зависен од мене се разочарувам?
Секој човек посакува успешен партнер,без разлика во кое поле делува.Но има висини и падови во секоја кариера.Можеби е до тој мајчиснки инстикт кој го носиме во себе,па не ми дозволува да се разочарам во партнерот кога ќе дојде периодот на пад.Зборам за повремени падови,а не да ми се оптегне на врат без амбиции.Во тие падови јас сум првата која верува во него и го подржува,без разлика колку трае временски,живееме во лошо време,каде потрагата по финансии не оди како песна.Во тие моменти кога е зависен од мене,јас не се разочарувам во него,но машкото многу лошо го доживува тоа.Во состојба е да се раздели од тебе само да не биде зависен.
Зошто е тоа така,нека повелат и нека објаснат мажите:)
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Епа не е спонзорство тоа и не ми се коси со првиот пост, и мажите и жените сакаат убави ситуирани и успешни партнери, доколку некој маж има избор помеѓу неуспешна, убава женска и успешна убава женска ќе ја одбере успешната така? Доколку жената има избор помеѓу успешен и симпатичен маж и неуспешен и лепотан маж ќе го одбере успешниот.
Само како што реков секој си има различни приоритети ако за тебе Викторгг успешноста не е важна во ред, тоа си е твој избор., јасз зборувам генерално земено што им е важно на повеќето мажи и жени но секогаш има исклучоци што го потврдуваат правилото.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Jaс само би го сменил она “убавина“ во “класично привлекување“. Со оглед на тоа дека сите си имаат различен поглед кон нештата, и дека се е релативно (Or is it...*крева_веѓи*). А уште од дамнешни времиња се знае дека жените барале моќен маж, некој кој ке ги брани и ке лови за неа и нејзините млади.
leandra напиша:
Јас ли ја утнав поентата на темата? :)
не, ние си се фативме ко слеп за стап...солиме памет без посебна причина...

он: Не :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас ли ја утнав поентата на темата? :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.419
А уште од дамнешни времиња се знае дека жените барале моќен маж, некој кој ке ги брани и ке лови за неа и нејзините млади.
Мислиш да му опнеш некому една оти ја погледнал попреку? Тоа го може и добро неситуиран господин. До раката е :smir:

Значи излегува денеска дека ниту тие ниту тие не се за љубов? Е јбг, затоа се постари се земаат, се повеќе разводи.

Хм, има двајца. Едниот од лево е добро ситуиран, директор џенерал, плата, кола, куќа, но те сака, а ти него?... Другиот од десно со едно куферче и плата конфекциска, но те сака, а и ти него. Кого би одбрала? Ја да сум женско тој од десно.
Што знам, други се можи сега вредностите, материјализам, такво нешто. Но и сега да се женам (недај боже, грзи јазикот) па би одбрал исто-не само според пари и не само според убајна.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129

Ме интересита мислењето околу ова? Дали машките кога ќе откријат дека девојката во која се вљубиле, премногу станува зависна од нив, се разочаруваат?
Зависна во кој смисол, финансиски или емоционално?

Како и да е ниедна зависност не е здрава на долги патеки и може да доведе до дебаланс во врската ставајќи го едниот партнер во доминатна позиција.

Одредена емоционалана зависност е нормална но ако стане претерана нормално дека може да ја загуши врската. Сакам да знам дека мојата партнерка може да се снајде во секакви услови со или без мене, со таква личност може нешто да се гради.

Во тие падови јас сум првата која верува во него и го подржува,без разлика колку трае временски,живееме во лошо време,каде потрагата по финансии не оди како песна.Во тие моменти кога е зависен од мене,јас не се разочарувам во него,но машкото многу лошо го доживува тоа.Во состојба е да се раздели од тебе само да не биде зависен.
Зошто е тоа така,нека повелат и нека објаснат мажите:)
Така прави вистинска жена, со партнерот во добро и лошо :). Сепак со индустријализација и менување на општествените норми постои опасност такви жени да има се помалку и помалку.

Нема нешто погадно од чувството на сопствената партнерка да не можеш да и пружиш нормален живот, тоа е убиство за машкото его, исто како да не си способен да донесеш храна после лов и знаеш дека фамилијата ќе ти гладува.

Затоа многу мажи се способни да се разделат само да не мораат да ја трпат својата според нив понижувачка положба на во моментот помалку способна единка во врската.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom