Убаво се изјасни - монотеистички булшит морал.
Човекот не е моногамно суштество и не може да биде. Е кога е присилен - во својата природа не е.
Курви не постојат. Постои нешто што се вика проституција, и постои промискуитет, што е проблем, зошто во овој случај жената/мажот имаат сексуален однос со кој стигнат, не зошто тоа го сакаат, туку тоа е внатрешен револт према предходни авторитети и забрани.
Се што не е проституција и промискуитет, е сексуален живот.
Дали е 1 партнер, 10, или 50, не е важно. Важно е секој од нив да бил зошто личноста така сакала, имала правилна потреба.
Проституцијата е занает, промискуитетот комплекс.
Иако често не може да се разликува промискуитет од слободен сексуален живот, сепак, постојат разлики.
Промискуитетната личност не бира. Нема тип на партнер кој ја привлекува. Важно е само да се има партнер. Важно е само да се има што поголем квантитет.
Овој промискуитет почесто се среќава кај мажите, но сепак, мажите и жените најчесто од различни извори ја црпат потребата за истиот.
Имено, мажите ја докажуваат својата ,,машкост,, на овој начин. Најчесто, имаат проблем со самодовербата, или пак имаат лошо предходно искуство. Односно, потсвесно, се ,,одмаздуваат,, и си го лечат повреденото его.
Жените, се бунтуваат против оваа вековна, милениумска ,,поштена-курва,, традиција. Свесно мислат дека ја добиле својата слобода, потсвесно се ,,одмаздуваат,, на родителите, општеството, предходниот партнер...
Од друга страна пак, сексуалниот живот, подразбира нешто друго. Да, подразбира и повеќе од еден партнер. Но партнерите речиси секогаш се слични во некоја карактеристика што ја привлекува личноста. И никогаш, таа личност не има сексуален однос со некого, само за да го има. Секогаш е целинасочено кон заедничко задоволство.
Дали сте жртва на промискуитет или сте сексуален партнер?
Промискуитетната личност не ве почитува, ниту пак се занимава со вас и вашите желби. Ве игнорира.
Сексуалниот партнер се труди да ви биде и на вас убаво, и дефинитивно ве почитува како личност - како партнер.
Промискуитетната жена е навикната на понижување - и да ја понижите, повторно би била со вас. Жена која има здрав сексуален живот, не би можеле да ја понижите и да остане тивка на тоа.
Промискуитетен маж се однесува надмено, доминантно.
Како и да е, бидејќи живееме во затворено општество, сексуалниот живот е израмнет на промискуитет. За тоа се виновни и самите луѓе.
Чинот на слобода не е квантитет. Туку квалитет.
Од било која страна.
--- надополнето: Oct 7, 2011 12:32 AM ---
Сакаш да кажеш дека Ева ( се однесува на она Адам и Ева) била курва ?
Не сме сигурни дека таа постоела...
--- надополнето: Oct 7, 2011 12:40 AM ---
Абе иако имам поштовање кон професионалките кои се задолжени да даваат задоволство и добиваат придонеси од истото, мислам дека сепак жената треба да си остане морална и да биде само со еден партнер...ја да би бил женско би се подразмислил дали да бидам секоја вечер со нов маж или со неколку мажи во иста вечер(КУРВА). Едноставно не би можел да спијам мирно навечер ако знам дека пред тоа сум бил со неколку мажи одеднаш. Тоа не ми е сватливо и против сите морални закони...не верувам во религија, но се држам до тоа дека жената(не збориме за мажот, тој е друга прича) не треба да биде КУРВА!
Прочитај ми го текстот погоре.
Мажите не спијат со повеќе жени наеднаш, зошто се мажи, или зошто тоа ги исполнува и ги прави посреќни.
Се обидуваат (на погрешен начин) да ја избилдаат самодовербата, и дефинитивно да си го нахранат егото.
Далеку од тоа дека се посреќни така. Не се.
Исто и жените, тие само мислат дека ја добиле ,,слободата,,.
А сепак иако се ослободиле од општествените и квази моралните стеги, се заробиле во своите потсвесни комплекси....