Жена од Пустец - Албанија

  • Креатор на темата Креатор на темата milco45
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би земале/купиле жена од пустец?

  • Да, зошто да не ако е убава

    Гласови: 156 54,4%
  • Никогаш тоа е многу примитивно и понижувачки

    Гласови: 131 45,6%

  • Вкупно гласачи
    287
Ама на толку сиромаштија, па се наваѓа некоо евро да се плате за невеста од Албанија.

Немој ни да си помислил, јас и децата одма ќе се откажеме од тебе во сите новини и телевизии, а цела фамилија ќе изврши колективно харикири.
Мажи, све малку им е...пу јаз'к!
 
Луки бре...имам јас три ниви на село и не ги продавам, бидејќи се водам според онаа еврејската - Човек кој има земја секогаш е богат. Само будалите продаваат земја и бегаат в град за да живеат ко клошари. Човек кој има земја никогаш нема да гладува.
Сакав и фарма да правам, да се ангажирам за субвенции или ЕУ фондови, ама што да правиме, не се нашол маж јунак, сите сакаат да спијат до 12 попладне и ги мрзи чаша да кренат, не со земјоделство да се бават. Башка нели, испод части им е. И после ние жените сме криви?! Како, молам?!

Зашто секогаш мораат да се генерализираат работите ........... сите машки спиеле до 12ч, ајдеде, да има и такви, ама има и такви кои стануваат во 6ч .......... и не секој што не се занимава со земјоделие е мрзлив човек, секој си ја работи својата работа ................ б.т.в. во урбани средини нема земјоделство, сточарство такви работи !
--- надополнето: 14 ноември 2012 во 19:48 ---
Може ли да не се карате кој колкави дупки има у која општина и да не се оде на некакви смотани поделби? Срамота е денеска у 21 век да има места без вода, канализација. Без разлика кој живее у тие места, човеци сме сите.

Реално 1/5 од Скопје нема средено комуналии.
Гостивар и Тетово оште до ден денеска немат филтер станици и пијат песоклива вода секојпат коа заврне дожд. Тава е Срамота и за Македонците и за Албанците.. Срамота... Означува оти само дрват политика, а никој не го боле оти децата у тија места пијат песок...
--- надополнето: 14 ноември 2012 во 00:19 ---

Да точно е тоа дека има и делови од Скопје кои се батал, но за тоа си се криви градоначалниците ............ кој треба да ги поправи дупките во Чаир и да стави канализација и вода во оние населби каде што сеуште немаат .......... исто и Тетово, Гостивар и.т.н. па нели Тетово си има градоначалник избран од народот, нели и Гостивар си има градоначалник избран од народот ........... за што им се тие градоначалници ........... за украс !
Секоја општина си има градоначалник, совет, советници, општински буџет... да имаш кратери од 30см во 21 век во урбана средина е тоа не е поради немањето пари на општините, туку поради неспособноста и тоталната незаинтересираност на градоначалниците, без разлика дали станува збор за наши или нивни !
 
30.11.2012, 13:55, Вест
СВАДБАРСКА ИМИГРАЦИЈА ВО БИТОЛСКО: Ред се реди за албански невести


Над 20 мажи има на листата ергени од битолскиот крај кои чекаат на ред да заминат во Албанија по невеста. Досега старите беќари сами одеа во потрага по животна сопатничка во Албанија, а сега за првпат се спроведува организирана потрага по невести во соседството. Новоформираното здружение "Аманет" од Битола им организира превоз на ергените до Албанија и им го олеснува контактот со кандидатките за мажење. Во мрежата се вклучени веќе омажени Албанки за Македонци, кои преку свои роднини и пријатели во родното место наоѓаат моми за мажење.
C7F2DF31278BCB428E0681CA4DCA956E.jpg

Триесет и двегодишната Виолета Пренди, Албанка од Драч, од пред четири години омажена во Крклино, е една од стројничките вклучени во свадбарскиот поход. Веќе се обидела да убеди неколку свои поранешни сограѓанки да се омажат за Македонци. Неколку пати придружувала наши ергени во потрага по жени во Албанија.
"За нас, тука е како во Швајцарија. За живот најубава е Македонија. Во Албанија е многу мачно, жените се пооптоварени од мажите. Тука имаме право на свој став. Таму не можиш да му велиш на мажот: 'Јас сакам да правам вака или онака'. Сe уште е премногу патријархално, нема шанса да излегуваат чупињата навечер, нема излез. Тука сме многу послободни", вели Виолета Пренди.
Таа доаѓа од сиромашно албанско семејство со девет деца. Многу се мачела во животот додека живееле во село близу Драч. Таму имало по некој пат оставен од Енвер Оџа и морале да патуваат по храна дури во градот. На нејзини 20 години се преселиле во предградие на Драч, но не излегувала многу, а и голем број момчиња од Албанија заминувале на печалба во Италија, Грција, па не успеала да најде партнер. Среќата и` се насмевнала кога наполнила 28 години. Тогаш раката $ ја побарал Благој Амбаковски, познат како Мудурот, од битолското село Крклино.
"Пред четири години, невестата ја платив 600 евра кај стројникот. Плус за превозот до Албанија што отидов два-три пати со такси и некои други трошоци, вкупно 1.500 евра. Стројникот од Лисолај зеде слика од мене и таму најде три чупи. Од нив, првата не ме бендиса и откажа. Кога отидов кај Виолета, таа ми рече: 'Те сакам за маж'. Јас се зачудив, зашто бевме 20 години разлика, таа 28 години, а јас 48. Отидовме во Драч, купивме прстени, го платив пасошот и ја зедов за две недели", вели Амбаковски.
За овие четири години од нивната љубов се родија две деца, тригодишниот Стефан и двомесечната Стефанија. Судбината сакаше братот и сестрата да се родат на ист датум, само во различна година. Виолета научи да зборува, толку добро чита и пишува македонски, што ако не го зачуваше албанскиот акцент, човек би помислил дека е Македонка. Нејзиниот сопруг на шега вели дека е прилепчанка, зашто место ќ, изговара ч.
"Многу убаво било човек да е оженет, да има дечиња. Дури бев беќар, ништо не мислев, дојди си од работа, замини в кооперација (продавница), од кооперација преспи дома, па пак на работа. Сега не ми се оди ни во кооперација ни во кафана. Ќеф ми е од работа да дојдам дома и да ги видам жената и дечињата. Не оставам капка да падне на жена ми. Што можам, и` помагам, и во миење садови, метење на дворот", раскажува Мудурот од Крклино.
Ова е само една од животните приказни на повеќето битолски ергени кои се усреќија и си го продолжија потомството женејќи се со Албанки. Во последниве пет-шест години, дури 60-ина невести од Албанија се ќердосаа во битолскиот крај. Од браковите, досега се родија над стотина деца. Но остануваат уште неколку стотици ергени во битолските, новачките, могилските и во демирхисарските села.
6248C7D8C85E134180C348341F2C56EE.jpg

Од здружението "Аманет" потенцираат дека ергенлакот и малиот број склучени бракови, особено во руралните средини, придонесуваат за сериозната демографска криза во државата и за постепеното изумирање на населението. Официјалната статистика покажува дека од девет пелагониски општини, дури пет се навлезени во длабока старост, пред сe, Новаци и Демир Хисар.
"Неколку пати бевме во Албанија, со голема помош на Албанките кои се мажени во Македонија. Обично одат двајца беќари, возачот и една преведувачка - Албанка мажена во Македонија. Сега ги опфаќаме ергените од Општина Новаци, Могила, дел од Демир Хисар, а планираме да ја прошириме акцијата низ цела Македонија. Во овој момент, имаме околу 20-мина кандидати кои се пријавија за женење", вели Драган Романски, претседател на здружението "Аманет".
Во Албанија, цел им се Лежа и Рубик, 50-ина километри над Тирана и околните села. Тоа се претежно посиромашни места погодени од печалбарските бранови, па има малку неженети мажи. Девојките претежно не шетаат, туку седат дома и очекуваат некој да ги побара за жена. Со помош на здружението, само во последниве четири месеци склучени се дваесетина нови бракови. Жанета Здравковска
Мисија со благослов од Црквата
Мисијата за усреќување на македонските ергени е со благослов од митрополитот преспанско-пелагониски, г. Петар, вели Цветко Тасевски, свештеник во Буковската парохија. Тоа е едно од местата во Битолско со најголем број стари ергени.
"Не можам да кажам колку ергени има во битолскиот крај, но бројката е застрашувачка", тврди свештеникот Тасевски.

Невестите чекаат македонско државјанство
D7A8054B3710E049BDD209B9DD3A1999.jpg

Албанката Флора Џима уште пред шест години се омажила за Владе Пачовски од битолското село Крклино, му родила две деца, но сe уште го носи моминското презиме и не станала македонска државјанка.
"Ни бараат многу документи за државјанство, дел од Албанија, дел од тука. Меѓу нив, и дека семејството има средства за егзистенција. Маж ми се вработи во РЕК 'Битола', вчера му се јавија на телефон дека е примен, па се надеваме дека со тоа ќе ни се олесни постапката. Инаку, редовно плаќаме такса за престој", вели Џима.
Според законските прописи, странците добиваат македонско државјанство по осумгодишен престој во Македонија. Во следните две години, се очекува околу 50 Албанки да добијат македонско државјанство.
 
Со среќа нека им е ............. и тие испустени краишта нека чујат детски џагор и нека видат народ ........... а уште поубаво е тоа што се мешаат лица од различни нации, децата ќе им бидат духовно побогати, но сепак ќе бидат Македонци како татковците ........ ;)
 
Недела заминувам Пустец, има некој друг заинтересиран? :D

400 ден. е карта повратна.
 
Недела заминувам Пустец, има некој друг заинтересиран? :D
400 ден. е карта повратна.

Питај за невеста до 22 години... Кревка и висока како ела покрај река....
И питај колко пари мираз и за стројниците.
Озбилно...
 
Питај за невеста до 22 години... Кревка и висока како ела покрај река....
И питај колко пари мираз и за стројниците.
Озбилно...

Луки извини брат, срамот и за мене и за тебе да прашам е ист.
Што мислиш. кого го преферирам повеќе? :cautious: Ако си за одење да те пријавам кај Картушот и прашувај што сакаш.
 
Луки извини брат, срамот и за мене и за тебе да прашам е ист.
Што мислиш. кого го преферирам повеќе? :cautious: Ако си за одење да те пријавам кај Картушот и прашувај што сакаш.
Не можам овај викенд, имам работа... Барем питај за трошоците, не питај за мома. Да знам колко да спремам ако се одлучам целосно на таков чекор...
 
Не можам овај викенд, имам работа... Барем питај за трошоците, не питај за мома. Да знам колко да спремам ако се одлучам целосно на таков чекор...
Ајде ќе сторам еден себап и ќе прашам, ама побрзај да не фатат пости, плус годинава топло е времето и ќе се отвори полската работа порано, па таман да биди невестата спремна за сезоната лето 2013.
 
Питај за невеста до 22 години... Кревка и висока како ела покрај река....
И питај колко пари мираз и за стројниците.
Озбилно...
полско дете си - оди,чапај и не жалај,баш навикнати на таков живот,че си имате 5-6 дечиња без проблеми :love:
 
Зашто секогаш мораат да се генерализираат работите ........... сите машки спиеле до 12ч, ајдеде, да има и такви, ама има и такви кои стануваат во 6ч .......... и не секој што не се занимава со земјоделие е мрзлив човек, секој си ја работи својата работа ................ б.т.в. во урбани средини нема земјоделство, сточарство такви работи !
--- надополнето: 14 ноември 2012 во 19:48 ---

Заборава дотичната оти мажите од тие краишта земаат невести од Албанија оти ретко која се наоѓа наша мома би се нафатила да се занимава со земјоделие и грото изиграваат госпоџи.
 
Не можам овај викенд, имам работа... Барем питај за трошоците, не питај за мома. Да знам колко да спремам ако се одлучам целосно на таков чекор...
Луки не појдов, ми излезе некоја друга работа ама му сторив абер да праша на еден пријател за цената.
Вака сега е работата, човекот бара 400 евра за една жена, ако одиме двајца тогаш ќе бара 500, додека ако се собериме тројца ќе го запали комбето и ќе ни сврши работа за 600 евра.
Жени во моментов имало само четири на лагер спремни за мажачка во Пустец, но во некое друго село имало уште некоја.
Наредниот викенд е Прочка и после почнуваат постите, само да ти кажам.
 
Луки не појдов, ми излезе некоја друга работа ама му сторив абер да праша на еден пријател за цената.
Вака сега е работата, човекот бара 400 евра за една жена, ако одиме двајца тогаш ќе бара 500, додека ако се собериме тројца ќе го запали комбето и ќе ни сврши работа за 600 евра.
Жени во моментов имало само четири на лагер спремни за мажачка во Пустец, но во некое друго село имало уште некоја.
Наредниот викенд е Прочка и после почнуваат постите, само да ти кажам.

:pos::pos:
Кога ќе идете натаму земи ми летни гуми за корсата поефтини биле ако имаат на лагер види.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom