Желба за теолог?

  • Креатор на темата Креатор на темата Vej
  • Време на започнување Време на започнување

Vej

Член од
11 октомври 2010
Мислења
12
Поени од реакции
3
Теолозите се стремат кон употреба на рационални анализи и аргументи, а се' со цел дискусија, интерпретација и учење на религиозните теми. Дали некој од вас би сакал да стане теолог? Има желба да ја запознае теологијата? Зошто? Сметате ли дека душевниот мир всушност е дефиниција за среќа?
 
душевниот мир всушност е дефиниција за среќа?

За ова сум 100% сигурен.Теологијата е убава работа и мислам дека би моел да се занимавам со тоа.Убава работа на кои би и се посветил цел ивот проучувајки ја и со љубов би го работел тоа искрено.Има и многу од тоа да се проучува и многу занимлива професија.Ти да не се интересираш за тоа?
 
Се интересирам за масонство, па ме привлече и теологијата. Не познавам никој што би сакал професионално да се занимава и заработува (што е неопходно) од истово. Се согласувам дека има многу занимливости за проучување, интересно од некое гледиште, но и невообичаено. Ретки се оние што се одлучуваат на таков потег,најчесто интересот не им е доволен, треба да има нешто повеќе. И никогаш не разбрав зошто семејствата за потенцијалните теолози се најчесто против тоа.
 
Веќе неколку години многу ме интересира теологијата и ја проучувам прилично,но мислам дека не би сакала да бидам теолог по професија.Едноставно,не е тоа баш мој стил :)

--- надополнето ---

Не познавам никој што би сакал професионално да се занимава и заработува (што е неопходно) од истово.
Јас познавам и се дружам со теолог,но навистина е ретко да најдеш човек кој се занимава токму со оваа професија.

--- надополнето ---

Сметате ли дека душевниот мир всушност е дефиниција за среќа?
Не сум сигурна во ова.Сметам дека среќата е комплексна категорија која не зависи само од имањето или немањето душевен мир (зависи сепак што точно подразбираш под душевен мир).
 
Делумно, тоа ми беше поентата на темата. Да дојдеме до заклучок дека ретко каде интересот е надвладан, желбата е доволно голема за доволна т.е професионално усмерување кон теологија. Најчесто желбата се отелува во хоби. :toe:

--- надополнето ---

душевен мир-задоволство, хармонија во себе..
 
Не се согласувам дека душевниот мир е еднакв на задоволство.
Задоволството доаѓа однадвор , а душевниот мир(среќата и љубовта кон себе) доаѓа само одвнатре.
Задоволствата можат да се надминат кога ќе се стигне до Среќата. - Веројатно тоа би бил зачетокот на монаштвото и комплетно самостојниот живот.
 
Кај ќе учиш теологија и каква теологија?
 
нема да учам теологија, само се интересирам околу неа.
задоволство е доста релативна апстракција, го немаш доловено моето суштинско значење на "задоволство" во контекстот.
можеби посооветно би било ЗАДОВОЛНОСТ :)
 
Делумно, тоа ми беше поентата на темата. Да дојдеме до заклучок дека ретко каде интересот е надвладан, желбата е доволно голема за доволна т.е професионално усмерување кон теологија. Најчесто желбата се отелува во хоби.

Јас студирам теологија и сум професионално усмерен во таа насока. Исто така познавам и доста други теолози и студенти по теологија, што е очекувано нели, кои што ја избрале теологијата како животна цел и окупација.
 
Конечно некој.. Што е тоа што те поттикна?
И како се замислуваш во иднина, кое е твоето посакувано работно место?
 
Ме поттикна желбата да му служам полновремено на Бог и да правам Христови ученици - согласно Христовиот аманет „направете ги сите народи Мои ученици“ (евангелието по Матеј 28:19). Во иднина се замислувам како плодоносен Христов работник кој зад себе оставил многу Христови ученици со сличната визија: и тие да прават други Христови ученици способни да поучуваат други и така да го шират Божјото царство овде на земјата.
Моето посакувано работно место е полновремен вероучител и евангелизатор.
 
Јас на времето ќе станев теолог :pipi:
Не од што сакав, туку немав друг избор.
Инаку убава работа е теологијата, мислам дека вреди да се посветиш ако навистина го сакаш тоа.
 
Ме поттикна желбата да му служам полновремено на Бог и да правам Христови ученици - согласно Христовиот аманет „направете ги сите народи Мои ученици“ (евангелието по Матеј 28:19). Во иднина се замислувам како плодоносен Христов работник кој зад себе оставил многу Христови ученици со сличната визија: и тие да прават други Христови ученици способни да поучуваат други и така да го шират Божјото царство овде на земјата.
Моето посакувано работно место е полновремен вероучител и евангелизатор.
Ме интересира нешто: На кој начин би заработувал? Каде би работел?Кој ги финансира евангелизаторите?
 
Ме интересира нешто: На кој начин би заработувал? Каде би работел?Кој ги финансира евангелизаторите?

Евангелизаторите се финансираат од Христовата Црква т.е. од зрелите духовни браќа и сестри кои одлучуваат финансиски (и молитвено) да ја подржуваат нивната евангелизаторска мисионерска дејност.
Овој принцип на финансирање на полновремените христијански работници е сосема библиски.

„Не знаете ли дека се хранат од храмот оние, кои исполнуваат света служба, и дека служителите на жртвеникот добиваат дел од жртвеникот? Па така, Господ им нареди на оние, кои го проповедаат Евангелието, да живеат од Евангелието.“ (1 Коринтјаните 9:14, Библијата)
 
Прашањето околу финансирањето не ми беше: од кај би зимале пари ако се воведе веронаука по училиштата (тогаш знам од кај ќе зимаат).Прашањето ми беше -ако нема таков предмет во образованието.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom