Желба за теолог?

  • Креатор на темата Креатор на темата Vej
  • Време на започнување Време на започнување
Ценовниците во црквите воопшто не се оправдани и се забранети во Библијата. Црковните услуги мораат да бидат исклучиво бесплатни, а оние кои даваат треба да даваат исклучиво доброволно и од срце, а никако од принуда.

„бесплатно добивте, бесплатно давајте.“ (Матеј 10:8, Библијата)
„Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител.“ (2 Коринтјаните 2:7, Библијата)
 
По едноставно кажано ние ке си лажеме и крадеме а мутавите ке мислат дека на бог му даваат или пак у превод шо да работам кога има будали да ги лажам и им го зимам тешко спечаленото
Глупаво од твоја страна што вака ги генерализираш работите.Ок,разбирам дека сите сме свесни дека повеќето од поповите крадат на најразлични начини но и меѓу нив има чесни...впрочем,како и во секоја професија :)
 
Прашањето околу финансирањето не ми беше: од кај би зимале пари ако се воведе веронаука по училиштата (тогаш знам од кај ќе зимаат).Прашањето ми беше -ако нема таков предмет во образованието.

Јас воопшто не зборував за веронаука во државното образование. Одговорот е ист, тие се финансираат од доброволните прилози на останатите христијани. Најчесто, секој полновремен христијански работник си има одреден тим на финансиски подржувачи кои оделуваат извесна сума од своите месечни примања и така му овозможуваат плата на христијанскиот работник.
 
Глупаво од твоја страна што вака ги генерализираш работите.Ок,разбирам дека сите сме свесни дека повеќето од поповите крадат на најразлични начини но и меѓу нив има чесни...впрочем,како и во секоја професија :)
Кажими еден поп што е христијанин еден немора поише
 
Јас воопшто не зборував за веронаука во државното образование. Одговорот е ист, тие се финансираат од доброволните прилози на останатите христијани. Најчесто, секој полновремен христијански работник си има одреден тим на финансиски подржувачи кои оделуваат извесна сума од своите месечни примања и така му овозможуваат плата на христијанскиот работник.
Да да,те разбрав јас :)

--- надополнето ---

Кажими еден поп што е христијанин еден немора поише
Од кај па јас да ги знам имињата на поповите во Македонија? Кума да не им бев? :pos:
Всушност,никој за никого не може со 100 % сигурност да каже дали некој е или не е христијанин,но сигурна сум дека и меѓу поповите има вистински христијани.
 
Чорбаџија, мислам дека никој нормален нема да ти дава тебе пари за да му учиш децата веронаука.
Ако некој е христијанин и вистински верник, мислам дека тој самиот е доволен за да си ги учи децата на својата вера, правилно како што мисли тој. ТИ си излишен во целата таа структура...

Никаков посредник ниту учител не е потребен за спознавање на богот. Извини вака што ти го земам лебот од устата...
Јас не би ти дал тебе пари ... ниту на било кој поп или духовен учител...
 
Ама ти незнаеш правилно да веруваш затоа тој е тука правилноооооооооо да те научи,едно време тие така правилно шо учеа јадеа ќутек ко магариња
 
Не би се сложила за ова. Баш сметам дека се потребни теолози кои ќе ги учат децата за верата.Како што на децата и возрасните им се потребни доктори,адвокати,професори за други предмети,научници итн... така се потребни и теолози.

--- надополнето ---

Ама ти незнаеш правилно да веруваш затоа тој е тука правилноооооооооо да те научи,едно време тие така правилно шо учеа јадеа ќутек ко магариња
Ти или било кој друг НЕтеолог,сигурно не знаеш повеќе за верата и религијата од некој што Е теолог.
...Или можеби ти на твоите деца ќе им викаш: сине,батали го попот,тој ништо не знае туку слушај ме мене!?
 
Чорбаџија, мислам дека никој нормален нема да ти дава тебе пари за да му учиш децата веронаука.
Ако некој е христијанин и вистински верник, мислам дека тој самиот е доволен за да си ги учи децата на својата вера, правилно како што мисли тој. ТИ си излишен во целата таа структура...

Вистинските христијани не мислат само на своите деца и својата фамилија. Тие се загрижени и за останатите милијарди луѓе кои не го познаваат Христос и евангелието, а според нивното убедување овие познавања им се животоважни и спасоносни. Но бидејќи тие немаат време (затоа што работат друго), а ја согледуваат големата потреба за проповедање на евангелието, тие радосно даваат на оние кои ја земале оваа работа како животна определба.

Никаков посредник ниту учител не е потребен за спознавање на богот. Извини вака што ти го земам лебот од устата...
Јас не би ти дал тебе пари ... ниту на било кој поп или духовен учител...

Не се извинувај непотребно. Воопшто не ми го земаш, ниту можеш да ми го земеш лебот од уста, затоа што Бог е Оној Кој преку Своите верни слуги ми го обезбедува.
 
Poison Lady, бидејќи има многу ко тебе што мислат, поповите и други слични на ним уживаат тука и се возат во џипови и имаат не знам се какви привилегии, додека ти и други кои не си ја знаат верата,и ним очајно им треба учител за да разберат со тие нивни глави нешто од верата нивна(барем велат нивна дека е) за да ја пренесат на своите деца(зошто не знам), се тркалате со градски автобуси или пешки и едвај крпите крај со крај, бидејќи ете Богот бил милостив кон Чорбаџијата и слични нему кои се повикани да учат(според нив), и нему лебот му е даден од него, а не од тебе и твоите приноси како верник.
Која дрскост. Додека има слепци, ќе има и попови и потреба од духовни водачи...

Чорбаџија, такви ко тебе во неделата поминуваат низ мојот стан, па сигурно 5 или 6-мина... ГИ знам тие приказни... И претежно ги примам само кога ми е очајно досадно или кога сакам да одморам... Лебот не ти го дава твојот бог, туку оние слепи кои немале време да си ја научат верата со срце па пробуваат преку уво да дојде до срцето... Имај почит спрема нив... и спрема себе си...

Не може сите да се христијани... не може сите да се муслимани... немаш потреба да предаваш... верата не е четиво да се учи...
Тој што ве лажи да ви врати парите... Бидете разумни и со чисти срца бре луѓе...
Имале работа и затоа треба посредник, учител за во верата?? ти мене ме зафркаваш?
Их, нема да коментирам...
 
Не би се сложила за ова. Баш сметам дека се потребни теолози кои ќе ги учат децата за верата.Како што на децата и возрасните им се потребни доктори,адвокати,професори за други предмети,научници итн... така се потребни и теолози.

--- надополнето ---

Ти или било кој друг НЕтеолог,сигурно не знаеш повеќе за верата и религијата од некој што Е теолог.
...Или можеби ти на твоите деца ќе им викаш: сине,батали го попот,тој ништо не знае туку слушај ме мене!?
Не бе какво слушање поп ке му викам вака сине кога ке видиш некој ваков нинџа усвета да фатиш да бегаш гз преку глава пошто само сака да ти ги собере парите со мака шо си ги печалел да може он да ги дава за пиење коли проститутки итн разбра сине видиш ли нинџа бегај додека те држат нозете
 
Не може сите да се христијани... не може сите да се муслимани... немаш потреба да предаваш... верата не е четиво да се учи...
Тој што ве лажи да ви врати парите... Бидете разумни и со чисти срца бре луѓе...
Имале работа и затоа треба посредник, учител за во верата?? ти мене ме зафркаваш?
Их, нема да коментирам...
Делумно си во право за ова,но мислам дека теолозите се потребни заради насочување кон одредена вера (во случајов христијанската).
 
„А кога (Исус) ги виде мноштвата, беше поттикнат со сожалување за нив, зашто беа изморени и распрснати како овци, кои немаат пастир. Тогаш им рече на Своите ученици: „Жетвата навистина е голема, а работници малку, затоа молете Го тогаш Господарот на жетвата да испрати работници во Својата жетва.“ (ев. Матеј 9:36-38, Библијата)
 
На теологијата гледам како многу корисна наука. Да, и во случај кога не би постоел Оној (Бог). Пред се не учи на убави работи,иако малку нереални. И секој теолог пред се' e човек,а човечно е да се греши, да се проштева, да владее толеранција која ке одржува благосостојба. Она- "Не судете за да не ви се суди" се однесува на сите нешта од животот,а не само на предметите од верата. Убаво е да се знае поради себе си' ,да се трудиме (барем малку) да го употребуваме. Воопшто не го сваќам Христијанството како четиво за учење, и НЕ Е! И, темата е отворена за да дискутираме, да си го изнесеме нашето мислење (правилно или не). Не плукајте по теолозите. Ако се решиле да заработуваат на некој таков начин со кој не сме запознаени - нека! Втората логична причина е дека наоѓаат задоволство во таа работа, за разлика од толкувањето на поединци форумџии, кои тврдат дека тоа е доста лесен начин за добра заработка.
Грешно е да се зборува за сите теолози како целост. Секој теолог е човек. Секој човек е различен. Со добри страни. Со лоши страни. Некаде доминираат добрите, некаде лошите... (ЗАВРШИ МИ ЧАС, НЕМОГУ ДА СЕ ДОИСКАЖЕМ :pos2: )

--- надополнето ---

Делумно си во право за ова,но мислам дека теолозите се потребни заради насочување кон одредена вера (во случајов христијанската).
да, за попрофесионално насочување, со позитивни страни :)
 
A znae li nekoj kaj ima nekoe stvarno dobro skolo po Teologija. Mene toa mnogu me interesira.
Znam za vo Hrvatska vo Osjek imalo taka mi kazaa :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom