Жална вест: Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
И да се активирале airbag - овите на развиканиот Волксваген, џабе...Тука не го спасувало Тоше ни ѕид армиран бетон. Со толкава брзина во здраво железо...нема спас.
 
ке ја гледаме секоја вечер најсјајната ѕвезда на македонското поднебје како со блескава насмевка не гледа.
таа ѕвезда ке се вика Тоше Проевски
 
Чекај бе јас секаде каде што прочитав возачот на камионот велеше дека немало магла:toe:
 
Еве што донесува ИДИ ВИДИ за последниот развој на настаните:

Крушево во тишина и во тага е во исчекување на посмртните останки на својот сакан Тоше Проески

Крушево, 16 октомври (МИА) - Во тишина вечерва тагува родното Крушево на Тоше Проески во очекување да биде пренесено телото на трагично загинатиот во неговиот роден град, во родниот дом каде премалени од болка во исчекување се неговото семејство, неговите најблиски.

Младите цел ден и сега се повеќе се собираат во тишина во центарот на градот каде е поставена неговата слика. На стража се менуваат неговите сограѓани покрај знамињата на половина копје.

Бројна река крушевчани, а веќе и делегации од другите делови на земјава, се упатуваат во локалната самоуправа, да се потпишат во Книгата на жалоста, да ги запишат своите најискрени мисли за големото срце на Македонија, за благородната душа на Тоше.

Цело Крушево е во исчекување да пристигнат посмртните останки на Тоше кои се очекуваат, според она што го слушаат крушевчани, некаде по полноќ.

Вечерва неговото тело ќе остане во неговиот дом, за последно да се прости од него семејството и најблиските. Утре од 9 до 10 часот ќе биде опелото во црквата Света Богородица, а потоа од 10 до 10,30 часот ќе се одржи комеморација во Македониумот, најзначајното обележје на легендарното Крушево. На комеморацијата ќе говори претседателот на Советот Благоја Благадуша.

Телото на Тоше Проески, информираат од локалната самоуправа, од 10,30 до 12,30 часот ќе биде изложено на Гумење од каде сите ќе се простат од Тоше. Закопот на посмртните останки на Тоше Проески ќе биде во 13 часот на гробиштата во Крушево.

Посмртните останки на Тоше Проески пречекани со највисоки државни почести

Скопје, 16 октомври (МИА) - Посмртните останки на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина утрово во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, вечерва со хеликоптер на АРМ беа пренесени од Хрватска во Македонија.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ковчегот со неговото тело со највисоки државни почести го пречекаа членови на неговото семејство и владината делегација што ја предводи претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, а ја сочинуваат вицепремиерите Зоран Ставрески и Живко Јанкулоски, како и министрите за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство Антонио Милошоски, Гордана Јанкулоска и Имер Селмани.

Ковчегот од хеликоптерот го изнесоа шест војници во маскирна униформа кои го поставија на постоље и им го предадоа на 20 гардисти кои формираа почесен шпалир, по што пред телото на Проески први се поклонија членовите на семејството и владината делегација.

Веднаш потоа ковчегот со телото, беше префрлен на лафет и со возило е испратен во неговиот дом во Крушево, според желбата на неговото семејство. Посмртните останки од аеродромот до семејството Проески ќе ги придружува вицепремиерот Живко Јанкулоски.

Погребот на Тоше Проески со сите државни почести ќе се одржи утре во 13 часот на Градските гробишта во неговото родно Крушево. Церемонијата на простување со Тоше ќе започне во 9 часот со црковниот обред што ќе се одржи во црквата „Пресвета Богородица“. Комеморацијата, одавањето на последна почит, погребанието со кое ќе чиноначелствува неговото блаженство, Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан, како и последното простување ќе се одржат пред споменикот на Гумење - „Македониумот“.

По повод загинувањето на Тоше Проески, Владата го прогласи утрешниот ден за Ден на жалост, а на денешната седница постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.

Македонската мега ѕвезда Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Хрватска. Неговите сопатници Лилјана Петровиќ и Ѓорѓе Ѓорѓевски кои се здобиле со телесни повреди, пренесени се во болница во Нова Градишка и се вон животна опасност.

Несреќата се случила кога автомобилот марка фолксваген „Туарег“ со македонски регистарски таблички, управуван од 32-годишниот државјанин на Македонија Ѓорѓевски удрил со предниот дел во страничниот лев дел на полуприколка на товарно возило со италијански регистарски таблички. Потоа дошло до занесување на „Туарег-от“ и удар во заштитната средишна ограда.
 
R.I.P.TOШЕ - тоше велеше: секогаш по дождот иде сонце,нашето сонце Македонско,горе глава МАКЕДОНЦИ :(
 
Skopjani, znae li nekoj dali ima nekakov organiziran prevoz za utre za vo Krusevo sakam da odam i da mu oddam posledna pocit na velikanot...ve molam pisete ako imate informacii
 
Олку солзи во Македонија немало од завршувањето на Илинденското востание.

BTW слушнав некаде дека ке имало бесплатен превоз до Крушево ако знае некој повеќе нека пише.
 
Им благодарам на сите кои ги познавам надвор од Македонија што изразија сочуство со Македонскиот народ. Имам и замолница да го објавам ова.

"Svima nam se smrt osmjesuje, jedino sto mozes uraditi je - da se i ti osmjehnes njoj." (Marcus Aurelius)
A to si zaista cinio...

Hvala na nesebicnoj humanitarnosti, hvala na osmijesima, hvala sto si postojao i sto smo bili dio toga.
Pokoj ti dusi, lijepoj i dobroj, ima neko gore, a takve poput tebe ce sigurno cvrsto zagrliti!

Pozdrav iz Sarajeva



Hvala ti Selma
 
Еве сакам да ја олеснам малку работава со подруг поглед на размислување.

Смрта на Тоше јас ја гледам како нешто што нас македонциве ќе не поттикне да се распрашаме за многу работи кој ги правиме.
Јас почнав да се распрашувам - прво зашто не отидов на концертот, тогаш мислев дека ќе има други концерти ама сватив дека не треба да се пропуштаат приликите кој ти ги дава животот(верувам и многу од вас исто).
Исто така сите возачи ќе се запрашаат чим можеше да згасне нешто најдоброто во Македонија зошто тие би биле поштедени ако не внимаваат.
Заради неговатра смрт верувам ќе има многу хуманитарни организации под негово име водени од веќе излекуваните(од алчност, себичност ...) од неговото духовно влиание.
Досега го споредувавте со Александар Македонски, Павароти, Елвис Присли, Ама јас ќе дадам едно друго име Исус Христос - затоа што тој е нашиот спасител кој го зеде господ за поголемо добро.

Јас сум оптимист и верувам дека неговото влијание ќе не води кон подобро т.е. со негова духовна помош ќе испливаме на површина прво од самите себе.
 
Почивај во мир

Преголема загуба за нас. Не можам сеуште да поверувам каква трагедија не снајде. Олкава тага немало кај нас никогаш. Бог да го прости и слава му!!!!
 
да се надеваме дека сега е на подобро место
 
Сакам некој да ме тресне по глава и да ми рече дека ова е само кошмар,дека не е вистина...толку сум изнемоштена..не ми се верува...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom