Жална вест: Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Штета навистина, толку квалитетен, толку хуман човек не се гледа секојдневно... Еден од најдобрите гласови во светот ... Сеуште не ми се верува дека почина. Нека му е лесна земјата, да почива во мир.
 
Мислам...и покрај тоа што бев против на почеток за идејава...најголема почит според мене (освен постовите) е да ставиме сите аватари од него, во знак на искрено жалење.

Мој предлог е тоа...
 
Незнам шо да кажам. Тоше е најголемиот човек во Македонија. Сите ние изгубивме еден многу голем човек, пејач и голем хуманист. Значи во умирањето нема никакво правило- се повеќе и повеќе умираат млади луѓе, страшно.
Човек кој веруваше во Господ, правеше цркви, подари 10-тици па и100-тици илјади евра на хуманитарни цели, зарем треба на ваков човек да му се одземе живот? Господ тука многу погреши.
Сеуште не ми се верува дека повеќе нема да биде меѓу нас, сеуште мислам дека ова е само една голема лага, но, за жал е вистина :(
Тоше почивај во мир
 
Бог да го прости каков шок еј не можам да поверувам уште дека ова е вистина.Нека му е лесна земјата,Тоше ангелу наш почивај во мир.
 
Не ми се верува сеуште, нека почива во мир. :(:(:(
 
Голема трагедија

Едвај можам да поверувам. Ова е голема загуба за сите нас македонците. Тоше не задолжи сите со неговата песна, со неговата хуманост, со се што стори за сите нас и за Македонија. Него го нема повеќе, но вечно ќе живее во сите нас. Нека му е вечна слава. Изгубивме уште еден голем македонец.
 
toe1large110505hj3.jpg



Нека му е слава...
 
Господ да го прости...не ми се верува сеуште:( :cry: :cry: ...но тоа е,мистериозни се Божјите патишта и никогаш не знаеш каде ќе те одведат...
 
Му згасна животот,убоо.........нека гори у пеколот......

kako ne ti e sram vakvo nesto da kazes idiotu nizaeden!!!!!! bez oset si za takvite kako tebe samo najteska kazna!!!!p.s. tose , pocivaj vo mir!! zosto gospod sekogas gi zema dobrite???
 
Лелееееееее зашто мора се вакви луѓе да умираат што добро прават за народот??? Не ми се верува, ова е најлоша вест за македонскиот народ.

R.I.P TOШЕ
 
Уште не можам да поверувам дека почина... :cry:
 
Тоше,иако понекогаш знаев да се пошегувам на твоја сметка,длабоко во себе ти се восхитував,ти си голем човек,не зборувам во минато,затоа што не можам сеуште да те ставам во минатото.За мене ќе живееш,така ми е полесно.И сега,додека на двд-во врти `Место на злосторот`...тешко е.

А вие,што го напаѓате,признајте дека не ви е сеедно.Не сум патетична,реална сум.Ако немате нешто попаметно да кажете,не се мачете да постирате.Сеедно,тоа нема да го врати.Го сфатив тоа кога ја видов раката како му виси под смачканиот лим од автомобилот.Трагедија.Сеуште не можам да поверувам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom