Згасна весникот Време!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
277
Возраст
39
Дневниот весник Време повеќе нема да излегува, по денешниот инцидент во редакцијата на овој весник со сопственикот Велија Рамковски, велат новинарите вработени во овој медиум.
Тие испратија и соопштение до јавноста за новонастанатата состојба во весникот.
“Од утре весникот нема да излегува. Причина за тоа е уцена од страна на Велија Рамковски по информацијата дека нема да ја даде заработената последна плата и дека нема да им ги плати придонесите за изминативе две години, на најголемиот дел од вработените кои сакаат да го напуштат медиумот. Денес во име на Рамковски пред вработените говореа директорот на Време, Слободан Пејовски, и главниот и одговорен уредник, Георги Барбаровски. Тие упатија закани дека оние вработени кои сакаат да си заминат, односно кои нема да ги потпишат новите анекс договори за работа, со кои се обврзани да останат на работните места уште 1 година, можат слободно да си одат, но дека ништо нема да им биде платено. Се разбира ова не важи за оние кои ќе останат на работа. По новонастанатата ситуација и по бурната реакција на вработените, Рамковски извести дека сите може да си одат и дека весникот повеќе нема да излегува, при тоа не прецизирајќи до кога.

Ги известуваме читателите и целата македонска јавност дека најголемиот дел вработени новинари, уредници, фоторепортери и технички персонал повеќе нема да работат во овој медиум бидејќи притисоците и нечовечкиот однос од страна на сопственикот станаа неподносливи. Нашето патешествие трае повеќе од 2 години, оти толку време не ни се платени придонесите, а здравственото осигурување постојано доцнеше по два месеци, со што беше невозможно да се користат сините картони. Наша намера беше да го почитуваме отказниот рок, согласно законот, а потоа да ги напуштиме работните места. Ова, за жал, не го почитуваше сопственикот Рамковски, кој преку своите портпароли Слободан Пејовски и Георги Барбаровски, ни даде рок до понеделник да ги потпишеме новите анекс договори. Ние вработените во весникот Време, потоа ќе одриме прес-конференција, на која ќе ја запознаеме јавноста со тие договори и со целата ситуација во редакцијата“, се вели во информацијата до јавноста која ја испратија вработените во весникот.



НЕТ ПРЕС
 
Ееее Велија Велија, а1 не ти се гледа весник нема да ти се купува.....ај ќе го видиме во некој весник на страната на матурантите
 
Ееее Велија Велија, а1 не ти се гледа весник нема да ти се купува.....ај ќе го видиме во некој весник на страната на матурантите

Битно на Хедис му оди како по лој,а таму штанца пари за сите "времиња".
 
Битно на Хедис му оди како по лој,а таму штанца пари за сите "времиња".
И таму ќе почне да прави некои нездрави работи во брзо време, не сумљај во него:wink:
 
Убо му викавме овде ко ни дојде Охрид...ВЕЛИЈА, ОДИ СИ! :pos:
 
Еден пример за катастрофално менаџирање на македонски фирми и пример за мешање на сопствениците во уредувачката политика на медиумите.

Горе заборавив да напоменам дека се шпекулира дека позади ова а и позади промената на програмската шема на А1 телевизија заедно со кадровските промени во неа стојат бизнис и партиски интереси на Хари Костов, кој наводно со 5 милиони евра во овој момент ја креира уредувачката политика на националната А1, ефтиниот Време во згаснување и бесплатниот Шпиц. Политика која има за цел пропагирање на СДСМ а со тоа рушење на рејтингот на владеачките партии а воооедно и промовирање на Комерцијална Банка во пресрет на нејзиното долго-најавувано продавање на странско моќно име.
 
Може да се печати на друго место де.или надвор од државата (ако се сака) :)
 
Може да се печати на друго место де.или надвор од државата (ако се сака) :)
Не е во печатењето работата...нема новинари газдава...
 
T.e газдава е како поголемиот дел од газдиве во Македонија кои мислат дека вработените треба да се горди што работат за него а не пак уште да си земаат за право плата да бараат.
:uvo:
 
Еј а новиов весник? ;)
ohua? КАко се викаше :icon_razz
со него шо бидна? :vozbud:
 
T.e газдава е како поголемиот дел од газдиве во Македонија кои мислат дека вработените треба да се горди што работат за него а не пак уште да си земаат за право плата да бараат.
:uvo:
Да...тоа е најинтересниот дел од приказнава. Па се фалат со своите мега успеси, па се сметаат за незаменливи, полубогови...интересна работа...троа паричка во животот удира во главата...
 
:uvo:ова е срам за македонското новинарство, мора да реагираат и од здружение на новинари на македонија. е па сега вработените ја плаќаат цената за весникот со најголем тираж за само 5 денари, ова е уште еден пример на суровата реалност во која живееме, каде честа на публицистот ја газат моќници, од типот на земјоделецот Рамковски,кој во подрум , на исто место , произведуваше тоалет и чоколади.
Ги поздравувам колегите кои колективно, доколку е така , застанале во одбрана на своето достоинство .
 
Back
На врв Bottom