city
Модератор - технократ!
- Член од
- 1 март 2005
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 276
Дневниот весник Време повеќе нема да излегува, по денешниот инцидент во редакцијата на овој весник со сопственикот Велија Рамковски, велат новинарите вработени во овој медиум.
Тие испратија и соопштение до јавноста за новонастанатата состојба во весникот.
“Од утре весникот нема да излегува. Причина за тоа е уцена од страна на Велија Рамковски по информацијата дека нема да ја даде заработената последна плата и дека нема да им ги плати придонесите за изминативе две години, на најголемиот дел од вработените кои сакаат да го напуштат медиумот. Денес во име на Рамковски пред вработените говореа директорот на Време, Слободан Пејовски, и главниот и одговорен уредник, Георги Барбаровски. Тие упатија закани дека оние вработени кои сакаат да си заминат, односно кои нема да ги потпишат новите анекс договори за работа, со кои се обврзани да останат на работните места уште 1 година, можат слободно да си одат, но дека ништо нема да им биде платено. Се разбира ова не важи за оние кои ќе останат на работа. По новонастанатата ситуација и по бурната реакција на вработените, Рамковски извести дека сите може да си одат и дека весникот повеќе нема да излегува, при тоа не прецизирајќи до кога.
Ги известуваме читателите и целата македонска јавност дека најголемиот дел вработени новинари, уредници, фоторепортери и технички персонал повеќе нема да работат во овој медиум бидејќи притисоците и нечовечкиот однос од страна на сопственикот станаа неподносливи. Нашето патешествие трае повеќе од 2 години, оти толку време не ни се платени придонесите, а здравственото осигурување постојано доцнеше по два месеци, со што беше невозможно да се користат сините картони. Наша намера беше да го почитуваме отказниот рок, согласно законот, а потоа да ги напуштиме работните места. Ова, за жал, не го почитуваше сопственикот Рамковски, кој преку своите портпароли Слободан Пејовски и Георги Барбаровски, ни даде рок до понеделник да ги потпишеме новите анекс договори. Ние вработените во весникот Време, потоа ќе одриме прес-конференција, на која ќе ја запознаеме јавноста со тие договори и со целата ситуација во редакцијата“, се вели во информацијата до јавноста која ја испратија вработените во весникот.
НЕТ ПРЕС