ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
богами и за неспиење е работава, во 99% од земјотресите следи голем потрес па после тоа помали, а кај нас обратно голем поголем ...... првиот беше у 7 после 8 саати другиот наредните 8 саати после вториот се во 23.00 :D

Ја па за тој у 7 реков: е ова најјак земјотрес у живот, мислев нема полошо, ама од овој у 3 после крвта ми се заледи, пребледев, а на втори спрат ќе речеш пониско не се осеќа многу.
Ќути бре не повикувај зло, у 23:00 следен, ова она....:boksix:
 
Ја па за тој у 7 реков: е ова најјак земјотрес у живот, мислев нема полошо, ама од овој у 3 после крвта ми се заледи, пребледев, а на втори спрат ќе речеш пониско не се осеќа многу.
Ќути бре не повикувај зло, у 23:00 следен, ова она....:boksix:
Пак ќе кажам, со оглед на тоа што енергијата се ослободи во неколку посилини потреси може мирно да се спие вечер, а огромна среќа што цела таа енергија не се ослободи во еден удар. Страшното помина останува само да помине време за да се стабилизира тлото. Иди кулирај си на раат :)
 
ваљда ја научивте лекцијата - од паника настанаа повредите на сите повредени денеска од ПАНИКАТА (не земјотресот)

па вие паничете ако си сакате ваша работа

земјотресот не можеш ни да го предвидиш ни да го спречиш , но да реагираш при потрес како што треба е навистина многу важно

земјотресот НЕ МОЖЕ да трае ни пола саат ни саат време, максимум 10-15 секунди(не дај боже до толку да трае) , за тоа време застани на касетата од вратата,ако тоа не е можно во некој ќош или под маса, кога ударот ќе одмине напушти го објектот и подалеку од бандери и обвиснати кабли
 
Ја па за тој у 7 реков: е ова најјак земјотрес у живот, мислев нема полошо, ама од овој у 3 после крвта ми се заледи, пребледев, а на втори спрат ќе речеш пониско не се осеќа многу.
Ќути бре не повикувај зло, у 23:00 следен, ова она....:boksix:
Тој во 7 беше околу 4 степени по рихтер, а тој во 3 беше околу 5, што и не делува како некоја многу голема разлика.. Арно ама, скалата по која се мери јачината на земјотресите не била линеарна, и разликата е многу поголема одколку што изгледа на прв поглед.
http://earthquake.usgs.gov/learn/topics/calculator.phphttp://earthquake.usgs.gov/learn/topics/calculator.php
 
Уште еднаш прочитам ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО СЕ ОЧЕКУВА НА ЗЕМЈАТА-ИСУС РЕЛОАДЕД ќе земам предвреме таму ќе ве отерам.
 
рно ама, скалата по која се мери јачината на земјотресите не била линеарна, и разликата е многу поголема одколку што изгледа на прв поглед.
http://earthquake.usgs.gov/learn/topics/calculator.phphttp://earthquake.usgs.gov/learn/topics/calculator.php
А не ти стана веднаш јасно дека не е линеарна со оглед на тоа што земјотресот во 63' беше околу 6?
 
Нема да се спие вечерва, ова помаливе потреси што се случија после големиов, незНае што да помисли човек. Па и јас кај кур ве читам, еден вика следува појак, друг вика готово ќе се смири...:nesumjas:

Тешко на оние што живеат во згради :(
 
Со оглед на тоа што не испоразбуди уште посабајле и што денес најверојатно ќе биде честа тема на разговор, бујрум еден корисен извадок од книгата Геологија на д-р Ненад Бањац, од делот на Сеизмологијата, кој барем мене многу ми се наоѓал.
Ова е како изгледа описно дванаесетстепената сеизмолошка MSK скала за интензитетот на земјотресите, чисто да си знаете да можете отприлика да процените “уште колку фора имате”!
1^o - Незабележителен земјотрес, го регистрираат само сеизмолошките апарати, луѓето не можат да го почувствуваат.
2^o - Многу слаб земјотрес, го чувствуваат само исклучително чувствителните лица доколку се во состојба на мирување.
3^o - Слаб земјотрес, го чувствуваат повеќето жители во состојба на мирување.
4^o - Умерен земјотрес, го чувствуваат повеќето жители, луѓето се будат од сон, а мебелот благо се протресува, проследено со ѕвецкање на прозорите и стаклените предмети.
5^o - Јак земјотрес, го чувствуваат сите, висечките предмети се занишуваат, часовниците со клатно застануваат, помалите предмети се поместуваат или превртуваат.
6^o - Застршувачки земјотрес, делува застрашувачки, така што во случај на ваков земјотрес и сите посилни од него, доаѓа до појава на паника кај населението. Делови од мебелот се превртуваат, сликите паѓаат од ѕидовите. Помалите ѕвона во црквите се занишуваат и почнуваат да ѕвонат. На куќите настануваат помали штети, само кај малтерот.
7^o - Штетен земјотрес, нанесува оштетувања на објектите, кршење на керамидите, паѓање на оџаци. Во одредени услови предизвикува активирање на свлечишта.
8^o - Многу штетен земјотрес, предизвикува значителни оштетувања на објектите, одрони на карпи, се јавуваат промени во издашноста на изворите, се менува нивото на водата во бунарите, се јавуваат пукнатини во земјиштето.
9^o - Разурнувачки земјотрес, предизвикува толкави штети што преку 50% од куќите кои не се асеизмички градени се онеспособени за живеење. Се појавуваат чести одрони, свлечишта и големи пукнатини на тлото. Често доаѓа до кинење на подземните инсталации.
10^o - Уништувачки земјотрес, ушиштува преку 75% од зградите, на земјиштето настануваат крупни пукнатини од кои излегува песок и мил, се менува нивото на вода во езерата.
11^o - Опустошувачки земјотрес, значително ги оштетува сите градежни објекти и предизвикува големи промени на тлото.
12^o - Катастрофален земјотрес, го уништува или потполно го менува релјефот, се затрупуваат езера и реки, настануваат нови водопади, а тлото се бранува.
Како дообјаснување: Oваа MSK скала (Медведев, Спонхауер, Карник) е модификација на скалата на Меркали, Канкани и Зиберг и е еквивалент на скалата што се користи денес - Европската макросеизмичка скала.
Таа е показател за интензитетот на земјотресот и е описна, во смисол на тоа како луѓето ја чувствуваат силата на земјотресот, што е релативно, бидејќи зависи од оддалеченоста на епицентарот и длабочината на земјотресот - хипоцентарот, но и многу поразлично од магнитудата (ослободената енергија во центарот на земјотресот) која, пак, се мери по Рихтер на деветстепена скала.
Значи, денешниов 3,8 степени е по Рихтер!
И уште нешто многу битно. “Само еден степен разлика”, не е САМО еден. Рихтеровата скала е логаритамска, што значи еден степен разлика значи 10 пати поголема енергија, што, пак, значи земјотрес со магнитуда од 5^o ослобува 100 пати повеќе енергија од оној со 3^o, на пример!
И уште побитно. Механизмот на настанувањето на земјотресите, барем кај нас, е чисто од тектонска природа ( бидејќи ги исклучувам вулканските и урвинските) и поплавите немаат никаква врска со ова (а уште помалку бомбата на Ким Јонг-ун)!!! Хипоцентарот на последниов земјотрес е 3 км длабочина, што е премногу плитко за земјотрес, но е многу длабоко за поплавите да имаат некакво влијание и се наоѓа на тектонски расед помеѓу Скопска Црна Гора и Кумановската Котлина. Тектониката ќе си работи, вакви земјотреси ќе има и во иднина и од скопската страна на СЦГ, а и од јужна, од страната на Водно и добро е вакви земјотреси да се случуваат почесто.

Превземено од фб.
 
Нема да се спие вечерва, ова помаливе потреси што се случија после големиов, незНае што да помисли човек. Па и јас кај кур ве читам, еден вика следува појак, друг вика готово ќе се смири...:nesumjas:

Тешко на оние што живеат во згради :(
Se se toa pretpostavki, nisto ne mozeme da znaeme cela nok nadvor, utre vleguvas doma i togas moze da zdrma. I posle prviot sabajle "ekspertive nasi"vikaa gotovo mali potresi ke ima pa ne zdrma zdravo posle, i aj posle vlezi doma vecerva. Aj za mene ne mi e tolku, na strek ke bidam i begaj,ama so malo dete pak da go trgam istoto od denes vecerva ne, se potrese odvaj go smiriv
 
сеизмолозите велат дека нема потреба од загриженост, после поголем потрес следува серија на помали повремено.
Јас немам сетено ништо овде во Битола, куќата е направена на карпа а и таков е карпест дел овде така да и тој славниот земјотрес во 94 не го осетив освен тресење на џамови.
 
https://www.facebook.com/dzijan/videos/10153903879156167/

ич не ме чуди толкав број на повредени, па ова се случува во секој објект буквално :facepalm::busi:

2 секунди здрма се испотепаа кој да избега прв, па каде ќе бегаш и од што ќе бегаш пиле
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom