ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Oсети ли некој од Валандовско/Струмичко/Гевгелиско земјотрес пред пола саат? :D
 
Не. Изгледа и ти си го осетил ударот на Ван Перси па сега ти се причинува земјотрес. :D
:pos:

Aбе цело Валандово го осети дури и The Edge^ :D. Гледам и статуси има по фб. :D Ама го нема заведено на emsc. Чудно.
 
Оваа година,50 години од Скопската катастрофа
ДА 50 ГОДИНИ ОД 26 јули 1963 година
а тогаш јас веќе знаев да читам и да пишувам, и да...да...
да, одам до кино „Бамби“ или градска плажа,
да, летам цуцулиги и да играм Челик во Еврејското маало,
да, тепам гуштери по ѕидините на Кале
да, ловам ракови во жбуновите под Официрски,
да, везден трчам по летки што ги фрлаа двокрилците,
да, крадам галаби од таваните на фак. во Ново маало,
да, со чатал и им ги кинам хулахопките на жените, кој
да, поминуваа покрај паркчето кај бившата ЦК,
да, се ѕверам од под Камениот мост,по женските газови,
да, возам точак под рам за што сум јадел жешки шамари,
да, одам по сладолед и лимонада во чаршија кај Пеливан,
да, а тогаш таа беше наша - Македонска еснафска чаршија
да, веам знаменца на Паради со црвена марама на вратот,
да, фрлам цвеќенца по патот кај што ќе помине Маршалот,
да, на Мала станица од мостот им мочам на возевите,
да, а од густата пареа тоа други не можеа да го видат
да, во Пајко маало и Крњево ги гледам тепачките,
да, на Маалските фраери,а ние копиљи ги чувавме палтата,
да, тоа беа најчесто со Маџирмалци поради некоја женска,
да, качен напред на татковиот точак се возам до Сарај,
да, на Водно се искачам и до Шесте чешми, а...
да, и ако заврне се криевме во големиот шуплив Костен,
да, веќе 50 години не сум го видел овој Костен,
да, веќе 50 години не веам знаменца за Паради
да, веќе 50 годни не мочам од мостот кај Мала станица
да,веќе 50 години не ги гледам Маалските тепачки,
............... да......
сега некој други знаменца се веат,со разни бои и величини,
сега моча кој кај ќе стигне,и врз што ќе стигне и без страв,
сега некој други тепачки се на сцена - не Скопски....
уште полошо ..не Маалски..туку национални....
еј мое предземјотресно Скопје каде си,каде се изгуби..
еј Македонијо каде си тргнала вака, по кој пат ли одиш...
да...веќе 50 години не те гледам... не те осеќам
 
Охриѓани испаничени, јак беше или се потресуваат луѓево?
 
Штом до Скопје се осети, сигурно бил прилично јак доле.
 
навистина ме чудите,потресот добро се осети,но небеше нешто премногу импресивно.........охрид во паника,скопје се осетил......длабината била 10 км,толкав ефект - ме чуди

иначе ќе ги казни горниот организаторите охрид шо ги измрзнаа луѓето :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom