ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ааа! Куманово никогаш ништо не се осеќа.:))) Или барем јас ништо не приметувам како дрма :vozbud: .
 
Накај 15 до 3 ми се расипа 5-ката.. Да не е од земјотресот?
 
Граѓаните на Скопје попладнево почувствуваа земјотрес, кој бил надвор од македонското епицентрално подрачје, соопштија од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија при Природно математичкиот факултет во Скопје.
Оттаму додаваат дека епицентарот на земјотресот кој бил со јачина од 4.5 до 4.7 степени според Рихтер бил во Косово, во областа Зубин Поток, поточно во местото Исток.
Според информациите што ги добиле македонските сеизмолози земјотресот се случил во 14.38 часот по локално време.
Директорот на ИЗИИС, Михаил Гаревски изјави дека станува збор за потрес од помали размери кој не предизвикал штета. Тој смирува дека истиот на ниеден начин не е поврзан со македонското епицентрално подрачје, а уште помалку со скопското.
Според него потресот не е ниту последица на дождот и снегот кој го зафати Балканов во последните неколку денови.
 
јас спиев тоа време :toe: ма земјотрес, ма поплави...........ништо ама буквално ништо не оооосссссееетттиииииввв
 
Сум решавал задачи на ПМФ, и низ такви задачи ни цунами да има нема да осетам а не па еден обичен земјотрес :pos:
 
Го осетив, мислев дека сум нездрав пошто во истиот момент ги гледав сликите на Кајгана за земјотресот во Чиле :nesvest:
 
Накај 15 до 3 ми се расипа 5-ката.. Да не е од земјотресот?

У тоа време обично се заебуваат од кам4е кое всушност по грешка се нашло на патот.

Иначе не осетив земјотрес и мило ми е што е така.
 
Мене мајка ми се чудеше и смееше и после кога виде на вести ја зезав....од дома само јас го осетив ,после ја не им чинам :)
 
Најн, на факултет, изгледа презадлабочена бев во асистентката и предавањето де :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom