ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некој член на форумот повозрасен да сподели моменти од земјотесот 63 во Скопје.
Бијонс, она е жиф сфедок и на онј најјак у Сан Франциско од 1906 годину, еве ке ти обрасни како се расцепија Сан Андреас расед, ке ти објасни и за Исланд како се поделија на два дела, знае она сфе, како Википедија е она... oh wait..

Шалу се
Чика @Anco имаше објаснувано пуно пут за шеестреќу. Ако е жиф и здраф, ке ти објасни па.
 
Сега која е точната магнитуда? 5.9, 5.8, 5.6, 5.5???

Едни викаат едно, други друго...

Се надевам дека нема да има озбилни афтер - шокови.
 
Инаку еве колку го осетиле земјотресот:
20220422_232708.png
Интересно што највеќе го имаат осетено во Сплит, Бања Лука и во Охрид кај нас.

Другарче во Загреб веднаш го исконтактирав, вика ништо не осетил. Ова чим во Pescara Италија се има осетено, укажува на колку голем потрес бил.

Инаку еве ви подолу колку потреси имало на тој дел од 1960 па се до сега. Гледам секаде каде што има планини, повеќе шанси за сеизмичка активност. Па и историски доста планини се имаат формирано како што континентите се споиле, еве на пример Монт Еверест така е настанат, со спојувања на два дела земја. И таму како што гледаме има далеку по голема и по јака сеизмичка активност.
20220422_235331.jpg
Генерално, Србија нема толку многу јака сеизмичка активност, особено не Војводина.

Хрватска највеќе има на јадранската обала, и околу Загреб.

Тој дел Хрватска - Босна - Црна Гора - Албанија - Грција - Македонија, планински предел, поточно Динарски Алпи, и планините кај нас и Грција се еден голем магнет за земјотреси.

Еве го тој планински предел:
1280px-Dinarisches_Gebirge_Topo.png
 
Игор Костелац,доста интересно
 
Пехчево 4,0/ 4,2 рихтер

IntensityMap (2).png

...не знам дали е поврзано со земјотресот во Босна, па се возбуди и друга сеизмолошка плоча, па денес од пред малку имаме релативен појак земјотрес во Пехчево, 4,0 рихтер, па после еден час 4,2 рихтер, подрачјето околу Пехчево ги има најсилните потреси во МКД па и во Европа, се надевам дека тлото ќе се смири!

Seizmika.jpg

... да се посетиме дека пред еден век, поточно на 04.04.1904 година (помеѓу 9 - 11ч) во Пехчево (МКД) и Кресна (БГ), како и поширокиот регион околу нив се случил силен земјотрес со интензитет од десет степени по Меркалиевата скала и магнитуда од 7,5-7,8 степени по Рихтер (постојат различни мислења во однос на магнитудата), поради што се води како еден од најсилните, ако не и најсилен регистриран земјотрес на Балканот (проблемот околу точниот интензитет и магнитуда на земјотресот е што во близина немало сеизмолошка станица, па податоците се базираат врз регистрираните вредности од тогаш добро опремените станици низ Европа).
... пехчевско-кресненскиот земјотрес важи за еден од најсилните во Европа откако се вршат мерења од средината на 19 век, па наваму. Овој земјотрес бил неколку пати посилен од скопскиот во 1963 година, а количеството на ослободена енергија одговара на околу 2,7 мегатони ТНТ, или енергија еднаква на преку 100 нуклеарни бомби фрлени врз Хирошима.

...инаку, подрачјето помеѓу Пехчево од македонската и Кресна, Крупник, Симитли од бугарската страна, има многу силен сеизмичен потенцијал, бројните активни раседи кои се вкрстуваат на овој дел од Влаина и Малешевските планини, односно помеѓу Беровската, Пијанечката и Симитлиската котлина, предизвикуваат ретки, но понекогаш изразито силни земјотреси, овде се јавува судир на 2 крупни геотектонски единици српско-македонскиот масив и струмската зона, како и повеќе нивни странични блокови.
 
Последно уредено:
ice_screenshot_20220428-172512.jpeg
ice_screenshot_20220428-172607.jpeg

ice_screenshot_20220428-172709.jpeg
ice_screenshot_20220428-172822.jpeg
ice_screenshot_20220428-172914.jpeg

ice_screenshot_20220428-173042.jpeg

ice_screenshot_20220428-173228.jpeg
ice_screenshot_20220428-173011.jpeg

...после 4,2 според Рихтер, неколку последоватлени потреси (афтер шокови) за два дена во пехчевскиот реон!
 
Не знам дали сетивте ама имаше земјотресче мало така, лабаво. :D
 

Моментов е интересен:

Monday's earthquake occurred on the five year anniversary of a 7.1 earthquake that killed more than 200 people in Central Mexico and just an hour after an earthquake drill in Mexico City was held at 12:19 p.m. on Monday to honor the anniversary of the 2017 disaster.

That quake took place 32 years to the day after a 8.1 massive quake devastated the country, claiming thousands of lives.


Заклучок, на 19ти Септември не идете во Мексико? :unsure:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom