Пехчево 4,0/ 4,2 рихтер
...не знам дали е поврзано со земјотресот во Босна, па се возбуди и друга сеизмолошка плоча, па денес од пред малку имаме релативен појак земјотрес во Пехчево, 4,0 рихтер, па после еден час 4,2 рихтер, подрачјето околу Пехчево ги има најсилните потреси во МКД па и во Европа, се надевам дека тлото ќе се смири!
... да се посетиме дека пред еден век, поточно на 04.04.1904 година (помеѓу 9 - 11ч) во Пехчево (МКД) и Кресна (БГ), како и поширокиот регион околу нив се случил силен земјотрес со интензитет од десет степени по Меркалиевата скала и магнитуда од 7,5-7,8 степени по Рихтер (постојат различни мислења во однос на магнитудата), поради што се води како еден од најсилните, ако не и најсилен регистриран земјотрес на Балканот (проблемот околу точниот интензитет и магнитуда на земјотресот е што во близина немало сеизмолошка станица, па податоците се базираат врз регистрираните вредности од тогаш добро опремените станици низ Европа).
... пехчевско-кресненскиот земјотрес важи за еден од најсилните во Европа откако се вршат мерења од средината на 19 век, па наваму. Овој земјотрес бил неколку пати посилен од скопскиот во 1963 година, а количеството на ослободена енергија одговара на околу 2,7 мегатони ТНТ, или енергија еднаква на преку 100 нуклеарни бомби фрлени врз Хирошима.
...инаку, подрачјето помеѓу Пехчево од македонската и Кресна, Крупник, Симитли од бугарската страна, има многу силен сеизмичен потенцијал, бројните активни раседи кои се вкрстуваат на овој дел од Влаина и Малешевските планини, односно помеѓу Беровската, Пијанечката и Симитлиската котлина, предизвикуваат ретки, но понекогаш изразито силни земјотреси, овде се јавува судир на 2 крупни геотектонски единици српско-македонскиот масив и струмската зона, како и повеќе нивни странични блокови.