ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
за рамнотежа незнам... ја бев точно пред фрижидер кога акна јакиот и кога го видов фрижидерот дека скока пред мене сватив што значи земјотрес...
Па добро ако недај боже дошло до рушење гладен немало да останеш. :)
Но во секој случај што помалку да ги има, за неколку секунди може да се срушат цели згради...
 
Мене тој во септември ме снајде под туш - многу лошо. Зградава е добра, ама си мислиш на сите варијанти - да падне бојлерот, намокрен си, струја тука.
Не се гине во земјотрес само од паѓање на зградата. Луѓе одат јабана во бизарни ситуации.
Почкарт ситуација од ова за да те снајде земјотрес е веројатно да висиш некаде на отворено или да си под некоја карпа што се рони.
 
Мене еден од тие појаките афтершокчиња ме снајде под туш.
Хаос невиден.
Шо да праиш. Продужив да се туширам. Јебига.

А најјакиот на спиење. Сум летал по скали полурасонет.
Сеа коа ќе се фрлам на кревет и ќе се заниша одма паники ме фаќаат.
 
^ Паѓаат слики до мене, јас си гледам YT видеа :tvg:
 
Ја ниеден не осетив од овие викендов. :D Дали пошто сум на приземје...а во септември не бев тука кога мавнал тој убаво.

Единствен што убаво го памтам дека стресе јако беше во февруари 2004, неколку дена пред да загине Трајковски.
 
Продужив да се туширам. Јебига.
Ама на афтерчиња :D
Најсилниот кога беше имаше вожња зградава, тушот како на ветер се тресе, а јас се ударам у ѕидови. Не се забораваат лесно такви ср**а.

А имаше еден исто многу силен, малку над 5, некаде 2002-ра пролетта. Крцкањето на дрвените прозори и ѕидовите никогаш нема да го заборавам. Интересно што тој беше единствен и немаше забележливи афтершокови (сигурно имало и други, ама помали)- чисто како илустрација на тие што мислат дека еден потрес најавува и други.
 
Ја не се сеќавам на тој. На овој од 2004та убаво го запамтив пошто знам ладно беше, сите од настава чекавме во школски да не' земат родителите, а мене немаше кој да ме земе пошто моите на работа, се испоразболев на ладното. И после болен кога бев, знам дома гледавме нешто Млади Бунтовници околу 11 саат кога имаше прекин на програма на А1 и вонредни вести за несреќата во Мостар.

И сега гледам видеа во живо снимани од јакиот земјотрес, језиво било, морам да признаам. Посебно за тие што биле во високи згради или тие што биле во маркети каде све паѓало.
 
А имаше еден исто многу силен, малку над 5, некаде 2002-ра пролетта.

Малку над 5...? o_O Дај не зезај, па овој од септември беше толку, нема шанси толку јак да имало во 2002. Тој во 2004 и јас го осетив, јакичок беше, а јас дете сам дома си варев млеко... среќа го исклучив шпоретот, го тргнав млекото и тогаш фати да дрма.. ѓом надвор :icon_mrgr:

Недајбоже да се повторат овие јаки земјотреси, стварно трауми ти внесуваат за навек. Остајте тоа дрмањето, али звукот е ептен језив под кожа ти влага.
 
Најава за земјотреси? Што зборите бе луѓе?
Фејсбук страни од Балканот имаат дојави за земјотреси, за вложени 50/100 евра се добиваат многу пари!
 
Тој во Септември јас го фатив во рамсторот во Капитол, пазарев нешто. Ко мавна, сите наеднаш се стрчаа накај излезот, општа гужва и паника. Во таков момент избезумен и јас тргнав по нивниот ум, па со се корпа со производи, па почна да свири тоа срањето дека неплатени, па ајде трчај назад да ја оставам корпата, па после надвор. Со кој ум сето ова не знам. :D
 
Кога сме кај ова, гледав видео од Офис плус во Сити Мол ми се чини. Убаво се гледа на видеото како луѓе си грабаат по ранец/чанта пред „панично“ да ја напуштат продавницата.
 
Балкански инстинкт :ROFLMAO:
 
Малку над 5...? o_O Дај не зезај, па овој од септември беше толку, нема шанси толку јак да имало во 2002. Тој во 2004 и јас го осетив, јакичок беше, а јас дете сам дома си варев млеко... среќа го исклучив шпоретот, го тргнав млекото и тогаш фати да дрма.. ѓом надвор :icon_mrgr:

Недајбоже да се повторат овие јаки земјотреси, стварно трауми ти внесуваат за навек. Остајте тоа дрмањето, али звукот е ептен језив под кожа ти влага.
Сигурно е 2002. На факултет требаше да бидам. Ако не бил 5, може 4,8/9.
Мислам дека утрото имаше минирање во рудникот во Бањани, на Скопска црна гора и беше некој тригер.
Се сеќавам дека се' што беше од провинција напушти тие неколку денови, па после имаше караници за неприсуства на вежби, рокови исл.

Звукот посебен хорор шмек му дава на земјотресот. Ич не сакам да се потсетам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom