ЗЕМЈОТРЕС!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
би сакал да напоменам дека воопшто ни најмалку не сме организирани како држава за еве вакви ситуации а камоли и поголеми катастрофи како пример и поплавата каде однесе над 23 жртви и замислете нема одговорност.Верувам и вие како јас да во такви лоши моменти функционира некој систем од државата како би на сите телефони прати смс со првично известување на информација за непогодата како и некои помошни инструкции како да се однесува населението.Бесплатен wi-fi кој секогаш ќе биде активиран над погоденото подрачје како да погоденото население има контакт како со инстутуциите да побара помош па и истите контактират со своите најблиски.Брзи екипи кои веднаш ќе пружат помош на исплашеното население.Само за пример денес после вториот од 15.10 мин. земјотрес телекабел немаше интернет па се до пред некое време.Во вакви ситуации известување на населението е ПРВА задача на надлешните институции и уште еден пример каде МТВ денес дури во вестите 17.00 ч.спомна за земјотресот.Мора нешто посериозно да се превземе за во иднина населението да биде известено и со први насоки како и каде да реагира како би се спасило.
 
Баш напротив , треба да се труба насекаде и да се создава потреба за огромно внимание кај луѓето. Недај боже да дојде до нешто од страшни размери , после истите луѓе кои повикуваа на смиреност и не дигање паника ќе бидат први да покажуваат со прст спрема некој дека не предупредил.

Никој неможе да го предвиди земјотресот , али совети за претпазливост и 2 вечери надвор од живеалиштето на никој нема да му штетат , баш напротив може да му спасат животот.
 
Кај мене дома слики попаѓале, фрижидерот у сред дневна отишол, плакарот од ментеш изместен, постерот од репрезентацина на Македонија ми паднал и што е најчудно држач за сапун, метален, набиен у зид, се скинал, не да се откорнал од плочки со све штрафови туку се скинал, бог да чува.

Цела среќа што не читаш книги па ги немаш дома по рафтовите, инаку можеле сите да испопаѓаат.
 
би сакал да напоменам дека воопшто ни најмалку не сме организирани како држава за еве вакви ситуации а камоли и поголеми катастрофи како пример и поплавата каде однесе над 23 жртви и замислете нема одговорност.Верувам и вие како јас да во такви лоши моменти функционира некој систем од државата како би на сите телефони прати смс со првично известување на информација за непогодата како и некои помошни инструкции како да се однесува населението.Бесплатен wi-fi кој секогаш ќе биде активиран над погоденото подрачје како да погоденото население има контакт како со инстутуциите да побара помош па и истите контактират со своите најблиски.Брзи екипи кои веднаш ќе пружат помош на исплашеното население.Само за пример денес после вториот од 15.10 мин. земјотрес телекабел немаше интернет па се до пред некое време.Во вакви ситуации известување на населението е ПРВА задача на надлешните институции и уште еден пример каде МТВ денес дури во вестите 17.00 ч.спомна за земјотресот.Мора нешто посериозно да се превземе за во иднина населението да биде известено и со први насоки како и каде да реагира како би се спасило.
Ах и ти многу бараш. Не е Швајцарија ова. Што ти е земјотрес за Македонија, нас топ не не бие....а 53 год поминаа од катастрофата во Скопје. Изгледа се заборава историјата.
 
Не.
Денес беше 5,3, а у 63-та бил 6,1 или 6,3.
7,8 по рихтер бил најјакиот земјотрес на Балканот - во валандово 1904-та.

Ја прашувам за тој во 79-та.

Овие од сеизмолошки завод кажаа дека овој земјотрес денес е најсилен земјотрес во последните 110 години, ако се исклучи тој од 63та.

П.С.

Најголем дел од повредените се повредиле поради панично бегање по скали и скокање од балкони и прозори.

Сто пати кажуваат да се засолнат луѓето дури не прекине земјотресот па после да бегаат, али пуста паника.
 
И сега ич да не спијам?
Не ми дозволуваат да седам внатре скапав надвор досадно

А имам силни претчувства обично имам мир некој кога е лажна тревога, сега не се плашам ми се оди внатре мислам дека е глупост што дремам со кучево
Ама никаде го нема мирот, само празнина... Вашиот инстинкт што вика?
 
@Beric Dondarrion тoј 79тa е сличен пo јaчинa сo oвoј денешниoт. Зa нијaнсa пoслaб.
Вaквo љуљaње пoследен пaт oсетив 2002рa aприл месец беше тaзе врaтен oд шкoлo. Мислaм епицентaрoт беше вo кoсoвo, имaше незнaчителнa мaтеријaлнa штетa и еден пoгинaт.
 
Цела среќа што не читаш книги па ги немаш дома по рафтовите, инаку можеле сите да испопаѓаат.
Браво, ме уби.

Оди сеа позајми пари од лихвари и плати си курва, имај секс малце, ќе ти ги намали фрустрациите и комплексите.
И поиграј покер малце на компјутер.
 
После вториот земјотрес немам интернет, локација Центар спроти Рамстор! Некој со сличен проблем?? Звонам по телефони исклучени им се.

Sent from my SM-G357FZ using Tapatalk
 
Сакам да ги знам вашите реакции кога почна земјотресот(првите мисли).

Јас,бев во двор,на маса со стариот.Седев на пластично столче.Почна тресење,помислив абе столчето почна да се витка,ми дојде чуство како да стојам на конец,балансирам,скокнав подклекнав малку абе земјотрес !? почнав ова е 4ка ова е 4ка 4ка( мислев на јачина,зборувајки кон татко ми). Абе ништо не е :LOL:
 
Седев и гледав мото гп сан марино,во меѓувреме дур да почне каршов здрма у серии едно 20-30 секунди прво послабо па појача за постепено да намали.
Фатив да бегам коа тоа жеништата почнаа да вриштат,под врати,маси да се пикаат,стариот никаде го нема а ја у средина лево десно ко на мраз да се лизгам шо попрво да праам ама мил живот па му ја фатив штрафта по чорапи надвор у парк пред зграда
Мислам дека тие 4ката најбрзо у живот ги симнав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom