Kraj Na Svetot

haha
ajde makedonci , albanci zaedno da uzhivame vo poslednite godini :S
хаха не. Кретен.
Ме интересира, да не знаете дали може од Македонија да се донира некако? Ги гледав интернет страните кај што може да се донира, ама никаде ја нема како опција, пошто повеќето сајтови се Амерички, и Македонија не е ни меѓу листата на набројани земји.
Како и да е, страшно е ова што се случува, немам коментар. Да се молам за да бидат нештата подобри таму, не можам, можам само да се надевам дека ќе се надминат овие катастрофи и ќе се средат работите. Сочувство до семејствата што загубиле некој, се надевам дека исчезнатите ќе бидат пронајдени живи и здрави. Страшно..
За коментарите што ги читав по интернетот, дека „Јапонците го заслужиле тоа, заради тоа што се дешавало во Втората Светска Војна“, и дека „Ураганот Катрина бил поопасен од ова“, и такви слични работи, дека е океј што е Јапонија а не некоја друга земја пошто штетите би биле поголеми, и дека е во ред што се дешаваат такви работи заради тоа што Азијците се инфериорна раса.. Не знам дали заслужуваат да бидат наречени луѓе. Ми се гади, стварно.
А да, за тие што мислат дека се интересни со фамата наречена 2012, најкултурно би ги замолила да се воздржат од коментирање на сериозни теми, затоа што не само што им се невкусни шегите, си се деградираат самите себеси за тоа колкаво е нивото на нивната интелигенција. Благодарам.