Земјотрес и цунами во Јапонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Хм... пред некој ден имаше ерупција на вулкан на Хаваи.
Денес страотен земјотрес со цунами.
Скоро сите земји што излегуваат на Пацификот се загрозени.
На Хаваи сирените за тревога веќе ечат низ островите.

Имаме супермесечина на 19ти.
На Пацификот се судираат неколку тектонски плочи: австралиската, амаериканската, азиската и мислам дека има неколку помали поделби.

Гравитациската промена најверојатно може да дејствува врз поместувањето на делови од овие плочи.
Исто така и да го зголеми интензитетот на плима и осека, што би довело до промена на притисокот што го прави водата врз дното.

Нема да ме изненади да се активираат уште неколку вулкани во овој дел.
 
Страшно ејј...снимките од CNN се да не им веруваш на очите, велат дека за рок од 1 час се очекувам бран и на бреговите на Америка. ццц Страшно
 
Страшна работа ... :/
 
8,9 по Рихтер?? :ija:
Сочувство до Јапонците и сите засегнати.:icon_frow
 
Абе и цунамито е страшно ама мора да бидат присебни Јапонциве да ја средат Нуклеарната централа односно пожарот што избил во неа зошто ако не го сторат тоа отидоа у пизду материну.
 
Баш во делот каде бил епицентарот, се судираат пет тектонски плочи: евроазиската, северноамерикансакта, филипинската, пацифичката и австралиската.
Пацифичката и северноамериканската се движат во спротивна насока, т.е. вршат притисок една на друга.

Едноставно, Јапонија е позиционирана на лошо место.
350px-Plates_tect2_en.svg.png


Се надевам хуманитарната помош ќе стигне на време и од сите делови на светот.
Над 300 удавени до сега се соберени од плажите...

--- надополнето ---

Две илјади жители од префектурата Фујушима што живеат во близина на нуклеарната централа се повикани да се евакуираат, соопштуваат локалните власти.
Гувернерот на таа област ги повика жителите од тие места на околу два километра од централата да се евакуираат бидејќи работата на системот за разладување е доведена во прашање.

2 км од централата? Локални жители? :nesvest:
Не се нормални бе...
 
На лошо место е позиционирана Јапонија,премногу лошо место,сочувство до Јапонците.

Јапонија е ситуирана во вуланска заона на пацифичкиот огнен прстен. Фреквентни слаби потреси и повремени вулкански ерупции се чувствуваат низ островите. Деструктивни земјотреси, кои често резултираат во цунами, се случуваат повеќе пати во текот на еден век. Најскорешните земјотреси се оној од 2004 во Чуецу, и големиот зејотрес во Ханшин од 1995. Редовна појава во Јапонија се геотермалните извори (онсен), кои се максимално искористени како престојувалишта.

Од Википедија ова...тешко и на цела Јапонија...
 
Сочувство до Јапонскиот народ. :(
 
Претеруваат овие од CNN. Предупредуваат да не се излегува надвор за да се гледаат брановите од цунамито. Очекувале бранови од 2-3 стапки на западниот им брег :vozbud:
Колку да се речело дека нешто и кај нив се дешава.

Еве мапа, Огнениот прстен всушност е околу филипинската тектонска плоча.
Vol_eq_plates_GSFC.gif


“Страшните“ бранови на западниот брег на САД ќе удрат за 20ина минути.
2-3 стапки...
 
Овој од CNN ко што објаснува, не ќе да се толку безопасни брановите.
 
Грозна работа !! :(

Гугл ги предупредува и другите места како Нов Зеланд, Индонезија, Папа Нова Гвинеја, Хаваи и т.н. за опасност од цунами.
 
Овој од CNN ко што објаснува, не ќе да се толку безопасни брановите.

Прави американски акционен филм од јапонскава трагедија. Ништо повеќе.
Верувам пола нација им седи пред телевизорите, зоба пуканки и вика “Уаааууу... Страшно!“
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom