Сте чуле ама не сте разбрале. Јас на 2000 километри ја дознав работата уште пред две години. Што е финтата? Еве што е :
Недостатокот на финансии за да се купи чиста дрога ги натерал наркоманите од Србија да пробаат нови средства за да се накаламисаат. Не е цицање туку е лижење на горниот дел на слузокожата од меурот на краставата жаба која, покрај големото количество алантоин, содржи и тетрахидроканабинол дрн дрн дрн во концентрирана форма. Зошто? Заради тоа што, според кажувањата на испитаниците од еден белградски медицински центар, на наркоманите им било ”скиснато да конзумираат отров за глувци, гипс и слични срања”... Едноставно смениле тактика :wink:
Резултат : оксидацијата на мозокот е далеку поинтензивна што придонесува на дуплирање на интензивитетот на халуцинациите. Со оглед на плодната и мочурлива почва на Истра (Словенија) и на Белградската околија, таквиот вид на дрога се почесто се користи на Балканот и нејзина тенденција е да ги замени класичните наркомански средства.
Наредниот пат читајте :wink: