Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Пишав за ова пред околу една година. Сега полека почнуваат да ги вадат во јавност наркоманите. Најголем дел се знаат со име кои се кокаиноманите на Клинички, ама тоа е јавна тајна. Многу повеќе алкохоличари има. ;)

Меѓу „наркос„ и „алкос„, разликата е само во брзината со која се умира...последицата е иста.

Уште поголем проблем е кога такви „типоси„ треба да лечат (и излечат!) пациенти...
 
Прегледај го приврзокот 452779


Д-р Игор Кузмановски,
поставен за нов директор на ЈЗУ Унив. клиника за неврологија, роден во Скопје во 1972 година, дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со просечна оценка 9,12, а во 2002 година го положил специјалистичкиот испит по неврологија, докторската дисертација во 2016 година и денес е професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
... кога го видов видеото си реков ова е дело на АИ, му местат на човекот, арно ама неговото јавно признавање ме стави во двоумица дека сепак е вистина да е кокаин корисник или можеби и тој напишан текст е АИ, ама нема демант од негова страна за ,,напад на негов авторитет“ значи сепак е жална вистина, да функционер на кого му се даде довербата да води една од најголемите здравствени институции во МКД, Клиника за неврологија, дополнително специјалист невролог со трудови во разни списанија, доктор со голем список на пациенти кои ги лекува, 53 годишен да наседне на женско која го намести така фино за цел живот не само професионално, туку и фамилијарно да мора да даде одговор која женска особа го снимала легната спроти него на кревет и го искористила моментот да го сними и највероватно да ја продаде дебело снимката во етерот, тешко да се опорави докторов од таков силен животен удар!
 
да мора да даде одговор која женска особа го снимала легната спроти него на кревет
Докторов забораил дека политиката е курва, за женската особа си знаел тој и претходно.
 
... кога го видов видеото си реков ова е дело на АИ, му местат на човекот, арно ама неговото јавно признавање ме стави во двоумица дека сепак е вистина да е кокаин корисник или можеби и тој напишан текст е АИ, ама нема демант од негова страна за ,,напад на негов авторитет“ значи сепак е жална вистина, да функционер на кого му се даде довербата да води една од најголемите здравствени институции во МКД, Клиника за неврологија, дополнително специјалист невролог со трудови во разни списанија, доктор со голем список на пациенти кои ги лекува, 53 годишен да наседне на женско која го намести така фино за цел живот не само професионално, туку и фамилијарно да мора да даде одговор која женска особа го снимала легната спроти него на кревет и го искористила моментот да го сними и највероватно да ја продаде дебело снимката во етерот, тешко да се опорави докторов од таков силен животен удар!
Какви трудови во пусти списанија, затоа уким е закован на дното на листата на светски Универзитети. А тоа силен животен удар, тоа важи за нормалниот човек. Овој ти е од буржоазиите и фамилијарните династии на Клинички, ќе тргне неколку линии и ќе му помине.
Уште и без лиценца работел 7 месеци, ама сега поднел да му ја продолжат. На крај ќе испадне дека нема и диплома.:facepalm:
 
Нема оправдување за вакво однесување, посебно кога станува збор за човек кој треба да биде пример, како лекар и професор. Одговорноста му е тројна, и како професионалец, и како родител, и како човек кој влијае врз млади. Жалосно е што вака се руши довербата во професијата.
 
Какви трудови во пусти списанија, затоа уким е закован на дното на листата на светски Универзитети. А тоа силен животен удар, тоа важи за нормалниот човек. Овој ти е од буржоазиите и фамилијарните династии на Клинички, ќе тргне неколку линии и ќе му помине.
Уште и без лиценца работел 7 месеци, ама сега поднел да му ја продолжат. На крај ќе испадне дека нема и диплома.:facepalm:
Нема оправдување за вакво однесување, посебно кога станува збор за човек кој треба да биде пример, како лекар и професор. Одговорноста му е тројна, и како професионалец, и како родител, и како човек кој влијае врз млади. Жалосно е што вака се руши довербата во професијата.
Замисли некој ваков ти е шеф или се јавуваш кај него на испит и од него ти зависи кариерата.
 
Какви трудови во пусти списанија, затоа уким е закован на дното на листата на светски Универзитети. А тоа силен животен удар, тоа важи за нормалниот човек. Овој ти е од буржоазиите и фамилијарните династии на Клинички, ќе тргне неколку линии и ќе му помине.
Уште и без лиценца работел 7 месеци, ама сега поднел да му ја продолжат. На крај ќе испадне дека нема и диплома.:facepalm:
...барем во јавните установи секо вработен има свое работно досие (папка) во правна служба, затоа постои администрација т.е. соработници правници во сите здравствени институции кои се должни покрај другото да водат евиденција и ажурност за работна валидна лиценца,

- како второ, во секоја јавна здравствена установа каде се води евиденција за сите податоци да е све регулар со што вработениот ја остварува платата, затоа постојат вработени соработници економисти кои ја пресметуваат платата врз база и на валидна работна лиценца,

- како трето, лекарската комора т.е. претседателот е должен да има евиденција на сите валидни лекарски лиценци, затоа што лиценцата се релиценцира (обновува),

Лиценцата за работа се издава за период од седум години, барањето за обновување на лиценцата за работа се поднесува најмалку 30 дена пред истекот на важноста на лиценцата за работа, а не кога ќе му текне на докторот,

Согласно член 153 - е од Законот за здравствена заштита (Службен Весник на Република Македонија бр. 10/2004) и член 10 од Правилникот за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценцата за работа, ако докторот на медицина не поднесе барање за обновување на лиценцата за работа и по истекот на периодот на важноста на лиценцата за работа, Комората писмено ќе го опомене дека треба да ја обнови лиценцата за работа, ако и во наредните 6 месеци по писмената опомена докторот на медицина не поднесе писмено барање и потребните докази за продолжување на лиценцата за работа, Комората времено му ја одзема лиценцата за работа. (од 03. месец , шест месеци се во септември кога требаше Лекарската комора да изреагира, а не сега на 06.10 да изнесе дека не може да му ја одземе затоа што не е е активна лиценцата, резонирање и совесност на работата на Лекарска комора - нула!


Лекарската комора даде јавно 25.09.2024 година известување на својата страна за лиценци која важност била до 15.03.2025 тоа се точно шест месеци однапред, затоа што не може поединечно на ,,околу 2600“ доктори (и самите не го знаат точниот број изгледа поради неажурна евиденција), за кое време дотичниот доктор воопшто не се пријавил.

- како четврто, специјалистото невролог Игор Кузмановски со работен факсимил со број 712680, согласно евиденцијата на Фондот бил активен од 1 април 2010 година, со еден прекин во април 2018 година поради користење неплатено отсуство, одобрението за издавање на овој факсимил било дадено врз основа на официјално доставен список на лекари вработени во здравствената установа, потврден и заверен од страна на Клиниката за неврологија, истиот бил доставен согласно активниот договор од 2020 година со важност до 2028 година. Воедно, согласно член 3 од договорот склучен меѓу ФЗОМ и Клиниката за неврологија „обврска на здравствената установа е да обезбеди стручен кадар кој ги исполнува условите утврдени со актите на Министерството за здравство, меѓу кои и условот лекарите да поседуваат важечка лиценца за работа“.

lg.php
... според актуелната постапка за издавање одобрение за факсимил, која се применува при склучување договори со јавни и приватни здравствени установи, неопходно е да се доставуви барање од самата установа, придружено со важечка лиценца за работа издадена од соодветната комора и заверена на нотар, со оваа процедура, Фондот го утврдува правото на издавање факсимил во согласност со законските прописи и достапната документација. (дупка во работењето на ФЗОМ).

... Фондот на 15.11.2024 година се обратил до Комората за електронско поврзување за преземање на сите активни лиценци, со цел превенција од незаконско работење и фалсификување на лиценци, Лекарската комора не одговорила на барањето.

- и на крај како петто, при назначување на Игор Кузмановски како Директор на неврологија според член 104 за именување на раководен орган (директор) треба да се приложи меѓу другото документи и околу образованието со работна лиценца и најмалку 5 години работен стаж во таа јавна институција.


... сега д-р Игор Кузмановски моментално нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025 година, тој имал поднесено барање на 06.10.2025 за нејзино продолжување, а Министерот за здравство го разрешил претходниот Фатмир Меџити на 07.08.2025 зашто земал дупла плата и како Директор и како Советник на кумот тогашен Министер за здравство А.Таравари,

fatmir-medziti-ilustracija-1-1536x806.jpg


...и на негово место новиот Министер за здравство Азир Алиу, го поставил како директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.


kuzman.jpg

...после два месеци недела пред избори излегува во етерот од некоја цуца карши него која лежела на кревет и го снимала скришно неговото кокаинско приготвување и шмркање, доста наивно за еден професор и функционер, кој дури 6 месеца работел без важечка лиценца која потегнува и неважечки факсимил со кој прегледувал пациенти додека директорувал се сетил дека треба да ја обнови лиценцата.

... на крај да резимираме кој треба све да сноси одговорност, а богами и да кривично одговара за несовесно работење, освен др Игор Кузмановски, по ред :

- правна служба или соработник правник во ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија кој е одговорен за ажурирање на досијата на вработените,

- служба за книговодство или соработник економист кој ја спремал платата на вработен кој нема активна лиценца за работа, а со тоа не може да зема и плата зошто не смее да работи без Лиценца.

- Лекарска комора поточно Претседателот(ка) која според статутот на Лекарска комора треба поединечно да ги информира докторите месец дена пред изминување на рок на Лиценца, затоа што не сите се нацртани на Веб страницата на Лекарска комора па да ја прочитат дадената инфорација пред 6 месеци.

- ФЗОМ кој не проверил и дозволил користење на факсимил на доктор кој немал активна Лиценца за работа, па истиот факсимил се применувал за прегледи на пациенти.

- и на крај Министерот за здравство треба да сноси одговорност или пак негова служба која требала да ги исконтролира документите со назначување на нов директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски според Законот за здравствена заштита член 104 документи за докажување на образование и дозвола за работа т.е. Лиценца, неосуденост, најмалку 5 години работен стаж на тоа место...итн

- и на крај докторот Игор Кузмановски за негово јавно бламирање од некоја фуфица која ја крие и не потегнува според закон за забрана на видео снимка без негова дозвола и давање јавно за да и врз неа се покрене кривична постапка со нарушување на приватноста на докторот со тоа што го направила!

*така да секој си има своја грешка, одговорност, а богами и соодветна казна, џабе ли се нивните високи плати, за бош муабети и кафе пиење на работно место и китење со титула и функција?

П.С.
партиски поставување на функционери посебно осетливо во здравството, секогаш ќе биде проследено со афери и несовесни ситуации, посебно кога моменталната Власт без добра проверка ги поставува, така беше и со градоначалничка анонимусот Данела, така и во овој случај, затоа што тоа не е ,,моментална слабост“ многу добро знаел според приложеното видео да го обработи кокаинот со картицата и како се шмрка, ќе да не е прв пат „слабост“, а и самиот факт дека 1г кокаин на нашит пазар се движи околу 100 Е, а таму каде мешал на маса имал најмалку 10 г, да се даде 1000 Е за шмркање не е баш момент на слабост, некако повеќе моменти се!
 
Последно уредено:
а и самиот факт дека 1г кокаин на нашит пазар се движи околу 100 Е, а таму каде мешал на маса имал најмалку 10 г, да се даде 1000 Е за шмркање не е баш момент на слабост, некако повеќе моменти се!
Каква проценка со голо око, се гледа дека не ти е прво родео.;)
 

... ај што имаме слаби новинари, текстовите ги земаат онака здраво за готово без да проверат тоа што го пишува, копи пасте меѓу сите портали, а не пак инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) кои се должни под инерција на нештата за случајот на Директорот Игор Кузмановски да ги казнат и главните одговорни институции кои дозволиле да работи без обновена лиценца?

... да ги прашам каде е тука одговорноста на Лекарска комора која е должна после месец дена написмено да го информира членот за измината лиценца, каде е тука одгооворноста на ФЗОМ за активен факсимил за време на неактивна лиценца, каде е одговорноста на административната служба на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија која исплатувала плата на специјалист кој има неактивна лиценца со што го губи правото за работа, а со тоа и платата?

... и? 500 Е казна САМО за докторот Игор Кузмановски?

па причината не е остранета ниту казнета, истите горенаведените, утре ќе го повторат со друг доктор или здравствен работник без ажурна евиденција на документи која е нивна работа и земаат плата како соработници или Лекарска комора не е поставена докторите да и' прават услуга со чланарина, туку таа според Статут има задолженија и обрска кон членовите, а богами не ги извршува, па одозгора ,,ќе ја разгледала ситуацијата околу лиценцата на Игор Кузмановски“, а околу нивно (не)работење токму поради таа неактивна лиценца кој ќе го разгледа и „казни“ во најмала рака ја смени Претседателката за (не)ажурност и (не)водење евиденција за релиценцирање на лиценците на нејзините членови (доктори).

... секој треба да одговара за грешките и тука Игор Кузмановски нема што да се одбрани, но треба да реагира врз кој основ тоа тој треба да плати казна 500 Е ?

пишуваат според член 309 од Законот за Здравствена заштита, ајде да видиме каде е тука грешката со неактивна лиценца на докторот Игор Кузмановски?

Screenshot 10-15-2025 16.22.41.png

...овде ниеден дел не е поврзано со неактивна лиценца на докторот Игор Кузмановски, па се повикуваат на став 1 точка 1, која се повикува на друг член од законот т.е. член 115 став 1, ајде да видиме:

Screenshot 10-15-2025 16.45.31.png

... еве го членот 115и под 1 пишува :
„Здравствени работници можат да вршат здравствени услови со завршување на пробна работа, положен стручен испит и добивање Лиценца за работа.“

и? што врска има овој член со ситуацијата на докторот Игро Кузмановски?

овој член важи за започнување на младите дипломирани доктори кои почнуват со давање на здравствени услуги што треба да имаат како услов, значи тотална утка според која го казнуваат со 500 Е на никаде основано, доколку другите иституции не се казнети КОИ ГО ДОЗВОЛИЛЕ ТОА,

ајде да се префрлиме на следниот член 116 каде се води евиденција „Регистар на здравствени работници“во Институт за Јавно здравје.

Screenshot 10-15-2025 16.53.49.png

ајде да прочитаме што евиденција се води и кој све тоа институции ја имаат таа евиденција, а останале инертни без да се ажурира регистарот:

Screenshot 10-15-2025 16.54.07.png

...од сите податоци се задржуваме на ,,Податоци за Лиценца“ и „ Број на факсимил“ каде под бр.3 пишува - ги запишува соодветната комора т.е. во овој случај на докторот - Лекарската комора која дозволила пет месеци нејзин член без таа да реагира НАПИСМЕНО ДО ЧЛЕНОТ според Статутот, да работи со неактивна лиценца, тука и те како имаме одговорност на Лекарската комора т.е. нејзин Претседател(ка).


... е па извините, некој треба да им укаже за нивната грешка во (не)работењето.

Screenshot 10-15-2025 17.04.03.png

...ајде да видиме зошто таква ароганција и (не)ажурност од Лекарска комора да реагира написмено до докторот Игор Кузмановски кој веќе бил именован за Директор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за неврологија од редовите на Власта т.е. од ВМРО ДПМНЕ :


Screenshot 10-15-2025 17.10.03.png

... аха, види богати не сум знаела, зошто никогаш Лекарска комора немала никаква одговорност, па и самото именување на претседателот било со афера т.е. најнерегуларно, а тогашна и сегашна претседателка, назначена 2022 година како „човек на власта“, во тоа време на власт си беше - СДСМ? :facepalm:

... и денес после година и пол власт на ВМРО ДПМНЕ сакате претседател на Лекарска комора „човек на власта“ на СДСМ, да ви ги разреши проблемите со докторите и жалбите на пациентите за нивно (не)работење за време на ВМРО ДПМНЕ власт? :pos:

Screenshot 10-15-2025 17.35.17.png

... и не работел со неактивна лиценца „шест месеци“, туку од март до август кога бил назначен за Директор тоа се пет месеци, според член 129 став 3 со именување на Јавна функција (директор) не му се смета времето на важноста на Лиценцата!


Screenshot 10-15-2025 17.45.59.png


...и доколку немал потребните бодови со кои може да се продолжи Лиценцата, според член 130 став 1, Лекарската комора има право да му продолжи уште шест месеци трајност на истата лиценца на која изминала рокот, додека не се здобие со потребните бодови и услови за добивање нова со важност за следните седум години!


...ајде сега вратете му ги 500 Е или казнете ги и другите одговорни институции со 500 Е на чело со Лекарска комора, не може така селективна одговорност и казнување со глоба, затоа чинот ќе се повтори, пак и пак и пак !
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom