Какви трудови во пусти списанија, затоа уким е закован на дното на листата на светски Универзитети. А тоа силен животен удар, тоа важи за нормалниот човек. Овој ти е од буржоазиите и фамилијарните династии на Клинички, ќе тргне неколку линии и ќе му помине.
Уште и
без лиценца работел 7 месеци, ама сега поднел да му ја продолжат. На крај ќе испадне дека нема и диплома.
...барем во јавните установи секо вработен има свое работно досие (папка) во правна служба, затоа постои администрација т.е. соработници правници во сите здравствени институции кои се должни покрај другото да водат евиденција и ажурност за работна валидна лиценца,
- како второ, во секоја јавна здравствена установа каде се води евиденција за сите податоци да е све регулар со што вработениот ја остварува платата, затоа постојат вработени соработници економисти кои ја пресметуваат платата врз база и на валидна работна лиценца,
- како трето, лекарската комора т.е. претседателот е должен да има евиденција на сите валидни лекарски лиценци, затоа што лиценцата се релиценцира (обновува),
Лиценцата за работа се издава за период од седум години,
барањето за обновување на лиценцата за работа се поднесува најмалку 30 дена пред истекот на важноста на лиценцата за работа, а не кога ќе му текне на докторот,
Согласно член 153 - е од Законот за здравствена заштита (Службен Весник на Република Македонија бр. 10/2004) и член 10 од Правилникот за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценцата за работа, ако докторот на медицина не поднесе барање за обновување на лиценцата за работа и по истекот на периодот на важноста на лиценцата за работа,
Комората писмено ќе го опомене дека треба да ја обнови лиценцата за работа, ако и во наредните 6 месеци по писмената опомена докторот на медицина не поднесе писмено барање и потребните докази за продолжување на лиценцата за работа, Комората времено му ја одзема лиценцата за работа. (од 03. месец , шест месеци се во септември кога требаше Лекарската комора да изреагира, а не сега на 06.10 да изнесе дека не може да му ја одземе затоа што не е е активна лиценцата, резонирање и совесност на работата на Лекарска комора - нула!
www.lkm.org.mk
Лекарската комора даде јавно 25.09.2024 година известување на својата страна за лиценци која важност била до 15.03.2025 тоа се точно шест месеци однапред, затоа што не може поединечно на ,,околу 2600“ доктори (и самите не го знаат точниот број изгледа поради неажурна евиденција), за кое време дотичниот доктор воопшто не се пријавил.
- како четврто, специјалистото невролог Игор Кузмановски со работен факсимил со број 712680, согласно евиденцијата на Фондот бил активен од 1 април 2010 година, со еден прекин во април 2018 година поради користење неплатено отсуство, одобрението за издавање на овој факсимил било дадено врз основа на официјално доставен список на лекари вработени во здравствената установа, потврден и заверен од страна на Клиниката за неврологија, истиот бил доставен согласно активниот договор од 2020 година со важност до 2028 година. Воедно,
согласно член 3 од договорот склучен меѓу ФЗОМ и Клиниката за неврологија „обврска на здравствената установа е да обезбеди стручен кадар кој ги исполнува условите утврдени со актите на Министерството за здравство, меѓу кои и условот лекарите да поседуваат важечка лиценца за работа“.
... според актуелната постапка за издавање одобрение за факсимил, која се применува при склучување договори со јавни и приватни здравствени установи, неопходно е да се доставуви барање од самата установа,
придружено со важечка лиценца за работа издадена од соодветната комора и заверена на нотар, со оваа процедура, Фондот го утврдува правото на издавање факсимил во согласност со законските прописи и достапната документација. (дупка во работењето на ФЗОМ).
... Фондот на 15.11.2024 година се обратил до Комората за електронско поврзување за преземање на сите активни лиценци, со цел превенција од незаконско работење и фалсификување на лиценци, Лекарската комора не одговорила на барањето.
- и на крај како петто, при назначување на Игор Кузмановски како Директор на неврологија според член 104 за именување на раководен орган (директор) треба да се приложи меѓу другото документи и околу образованието со работна лиценца и најмалку 5 години работен стаж во таа јавна институција.
... сега д-р Игор Кузмановски моментално нема активна лиценца за работа, бидејќи нејзината важност истекла на 15.03.2025 година, тој имал поднесено барање на 06.10.2025 за нејзино продолжување, а Министерот за здравство го разрешил претходниот Фатмир Меџити на 07.08.2025 зашто земал дупла плата и како Директор и како Советник на кумот тогашен Министер за здравство А.Таравари,
...и на негово место новиот Министер за здравство Азир Алиу, го поставил како директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски.
...после два месеци недела пред избори излегува во етерот од некоја цуца карши него која лежела на кревет и го снимала скришно неговото кокаинско приготвување и шмркање, доста наивно за еден професор и функционер, кој дури 6 месеца работел без важечка лиценца која потегнува и неважечки факсимил со кој прегледувал пациенти додека директорувал се сетил дека треба да ја обнови лиценцата.
... на крај да резимираме кој треба све да сноси одговорност, а богами и да кривично одговара за несовесно работење, освен др Игор Кузмановски, по ред :
- правна служба или соработник правник во ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија кој е одговорен за ажурирање на досијата на вработените,
- служба за книговодство или соработник економист кој ја спремал платата на вработен кој нема активна лиценца за работа, а со тоа не може да зема и плата зошто не смее да работи без Лиценца.
- Лекарска комора поточно Претседателот(ка) која според статутот на Лекарска комора треба поединечно да ги информира докторите месец дена пред изминување на рок на Лиценца, затоа што не сите се нацртани на Веб страницата на Лекарска комора па да ја прочитат дадената инфорација пред 6 месеци.
- ФЗОМ кој не проверил и дозволил користење на факсимил на доктор кој немал активна Лиценца за работа, па истиот факсимил се применувал за прегледи на пациенти.
- и на крај Министерот за здравство треба да сноси одговорност или пак негова служба која требала да ги исконтролира документите со назначување на нов директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски според Законот за здравствена заштита член 104 документи за докажување на образование и дозвола за работа т.е. Лиценца, неосуденост, најмалку 5 години работен стаж на тоа место...итн
- и на крај докторот Игор Кузмановски за негово јавно бламирање од некоја фуфица која ја крие и не потегнува според закон за забрана на видео снимка без негова дозвола и давање јавно за да и врз неа се покрене кривична постапка со нарушување на приватноста на докторот со тоа што го направила!
*така да секој си има своја грешка, одговорност, а богами и соодветна казна, џабе ли се нивните високи плати, за бош муабети и кафе пиење на работно место и китење со титула и функција?
П.С.
партиски поставување на функционери посебно осетливо во здравството, секогаш ќе биде проследено со афери и несовесни ситуации, посебно кога моменталната Власт без добра проверка ги поставува, така беше и со градоначалничка анонимусот Данела, така и во овој случај, затоа што тоа не е ,,моментална слабост“ многу добро знаел според приложеното видео да го обработи кокаинот со картицата и како се шмрка, ќе да не е прв пат „слабост“, а и самиот факт дека 1г кокаин на нашит пазар се движи околу 100 Е, а таму каде мешал на маса имал најмалку 10 г, да се даде 1000 Е за шмркање не е баш момент на слабост, некако повеќе моменти се!