Здравко Чолиќ ќе пее во Македонска Каменица

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
По повод Денот на рударите и отворањето на новиот градски плоштад во Општина Македонска Каменица концерт ќе одржи познатата балканска мега ѕвезда Здравко Чолиќ.

zdravko-colic-500.jpg

Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Дарко Митевски вели дека гостувањето на Чолиќ го спонзорира рудникот за олово и цинк „Саса“.
- Концертот е на денот на нашиот најголем празник Света Богородица или Денот на рударите. Почнува од 21 часот и очекуваме присуство на над 25.000 луѓе од целиот регион, вели Митевски.
Тој додава дека за изградбата на новиот Градски плоштад, Општината од сопствениот буџет издвои 22 милиони денари.

Што мислите за ова, дали би отишле на настанот?
 
Да сум од источна Македонија, во близина на Мак. каменица би отишол да ја слушам легендата во живо :)
 
Избришани коментарите за плата на рудари, места кај што пеел Чолиќ и перење пари. Не е темата за тоа.

Од мене плус, ако ништо друго почнаа да се будат другите градови дека не е само Скопје за добри настани.
 
место Чолиќ - требале да викнат некоја руска ѕвезда - та нели руси го имаат купено рудникот
уствари ....- срби и руси су брача- така да сеедно кој ќе пее:pos:
 
ne veruvam deka ke ima mnogu narod
koj drug bi otisol vo kamenica osven nekoj od kocani vinica i delcevo :)
 
Само добра реклама и добра организација и ке има луге од сегде...
 
Избришани коментарите за плата на рудари, места кај што пеел Чолиќ и перење пари. Не е темата за тоа.

Од мене плус, ако ништо друго почнаа да се будат другите градови дека не е само Скопје за добри настани.
А за што е темата? За Чолиќ во Каменица.
Моите коментари беа баш за тоа.
Револтиран сум.
 
ne veruvam deka ke ima mnogu narod
koj drug bi otisol vo kamenica osven nekoj od kocani vinica i delcevo :)
Каменица + Кочани + Виница + Делчево + (евентуално) Берово = концерт со минимум 10.000 луѓе.
Ако се решат да доаѓаат и од други градови - ете ти преполн концерт.
 
Ако за настанов пишува во дневните весници, немојте да се зачудите ако дојдат 10.000 автомобили од Скопје, полни со негови фанови.
 
Каменица + Кочани + Виница + Делчево + (евентуално) Берово = концерт со минимум 10.000 луѓе.
Ако се решат да доаѓаат и од други градови - ете ти преполн концерт.
ovie gradovi se edna raka lugje :)
spored mene ne veruvam deka ke ima 10 000 narod,sepak ke pocekame i ke vidime dali ke sobere tolku narod
 
Да се најде некое комбе од паланка до каменица одлично би било.
 
на 28 во каменица е секогаш било преполно, цело кочани, цела виница, за делчево не знам најверојатно и они се таму... можам да замислам сега како ќе биде.. најверојатно нема да одам затоа :)
 
Чолиќ ја „запали“ Каменица

Чолиќ прв пат доаѓа во малата рударска општина, а по повеќе од 3 децении, втор пат во источна Македонија. Настанот, според одговорните во општината, собра над 20 илјади гости од Македонија , но и од соседството.​

getImageThumbnail.axd


Синоќа рударска Каменица беше центар на Македонија, за рударите од Саса, пееше Здравко Чолиќ. По повод празникот на рударите и патронот на општината, голема Богородица, 5-години од рестартот на рудникот Саса и новиот градски плоштад, беа доволен повод за спонзорот рудникот „Саса “да го донесе Чолиќ во Каменица и да ги почести рударите и каменичани со концерт на идолот на многу генерации. Чолиќ прв пат доаѓа во малата рударска општина, а по повеќе од 3 децении, втор пат во источна Македонија. Настанот, според одговорните во општината, собра над 20 илјади гости од Македонија , но и од соседството. И старо и младо ги пееја во еден глас хитовите на Чолиќ.

- Тој е пејач на мојата генерација. Начекавме д а го видиме во живо ќеф ни е што го поканија во Каменица. И мажот ми беше рудар во Каменица, вели жителка на Каменица.

- Па ова е голем ден за Каменица, една ваква балканска ѕвезда да дојде во Каменица, тоа зборува дека тој е пејач на народот, вели гостинка од Скопје.

-Супер одлично, раздвижено, специјално дојдов од Скопје и пријатно се изненадивме, очекувавме мало градче ама овде било многу убаво, вели гостин од Скопје.

Општината настанот не го комерцијализираше, сепак, угостителските објекти очекуваат вкупен приход од 150 илјади евра. За да се сместат сите автомобили имаше посебен сообраќаен режим и зголемена безбедност во градот.

-Денес општина Каменица ќе биде центар на Македонија и на Балканот, плоштадот е уреден целиот, вели Дарко Митевски, градоначалник на Каменица.

Тричасовниот концерт на балканската ѕвезда Чолиќ се случи на новиот градски плоштад, што е прв и единствен плоштад во рударска Каменица. Плоштадот со површина од 2600 метри квадратни е инвестиција на општината од 22 милиони денари.



Даниела Такева​
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom