Сериозно не знаеш за Беко каде е?

Нама од прикаски на моите знам дека во мое време беше прекрстена во Типо. Беко чинам е оној дел кај сегашна Академска книга, некогашен паркинг после сегашната статуа на бик, чинам и градинка има, после Маршал Тито корзото.
Општо за Стоилко сеа.... Реално во последните 5 години живуркаа повеќе отколку што живееја, култноста се загуби откако ја лупнаа без везе капијата, сеа е место-збиралиште на ајкули-таксисти и е реално една од дамките на Скопје. Се сеќавам порано (90тите и почетокот на 00те) кога се` уште постоеше некоја зелена површина до кај плоштадот, како ова место беше збиралиште на сите сограѓани, како беше и средено и се водеше сметка да не се остава толку смет.
Дека уривањето е решение, е. Дека постои подобро, сто посто сум сигурен. Ама лесно е вака, удри на неколку раскликани градби од времен рок, истерај ги од работа. Прашањето е што е следно.... Трговски?
Како беше онаа поговоркана: Дојдоа по евреите, а јас..