Alekr
Kajgana's Heroj Ulice
- Член од
- 28 ноември 2010
- Мислења
- 2.728
- Поени од реакции
- 1.913
Наградата за глупост на годината дефинитивно ќе ја добие еден германски пензионер, кој сакајќи да го заѕида влезот во визбата, на крајот се заѕида сам себе.
Неименуваниот германски пензионер од Гумперда, источна Германија, сфатил дека згрешил дури откако завршил со работата. Полицијата во своето соопштение неговото дело го нарече ’прилично глупаво’.
64-годишниот Германец сакал да заштеди на сметките за греење, па одлучил да го затвори влезот во подрумот. Кога ја ставил последната цигла, сфатил дека останал заробен во подрумот.
Откако два дена поминал во подрумот, одлучил да го сруши ѕидот, но не оној кој го заѕидал, туку на соседот. Но, бидејќи со месеци бил во расправии со комшиите, во моментот кога се појавил од дупката, бил пречекан од полицијата, која сега му подготвува пријава за нарушување на редот и мирот.
Полицијата претпоставува дека не го урнал ѕидот кој го изградил затоа што бил премногу горд на своето дело за да го уништи.