Заврши летниот распуст!

  • Креатор на темата Креатор на темата moskva_bojan
  • Време на започнување Време на започнување
Koнечно :je:
Не само што не сакам многу лета поради жешкавата,не сум голем обожавател на базени,езера и мориња(ок,убаво ми е,ама не е ни којзнае што),летото половина го минуваш на компјутер,јадеш,спиеш,гледаш по некое филмче,излегуваш со другарите и едноставно ми е досадно. Затоа пак кога си у школо,интересно е со другарите,6-7 саата секој ден ги гледаш,се дружиш,и не за друго,мене побрзо ми минува школската година отколку летото бидејќи и има што да се прави(учиш,правиш проекти,се дружиш со другари за време на школо,се шегувате на часовите каде што еден час ви изгледа како еден месец(предосаден),идеш на англиски,италијански,играорна,фудбал,кошарка,музичко и уште многу други обврски на кои доколку одиш заради твоја воља ќе ги доживееш како најлесен начин за брзо поминување време,тука се и тестовите и препишувањето(лол,ама добра причина за школо...) и чекањето да ги дават тестовите со нетрпение да дознаете дали си добил 4 или 5,или 1 или 2 :) ) И секако да не ги набројувам другите работи како читање книга,излегување со другари,седење пред компјутер,сурфање на интернет,слушање музика итн бидејќи тие можат да се прават и преку лето,и преку школска година(ама овдека малце помалце)
Доста зборев,само ќе го повторам првиот збор
Koнечно!!! :je:
 
Колку брзо помина летово значи...
Супер ми пројде,не можам да го прогласам за најубаво зашто секое претходно имаше своја убавина,ама беше најзаљубено,многу нови луѓе...
Прекрасно...:pipi:
Ај за 9 месеци пак.:)
 
wow,не знаев дека има толку луѓе на кои им се иде у школо:)да,може е интересно,другари ова-она,зафрканции и сл.,ама коа ќе ми текне на сите испрашувања,тестови,лектири,нервози ако не си научил..поубаво ми е на распуст:)
 
Блазеси ви, камо да сум сега прва година средно :( златни години, без обврски, максимално уживање, дружење. Среќен сум што оваа година сум апсолвент, па имам мотив и со душа чекам да почне уште една борба со IT :pos:
 
Блазе вас, камо да требаше јас да се подготвувам за нова средношколска година.
Ајде купувајте книги, прибори, ранци:vozbud:
Не сфаќајте толку трагично:)

Ви посакувам пријатни девет и пол месеци, многу петки и интересно поминато време во клупа:happy:
 
Епа луѓе доста од омор, готово е!!! :( иначе да тотално се согласувам дека летово пројде ко ферари што мине на автопат со 320км/ч... хахаха пребрзо иако не се десија некои многу многу работи во него, но сепак пребрзо мина... едно знам дека од горестиниве ќе се отарасам, ама ќе ми недостигаат премногу :) :) хахахахаха
Епа луѓе спремете се за работна сезона почнувајќи од понеделник, уффф лелееееееееееееееееееееееееее хихихи
 
Ее камоли јас сега да бев за четврта или за трета супер ќе ми беше, не дека и сега не е добро но тогаш си со помалку обврски, само треба да одиш на школо, да се дружиш ако имаш нешто за учење да читнеш и друго ништо, ама сега веќе не е се така едноставно, треба да мислиш и за натаму како ќе те биде на фах. за еден месец и други работи, но сепак летово помина многу бргу посебно месец август и со среќа на сите во новата учебна година.
 
Еј што убаво така...кога доаѓа септември добивам желба да се вратам во средно, убави беа тие денови.
А сега кога доаѓа септември јас скренувам од учење, ме полуде факултетов.
Уживајте во овие денови откако ќе завршите ништо нема да биде исто.:smir:
 
Ајде деца, последни карти за Аушвиц. Распродажба има (=

Инаку распустот супер. Помина брзо. Не беше рутина. Пијанство, славење, среќни моменти, тажни моменти, нервирање, заебавање и то. Сега 2 год Економско Оо оО
 
Со лес нека ви тргне годинава, мене баш ми е криво што морам на факултет, најубавите години ми беа средношколските!:(
 
Летово ми беше супер, баш опуштено онака, одморот ми беше незаборавен дефинитвно и сега уште еден месец сум дома.
Чудно, па да не речам и тешко ми паѓа, што нема да одам веќе во средно.
 
Супер лето беше ова, не жалам ниту за еден момент. Супер си минав, а и се одвај чекам на нови предивизци и во школо и надвор. :) Искрено ми се оди на школо. :)
 
Не жалете шо дојде школска година, поинтересно е у школо поинтересно е коа имаш некоја обрска у денот. Размислете поубао и ке витите дека секој ден ви е рутина, секој ден едното исто.....
Јас имам уше еден месец :)
 
Супер лето мислам најисполнето до сега.А сега немам преголема желба за школо ама па и не ми смета.Ќе се видам со сите по подолго време и така.:)
 
А зошто мора да расипувате ден.. со една мисла... :vozbud::vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom