Зависност од игри (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата The High Commander
  • Време на започнување Време на започнување
Еве да ви кажам јас што мислам за ова. Прво ќе ви кажам дека пред скоро две години решив дека некако ќе работам токму околу видео-игрите и оттогаш учев, истражував (и нормално играв) се` и сешто за нив.

Зависност од игри нема и нема никакви научни докази дека има. Е сега, јасно ни е на сите дека постои нешто што го вака го викаме и за тоа многу подобар термин е нешто како подолготраен степен на ангажираност и според мене е сличен со она што го викаат зависност од работа (работохолик, workaholic) и не е некоја страшна работа. Може да прави проблеми кај тој што ќе се јави ама со соодветни постапки и може да се исчисти, не е како хемиските зависности кај кои резултатите никогаш не се сигурни.

Прво да расчистиме неколку работи. Игрите не се губење време. Игрите се безбеден начин на стекнување на одредени вештини преку правење (виртуелна) работа која сакаме да ја работиме затоа што работејќи ја, таа не усреќува (или не забавува).
Значи кога некој игра игра тој прави некоја работа - мозокот (и други делови од телото, зависи од игрите) интензивно работи и се троши енергија.
Работејќи ја таа работа ние стануваме се подобри и подобри во тоа – учиме. И системите во игрите се така дизајнирани што ние добиваме нешто од таа работа што разбудува позитивни емоции кај играчот и чувство пак да продолжи. Накратко тоа.

Последната работа е таа каде работите можат да тргнат наопаку. Тука е можеби и факторот на поврзување со некои други играчи кај мрежните игри. Има веројатно и други фактори.

Ако забележите дека сте влегле во тој „дологотраен степен на ангажираност“ очигледната работа е да се одангажирате односно да намалите со таа игра. Како? Епа не сум доктор или експерт ама следово можеби би работело. Пуштете друга игра, по можност за еден играч оти тие имаат крај, и со неа одземете си дел од играњето на првата, критичната игра. Обидете се (дел од) вештините стекнати во едната да ги примените во другата. Па потоа и во трета, ако е потребно и во четврта. Кога ќе ви легни оваа транзиција од наслов во наслов, направете транзиција во реалниот свет. Тоа не значи да ги напуштите игрите засекогаш, туку да ги искористите вештините стекнати од игрите во реалниот свет. Некои свесно ќе ги правите некои едноставно така ќе ви идат, суптилно и инстинктивно ама обидете се да ги забележите. Кога ќе направите тоа ќе ја видите големата слика на игрите и никогаш повеќе нема да се повтори „зависноста“.

Работава ако си зависен од игрите иди упали друга игра а? Добри сте:pos:
И кои вештини жити се ги стекнуваш со играње, ако мислиш фаќање хемороиди и пумпање килограми ондак да :D
Не ме заебавај, еднино нешто што игрите прават е ти го отупуваат мозокот и те анти-социјализираат. Шо не играте фудбал и кошарка надвор место PES и NBA? Или играте CoD и мислите дека се знаете за војните општо и ќе ја спасите државава од инвазии во иднина? :pos:Не ме јеби. Кликање на 2 дугмиња, дремење со саати и зрачење на 20 сантима неможе ништо позитивно да носи

Од каде излезе „рестрикцијата“ Online ?!
--- надополнето: 26 април 2012 во 10:16 ---
On topic :
1. Англиски јазик - Читање и слушање(разбирање). Посебно оние постарите РПГ-а со книжевен стил.
2. Ориентација/читање на мапа - as in најбрз/најбезбеден/најефикасен начин на стигнување од A до B.
3. Економска математика - Дали ќе земам појше ако шитнам 3 дагери шо тежат 0.5 кг и коштаат А, или ракавици од 1 кг што коштаат Б.

Ниедна „вештина“ не е вештина како таква, ама нуди интелектуална стимулација без која мозокот закржлавува. Што учат копиљаците што пратат фудбал 5+ утакмици неделно (7.5 саати), и/или гледаат филмови for that matter ?!

Тоа што игрите го имаат (во изобилство) а „вистинското учење“ го нема/има во нијанси е забава.

За кецов ајде, ја од таму научив вака да зборам англиски, ама 2 и 3 ти се смешни. Каква ориентација на мапа бре не си авантурист па да се ориентираш на мапи. И 3кава, леле колку корисна вештина од игриве, математика шо се учи у прво одделение :pos:
ЕДИНО нешто што е интересно е стекнувањето на „мали пријателства“ од земји ширум светот и дознавање за нивните обичаи/навики/живот/принципи/размислувања/јазици али ова нема да ти има никаква корист во иднина верујте
 
ти го отупуваат мозокот и те анти-социјализираат.

Не верувам дека те отупуваат ама дефинитивно те затвараат дома, односно те прават асоцијален. Секоја подобра (позаразна) игра е така направена за да те однесе во еден друг свет, во кој можеш да избегаш кога не ти се допаѓа во вистинскиот свет. Со тоа очигледно губиш пријатели во вистинскиот свет.
 
За кецов ајде, ја од таму научив вака да зборам англиски, ама 2 и 3 ти се смешни. Каква ориентација на мапа бре не си авантурист па да се ориентираш на мапи. И 3кава, леле колку корисна вештина од игриве, математика шо се учи у прво одделение :pos:
ЕДИНО нешто што е интересно е стекнувањето на „мали пријателства“ од земји ширум светот и дознавање за нивните обичаи/навики/живот/принципи/размислувања/јазици али ова нема да ти има никаква корист во иднина верујте

Фала за деталното објаснување на "the workings of the brain and learning." Топ си срц, мва. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom