Зависност од игри (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата The High Commander
  • Време на започнување Време на започнување
И јас бев зависник од игри и тоа многу, цело средно го претепав играјки и фах на почеток исто мн играв ама коа видов дека сите другари си ичистија скоро со све на фах а ја уште статус кво сум аа нихт игри веке ја иам само Фифа 12 ради коа ке дое другар да изиграм една две иначе никако веке!
 
ако почнеш онлајн после ништо не е зависно особено игри како Call Of Duty или некој mmorpg..
 
Зависност !
Како дете(во основно) бев зависен од нинтендо, а посебно од флипери, после школо обавезно со другарчињата ’’спиевме’’ во најблиската флиперница во маало !
Во средно, а и одреден период потоа бев страшно зависен од компјутерски игри, веднаш откако ќе дојдев од школо фрлав ранецот од мене и седнував на компјутер, скоро секоја недела си купував нова компјутерска игра(ново ЦД) и ја вртев за неколку дена(2/3/4/5 дена) !
Сега работам од сабајле(прва смена), но после 17ч сум заразен од интернетов, а посебно од форумов ! ;)
 
Секако дека постои зависност од Игри.За жал и ја пројдов низ оваа зависност.
Ја бев зависен од WoW.Почнав некаде прва година средно да играм,и 4 год од средно ми пројдоа со гејмање.Гледам некој зборат за завис од една две парии од 3-4 саати што прошле на некоја игра.А ја бев ептен дебело заразен и играв секој ден по 12-15саати.:icon_mrgr:Посебно првите години.
Буквално неможев да станам од играва како цел мозок и тело да ми се хранеа од играва.Кога си го вараќам филмот се чудам како не сум можел да сменам нешто
Фала богу сеа скоро и да не играм онака чисто од досата по 1 саат тепам време
И порака до сите баталете тоа игрите нема аир само ќе се запустите,наместото да играте игри идете надвор издувајте се
Едноставно не вреди
 
E, тоа е тоа брат. И ти како мене си прошол низ истото.
Апсолутно се слагам со поракава на крај.
 
Еве да ви кажам јас што мислам за ова. Прво ќе ви кажам дека пред скоро две години решив дека некако ќе работам токму околу видео-игрите и оттогаш учев, истражував (и нормално играв) се` и сешто за нив.

Зависност од игри нема и нема никакви научни докази дека има. Е сега, јасно ни е на сите дека постои нешто што го вака го викаме и за тоа многу подобар термин е нешто како подолготраен степен на ангажираност и според мене е сличен со она што го викаат зависност од работа (работохолик, workaholic) и не е некоја страшна работа. Може да прави проблеми кај тој што ќе се јави ама со соодветни постапки и може да се исчисти, не е како хемиските зависности кај кои резултатите никогаш не се сигурни.

Прво да расчистиме неколку работи. Игрите не се губење време. Игрите се безбеден начин на стекнување на одредени вештини преку правење (виртуелна) работа која сакаме да ја работиме затоа што работејќи ја, таа не усреќува (или не забавува).
Значи кога некој игра игра тој прави некоја работа - мозокот (и други делови од телото, зависи од игрите) интензивно работи и се троши енергија.
Работејќи ја таа работа ние стануваме се подобри и подобри во тоа – учиме. И системите во игрите се така дизајнирани што ние добиваме нешто од таа работа што разбудува позитивни емоции кај играчот и чувство пак да продолжи. Накратко тоа.

Последната работа е таа каде работите можат да тргнат наопаку. Тука е можеби и факторот на поврзување со некои други играчи кај мрежните игри. Има веројатно и други фактори.

Ако забележите дека сте влегле во тој „дологотраен степен на ангажираност“ очигледната работа е да се одангажирате односно да намалите со таа игра. Како? Епа не сум доктор или експерт ама следово можеби би работело. Пуштете друга игра, по можност за еден играч оти тие имаат крај, и со неа одземете си дел од играњето на првата, критичната игра. Обидете се (дел од) вештините стекнати во едната да ги примените во другата. Па потоа и во трета, ако е потребно и во четврта. Кога ќе ви легни оваа транзиција од наслов во наслов, направете транзиција во реалниот свет. Тоа не значи да ги напуштите игрите засекогаш, туку да ги искористите вештините стекнати од игрите во реалниот свет. Некои свесно ќе ги правите некои едноставно така ќе ви идат, суптилно и инстинктивно ама обидете се да ги забележите. Кога ќе направите тоа ќе ја видите големата слика на игрите и никогаш повеќе нема да се повтори „зависноста“.
 
Значи јас напишав што е психичка, а што е физичка зависност. Дали е старшна или не, пробај па ќе видиш. Прашај некој што искусил па ќе видиш.

Прво да расчистиме неколку работи. Игрите не се губење време. Игрите се безбеден начин на стекнување на одредени вештини преку правење (виртуелна) работа која сакаме да ја работиме затоа што работејќи ја, таа не усреќува (или не забавува).
Значи кога некој игра игра тој прави некоја работа - мозокот (и други делови од телото, зависи од игрите) интензивно работи и се троши енергија.
Работејќи ја таа работа ние стануваме се подобри и подобри во тоа – учиме. И системите во игрите се така дизајнирани што ние добиваме нешто од таа работа што разбудува позитивни емоции кај играчот и чувство пак да продолжи. Накратко тоа.
Игрите и те како се губење време. И сега, тука не збориме за рекреативно играње од време на време, по пола саат дневно. Тоа не е ништо. Ја да сум го посветел сето тоа време што сум го посветил на гејминг, на нешто корисно, на вистинско учење, денеска ќе бев доктор на науки, милјонер ќе бев. Неврохирург ебате.

Последната работа е таа каде работите можат да тргнат наопаку. Тука е можеби и факторот на поврзување со некои други играчи кај мрежните игри. Има веројатно и други фактори.

Ако забележите дека сте влегле во тој „дологотраен степен на ангажираност“ очигледната работа е да се одангажирате односно да намалите со таа игра. Како? Епа не сум доктор или експерт ама следово можеби би работело. Пуштете друга игра, по можност за еден играч оти тие имаат крај, и со неа одземете си дел од играњето на првата, критичната игра. Обидете се (дел од) вештините стекнати во едната да ги примените во другата. Па потоа и во трета, ако е потребно и во четврта. Кога ќе ви легни оваа транзиција од наслов во наслов, направете транзиција во реалниот свет. Тоа не значи да ги напуштите игрите засекогаш, туку да ги искористите вештините стекнати од игрите во реалниот свет. Некои свесно ќе ги правите некои едноставно така ќе ви идат, суптилно и инстинктивно ама обидете се да ги забележите. Кога ќе направите тоа ќе ја видите големата слика на игрите и никогаш повеќе нема да се повтори „зависноста“.
A да те прашам дур си онлајн, кои корисни вештини ги стекна ти од гејмингот? Во кое поле од животот сега си пообразован, постручен?
 
Еве да ви кажам јас што мислам за ова. Прво ќе ви кажам дека пред скоро две години решив дека некако ќе работам токму околу видео-игрите и оттогаш учев, истражував (и нормално играв) се` и сешто за нив.

Зависност од игри нема и нема никакви научни докази дека има. Е сега, јасно ни е на сите дека постои нешто што го вака го викаме и за тоа многу подобар термин е нешто како подолготраен степен на ангажираност и според мене е сличен со она што го викаат зависност од работа (работохолик, workaholic) и не е некоја страшна работа. Може да прави проблеми кај тој што ќе се јави ама со соодветни постапки и може да се исчисти, не е како хемиските зависности кај кои резултатите никогаш не се сигурни.

Прво да расчистиме неколку работи. Игрите не се губење време. Игрите се безбеден начин на стекнување на одредени вештини преку правење (виртуелна) работа која сакаме да ја работиме затоа што работејќи ја, таа не усреќува (или не забавува).
Значи кога некој игра игра тој прави некоја работа - мозокот (и други делови од телото, зависи од игрите) интензивно работи и се троши енергија.
Работејќи ја таа работа ние стануваме се подобри и подобри во тоа – учиме. И системите во игрите се така дизајнирани што ние добиваме нешто од таа работа што разбудува позитивни емоции кај играчот и чувство пак да продолжи. Накратко тоа.

Последната работа е таа каде работите можат да тргнат наопаку. Тука е можеби и факторот на поврзување со некои други играчи кај мрежните игри. Има веројатно и други фактори.

Ако забележите дека сте влегле во тој „дологотраен степен на ангажираност“ очигледната работа е да се одангажирате односно да намалите со таа игра. Како? Епа не сум доктор или експерт ама следово можеби би работело. Пуштете друга игра, по можност за еден играч оти тие имаат крај, и со неа одземете си дел од играњето на првата, критичната игра. Обидете се (дел од) вештините стекнати во едната да ги примените во другата. Па потоа и во трета, ако е потребно и во четврта. Кога ќе ви легни оваа транзиција од наслов во наслов, направете транзиција во реалниот свет. Тоа не значи да ги напуштите игрите засекогаш, туку да ги искористите вештините стекнати од игрите во реалниот свет. Некои свесно ќе ги правите некои едноставно така ќе ви идат, суптилно и инстинктивно ама обидете се да ги забележите. Кога ќе направите тоа ќе ја видите големата слика на игрите и никогаш повеќе нема да се повтори „зависноста“.
Тоа е тоа. Со мали модификации и ќе ја затнеше темата до крај!

Малку глупо што се гледа на гејмингот како завист или како анти социјализација (мора да има постручен термин за ова, не ми текнува ич). Пример, претежно си уживам во игрите. Ако ми здосади таа, си симнувам нова да речеме, ако е онлајн sign out и ајт. Од друга страна, некој си ужива што знам, да трчкара секој ден покрај кеј. Разлики во луѓето мора да има. Е сега, проблемот е во тоа што оние кои трчкараат гледаат на гејмингот баш како на завист и трошење време безвезе, за разлика од гејмерите што ретко сум слушнал/прочитал некој да каже „абе ајде сега ќе трчам на кеј, која глупост е тоа“. Има улога и општеството малце со сите познати стереотипи што влијаат на (не)сфаќањето на оние луѓе што прават нешто поинаку.

Си играм секојдневно, некогаш пак и претерано, факт е. Но, сум уживал во тоа! Можеби сум запоставил некоја побитна работа во животот (а во моментов ми се вртат доста примери) ама се средувало после т.е. се компензирало со други работи. Највеќе оправдувам играње стратегии, ма да во последно време некако слабо стојам лично на тоа поле. Докажано е дека стратегиите го развиваат мозокот. Можеби нема да бидеш физички способен да речеме, ама ќе ти работи логиката! Колку помагаат е релевантно прашање, кај некој може и ич да не помогне. Оние што даваат пари за играње се најостро осудени чинам. Никогаш не сум дал пари за игра (освен за купување на времето, ама се знае кон што се цели. Читај: работи кои ти ја олеснуваат играта), сум земал убава сума до сега не негирам има доста луѓе кои народски кажано „спијат“ на онлајн игрите и прават ненормално многу пари со продавање ствари. Но, ова не значи дека некој е глуп или што знам ако даде пари за некоја игра. Тој си ужива во купените ствари исто толку колку што некој ужива да пие кафе во кафуле секој ден.

„Зависното“ играње може да се прекине, но во младите години е некако невозможно. Токму во истава тема некои членови го потврдија тоа. Понатаму веќе те газат битни обврски како факултет, работа и сл. па немаш ни време за тоа, а и почнува да ти здосадува некако.
A да те прашам дур си онлајн, кои корисни вештини ги стекна ти од гејмингот? Во кое поле од животот сега си пообразован, постручен?
Прост пример, а има доста веруј. Запознаваш некој од што знам, еве Холандија мање битно. Си правиш сериозен муабет на дадена тема со него кој и те како ти прија додека правите некоја задача зададена од играта да речеме (Да, истиот муабет можеш и на фејсбук да го правиш со истиот човек, но вака бар тоа го правиш во забава). Учиш да не ги судиш луѓето според изгледот бе. Од другата страна може да седи некој дебељуцко кој никој не го есапи 2% во реалниот живот, ама тебе тоа не те интересира. Нешто слично на МСН деновите де, ќе ти текне.
 
A да те прашам дур си онлајн, кои корисни вештини ги стекна ти од гејмингот? Во кое поле од животот сега си пообразован, постручен?
Од каде излезе „рестрикцијата“ Online ?!
--- надополнето: 26 април 2012 во 10:16 ---
On topic :
1. Англиски јазик - Читање и слушање(разбирање). Посебно оние постарите РПГ-а со книжевен стил.
2. Ориентација/читање на мапа - as in најбрз/најбезбеден/најефикасен начин на стигнување од A до B.
3. Економска математика - Дали ќе земам појше ако шитнам 3 дагери шо тежат 0.5 кг и коштаат А, или ракавици од 1 кг што коштаат Б.

Ниедна „вештина“ не е вештина како таква, ама нуди интелектуална стимулација без која мозокот закржлавува. Што учат копиљаците што пратат фудбал 5+ утакмици неделно (7.5 саати), и/или гледаат филмови for that matter ?!

Тоа што игрите го имаат (во изобилство) а „вистинското учење“ го нема/има во нијанси е забава.
 
Еве и јас да кажам дека не се чувствувам зависен од игрите, а сите околу мене викаат дека сум. Играм игри од секогаш, прво оние џебните (руски) видео игри, па флпери и Gameboy паралелно, нинтенда, сега мега драјв, нинтендо 64, ПС1 и секако на компјутер. Во далечната :) 1995 го добив првиот компјутер, чинеше околу 5500 германски марки тоа време. Покрај тоа што научив да работам на компјутер (corel office, sk solver, auto cad и така натаму) играв и игри. Во прво време single player (Dungeon Keeper, Test Drive - Off Road, AoE, Heroes сериалот и така наваму) но почнав и MMO. Беше тоа Ultima Online. После тоа искуство ништо не е исто. Минав и низ Quake, Unreal, Counter Strike, па DotA, па WoW, па Cabal Online, во меѓувреме single player RPG цепав Ice wind dale 1 и 2, Neverwinter Nights и сите слични добри игри. Секој ден играв игри, што дома, што излезен ( во интернет кафе - нормално). Имаше периоди, обично преку лето кога играв и по 14ч дневно.

Завршив факултет, се вработив, се оженив...ама НЕМОЖАМ без игри. Ако не играм по 2-3 часа дневно, не сум јас. Ако не сум дома, гледам клипови на Youtube за и од игри нормално, правам муабет за игри, мислам на игри, а и на телефонот имам емулатори од неколку платформи, gameboy и GBC, N64.

Се согласувам дека постои зависност од игри. Јас сум зависен од игри. Ако не играм игри повеќе време (2-3 дена) чувствувам нервоза, некако поинаку се чувствувам.
 
Како помал 6-7 оделение памтам бев заразен со кантер буквално цел ден и ноќ само тоа го правев, ќе станам ќе јадам одма на компјутер и 5-6 саати кантер па нашколо па после школо со другарите пак кантер.. ќе дојдам дома пак кантер играм до другата ден и секој ден се така. Така да сметам дека претежно зависноста може (се јавува) кај децата на помала возраст, штознам овие повозрасниве мислам може да се контролираат и да играат ради забава по некој саат на ден а не по цели денови. Ете сеуште сум гејмер и знам да изиграм некоја партија ракомет, фудбал но максимум по саат време во денот а некогаш и ич ..
 
Иам едно правило и добро е што си го исполнив а тоа е дур не стигнеш фах утепај се од играње игри ама буквално утепај се а после на фах само стрикно учење и забави, тоа јас го праев, тоа ке го терам и син ми да го праи ако иам се разбира. И да само што јас се заебав не играв само една игра туку играв повеќе игри(FPS,MMORPG,Strategy) тоа е едина грешка што ја напраив додека играв!
 
Никогаш сум немал зависности од игри,увек сум искачал сум се социјализирал и никогаш немам ништо запоставувано поради игрите,можда не сум добар на факултет но тоа не е поради игрите бидејки имало периоди кога не сум гејмал ништо и пак не сум учел...
Никогаш не се десило да не искочам викендашки или да не отидам некаде поради игра,гејмам само кога стварно нема што да се прави саат време и поради тоа една игра вртам доолгоо време :)
Мислам дека све е до човекот,секој со својата психа и менталитет ако видиш дека многу се занесуваш во игрите и запоставуваш битни аспекти од животот,олабави од гејмање :)
 
Зависност постои како што спомна Kocka :) и според мене најчесто тоа се јавува кај луѓе што играат онлајн

Мене лично ми смета што не демонизираат Нас луѓето што играат видео игри а според истите потполно е во ред да гледаш турски и други слични серии и сапуници од 07 попладне додека не си легнеш од Понеделник до Петок и плус за викенд и плус да подгледнеш и некоја реприза во текот на неделата. Ма немој ме јебат

Инаку јас лично немам некое искуство со онлајн играње, претежно играм SP и тоа најчесто само еднаш до крај и готово (со чест на исклучоци).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom