Заспивалки/Lullabies

  • Креатор на темата Креатор на темата zmej gorjanin
  • Време на започнување Време на започнување
Z

zmej gorjanin

Гостин
Пошто не најдов соодветна тема посветена на приспивни детски песни, ја отварам темава кај што ќе можете да постирате песни со кои ве успивале вашите мајки и баби или песничките кои им ги пеете/пуштате на вашите деца пред да заспијат. Значи не мора да се исклучиво традиционални и македонски туку да се пред се заспивалки.


Оваа ми е омилена од овие балкански простори, јес да е бугарска верзија, но има и македонска верзија на текстот (не сум сигурен дали е целиот):

Кокиченце, девојченце бело бело беличкооо,
што си дошло толку рано, рано си порасналооо,
што си дошло толку рано, рано си порасналооо.
Јас сум дошло мили деца радост да ви донесам,
дека зимата си оди и доаѓа пролетта,
дека зимата си оди и доаѓа пролетта

 
Убава тема.

Мене многу ми се допаѓа една кратка од прекрасната ТВ серија „Опстанок” (by Синоличка Трпкова). Понекогаш му ја пејам на малиот.

Нани мило, нани
Во тревките збрани
Бубачки се кријат
Со тебе ќе спијат.

А со варијанта на оваа многу стара заспивалка (оваа верзија ја најдов на нет), ме успиваше мене баба ми:

Цуцул паси говеда,
покрај река Ситница,
ми помина Лисица,
- "Добро Утро, Цуцуле",
-"Дал Бог добро, Лисицо"
-"Што е врева во село?"
Комарец се женеше,
за Мушичка душичка,
Мечка брашно сееше,
Петел дрва цепеше,
Кокошка ги редеше,
Ој, кокошко мендушко,
уб'оо реди-и дрвата,
да не ти-и скокотнам ребрата.
 
Последно уредено:
Ги имам порано објавено на некоја тема и заразив одредени членови. Ајде да го објавам пак моето откритие. Проверено функционира, ги пробав на внучето кое за некоја минута заспа :D

Rockabye Baby Radiohead - There There

Nine Inch Nails - Rockabye Baby! - Hurt

Lullaby Renditions of Pink Floyd - Time

Имате и Нирвана и Цепелин и ред други бендови.
 
Нани, нани, бебенце
надвор пее петленце
пее, кукурика
тебе ми те вика!


Песната била изгледа „стани бебенце“, ама сите ја пеат вака.

Исто и оваа ми е омилена.
 
Последно уредено:
Уште една интересна, на некоја хумористична претстава ја слушнав, и оваа понекогаш на шега му ја пејам:

Нани нани синче
Да ми станеш џинче
Да ми јадеш папо
Оти сѐ е скапо. :aplauz:
 
Баба ми секогаш не заспиваше со оваа песна ( иако не е детска приспивна ) - Тiho noci ,moje zlato spava...



а имаше една ,, Дундо дундо дебела, свадба ти е внедела ,, нешо беше. Комшиката и ја пееше на внуката. Ако ја зне некој цела, нека ме просветли па да се насмеам...
 
Баба ми и дедо ми ме заспиваа со една варијанта на песнава (по лајт верзија), ме интересира дали и на некој друг му ја имаат пеено :D.
 

Ќерка ми само на оваа заспива навечер,иако не е баш заспивалка, навикната е на неа изгледа.
 
а имаше една ,, Дундо дундо дебела, свадба ти е внедела ,, нешо беше. Комшиката и ја пееше на внуката. Ако ја зне некој цела, нека ме просветли па да се насмеам...
Ја знам ама срам ми е да ја кажам:oops:


Иначе он, ова би требало да функционира
Chopin-Nocturne op.9 No.2
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom