Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А као постои идеална возраст на која треба да работиш ко коњ за да си купиш ајфон 4, 5, 6, 7, 8 и некој галакси мобилни?
Нека си ги троши парите за што сака. Ако се наоѓа у друштво каде што сите имаат ајфони, и ако сака толку да го има, ако му требаат понапредни опции на мобилен телефон, а неговите не можат да му дозволат, нека зема. Што има да се меша друг у мојот избор на купување? И он петнаетсетгодишник и оние 26 годишни момци/девојки што работат, а љубители на подобро опремен телефон, можат да си дозволат таков модел баш затоа што работат. Тоа ти е исто како да се мешаш у трошењето на платата на секој што заработува, без разлика на која возраст е.![]()
како прво ако затебе е крајно бесценето да се трошат пари на ајфони и на андроиди за некој што е љубител на технологијата не е... и како второ не е за курчење туку сакам да бидам во тек со технологијата да видам шо е ново ,да видам како функцјонира ,да го поправам да го расипувам итн ... ако ме разбираш и како трето да ти кажам дека ногу мразам фалење и до сеа речиси никогаш се немам пофалено за ајфон или за нешто друго ..поззНемам ништо против тоа да работиш и да си заработуваш добра пара,но според мене,е крајно бесцелно да работиш за некој ајфон,ајпод, или за уште ај-билошто.Ај што нема некоја огромна разлика,туку тоа ви служи колку за к*рчење дека го имате...јака муда ако ти е на тач има ваков екран има онаков екран има ова има она...не дека е нешто боље,туку повеќе ќе се секираш за телефонот отколку за самиот себе.Има многу поинакви и поубави работи да си купиш кои и понатаму ќе ти користат,сигурно ова ќе ти трае додека искочи некој понов модел.Доколку ти служи тој телефон,нема потреба да купуваш,нов,поскап,сличен со тој што моментално би го имал,освен ако не ти е за друга намена која што ја практикуваат денешните 16-17-18 годишни деца "Види,види си купив ајфон/галакси или друг рандом скап модел" само за да се покажат пред другите.
како прво ако затебе е крајно бесценето да се трошат пари на ајфони и на андроиди за некој што е љубител на технологијата не е... и како второ не е за курчење туку сакам да бидам во тек со технологијата да видам шо е ново ,да видам како функцјонира ,да го поправам да го расипувам итн ... ако ме разбираш и како трето да ти кажам дека ногу мразам фалење и до сеа речиси никогаш се немам пофалено за ајфон или за нешто друго ..позз
а шо е за вас уживање ? седење од 9 сабајле до 2 навечер пред PC? и плус тоа никој не ме тера сосила да работам(дури и ми забрануваа) па така да сигурно тоа од уживанција го праам или да не речам оти ми е досадно дома да се излежавамНајдобро е на таа возраст да си уживаш во детството кога си уште млад, зашто послем цел живот ќе работиш глава нема да можеш да кренеш од работа![]()
секој со свое мислење ама не суди пред време иначе за ајфонот се предомислив арен е и овјој на лето тјунинг на моторчето ќе му праамРеков и пак ќе речам,секој со своето мислење.Мислам дека се разбравме.Поздрав и ако си го купил (планираш да го купиш или веќе го имаш) со здравје да си го носиш и да ти служи![]()
секој со свое мислење ама не суди пред време иначе за ајфонот се предомислив арен е и овјој на лето тјунинг на моторчето ќе му праам![]()
знаеш....(некаде ,не е битно каде )некои, од вработените по детските градинки- сметале дека децата треба да се учат од мали на работа , па ги терале децата од 5 години со гребла да собираат паднати лисја , да и чистат по дворовите ,,,,,ама кога дознале родителите -ееее тогаш било интереснотоЈас на млади години, косев дворови, редев дрва, ме праќаа до продавница, често сум помагал на пензионери се разбира за добра пара. На времето секогаш имав за снежец, галеб чоколадо и жетони за на сноу броз![]()
Aко беше сериозен за понудава за работа. Ја уште од сеа ти каживам дека сум ти на располагање цел школси распустЗа децата само мотика и некоја нива со грутки... Да се научат на ред... Не сите опнале се и чекат од негде нешто да падне....
Берејне товарајне земјоделски продукт... Јас секојпат иам проблем со наваѓајне работници.. Давам 600 денара дневница (8 саата) 2 пати јадејне и една гајба праски/сливи/грозје (зависи шо се бере)... и на крајо па никој нејке, оти било тешко....
3 дена сам терал калфа за мајсторо шо лепи еден камен околу куќата.. Калфата требеше само да му носе каменчиња (еден по еден) и да ги мие со вода... Исто 2 пати јадејне и 400 денара дневница.... Ама никој нема, на крај на еден брачед се помолих синчето да си пуште, иначе јас ќе требеше да сам калфата....
Друг пример, да дојде некој на жетва со мене... Само да товараме вреќите и балите...1 ден работа 500ка, ладно пиво цел ден, 2 пати јадејне... Нема бе брате... на крај сам си товарих житото, и сламата, сам си го растоварих....