Хеј..јас имав замислено другарче кога бев мало.И не знам зашто да доведе до болест обично замислено другарче на малечко дете..
Секако,децата израснуваат од нив,многу не се ни сеќаваат затоа што рано почнуваат во градинка,во школо и некако рано им почнува соцјалниот живот.
Инаку моето замислено другарче..никогаш не му дадов име иако се сеќавам дека се трудев да му дадам..кога бев сама дома(а како мала често бев) многу ми помогна тоа што имам “другарче„ така да не се чувствувам осамено и не ми беше страв.Знаев дека не постои во реалноста,дека сама со себе си играм,ама не си признавав

Покрај тоа што постоеше невидливото другарче,не ретко им зборев на куклите,на цвеќињата..„ти седи овде,ти сеа ова ќе го праиш,ти сеа ко демек на него ова ќе му речеш“...и слични муабети...
Мене многу ми помогна бе другарчево,кога и да се враќав по темница дома,се чувствував заштитена од него,ќе ме брани ако некој сака да ме украде
Добро сеа...никој не знаеше дека постои,сепак срам ми беше да зборам за неа..него...тоа...хмм..
Ама сега ми изгледа нормално