Закон за поводник и заштитна маска

  • Креатор на темата Креатор на темата Lu
  • Време на започнување Време на започнување
Јас искрено се чудам како ние сите пораснавме во средина каде секоја зграда или маало имаше малско куче, кое нити беше вакцинирано, нити врзано, уште помалце расно. Па ете сите здрави и живи пораснавме.
Исто пораснавме во време кога ке дојдеше време за отсрел на вишакот на џукели, ке кажеа преку радио сите кои имаат кучиња да си ги врзат, и да не ги пушаат на улица пошто ловџиите ке врват да чистат.
Така да не е до кучињата, до луѓето е.
 
Јас го практикував ова и без закон, нон стоп со маска го шетав питот додека не не нападна скитник и мене и моето куче. Од тогаш до ден денес фрлив и маска и све. Нека се реши еднаш проблемот со скитниците кои начукале 10000 болести, и да сме безбедни тогаш во ред.
Зошто не му ја извади маската во тој момент ?
Јас апсолутно го поддржувам законот, но доколку дојде ситуација безбедноста на моето куче да биде загрозена, веднаш ја вадам маската.
 
Законот за поводник и маска не е од сега, тој важи од 1ви Јануари 2008 година,се работи за член од законот за јавен ред и мир. Наведено е дека на јавни површини сите кучиња мораат да носат маска и поводник. Единствен исклучок се ловџиски кучиња за време на лов и овчарски кучиња за време на терање стока. За ова може да казнува полицијата. Според законот за јавна чистота пак сопственикот е должен да ги собере и фекалните отпадоци од кучето на јавни површини. И за ова исто така може да ве казни полиција иако е предвидено ова да го регулира комунален редар. Инаку според измените во Законот за заштита и благосостојба на животните сите домашни миленици од типот кучиња и мачки стари над 4 месеци треба да бидат микрочипирани а исто така таа е и закнската возраст од која кај нас мораат да бидат и вакцинирани против беснило.За чипирање сеуште нема регулирање бидејки не е воспоставен електронски систем за нивна евиденција нити пак има стасано МК чипови, така да за тоа засега не се казнува.
Скандинавските, а и сите западни земји имаат далеку поголема кинолошка култура од нас, па таму постојат најразлични часови и опции за дресура и социјализација на кучињата уште од најрана возраст, таму куче што трча влече, скока по луѓе на улица се смета за невоспитано - камоли пак да напаѓа - тогаш се прогласува за опасно. Да, никој не те присилува да му ставиш маска на кучето, но во секој момент си одговорен за неговите постапки.
Шинтер службата кај нас не е и неможе да биде ефективна - освен ако имаш личен шинтер кој ќе оди да ги лови скитниците во близина.
Blagodaram za objasnuvanjeto, znacu zborime za stariot zakon, vo red e.
Inace toa za izmetot go praktikuvam uste odkako gi imam kucinjata, zadolzitelno sobiram izmet.
Za nekoj koj rece da se resi problemot so bezdomnite zivotni, da poddrzuvam resavanje na problemot, ama ne poddrzuvam eutanazija (ubivanje neznam dali go pogodiv zborot).
 
Зошто не му ја извади маската во тој момент ?
Јас апсолутно го поддржувам законот, но доколку дојде ситуација безбедноста на моето куче да биде загрозена, веднаш ја вадам маската.
И што ако му ја извадиш маската ???
 
И што ако му ја извадиш маската ???
Ако прочита во погорниот пост, членот чува Питбул и Германска Дога.
Еве јас чувам Доберман.

Знаеш ли што ќе се деси ако на разљутен Доберман, Германска Дога или Питбул (и слични моќни раси) им ја извадиш маката доколку во тој момент се нападнати од друго куче ?
Па има да го направат мелено месо другото куче, затоа и реков во таква ситуација да им се извади маската.
Кога сопственикот на другото куче е неспособен да си го исконтролира кучето, и доколку неговото куче го нападне моето куче ... па ни секунда не се мислам, веднаш ја вадам маската, па нека си го собира кучето на парчиња.
 
Зошто не му ја извади маската во тој момент ?
Јас апсолутно го поддржувам законот, но доколку дојде ситуација безбедноста на моето куче да биде загрозена, веднаш ја вадам маската.
Пробав, немав време мораше јас да реагирам за да спречам да го инфецират. Не ми беше вакцинирано од беснило...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Епа ете гледате - токму затоа треба да важи законот за сите, за да не доаѓаме во моменти ,,сега ќе му ја извадам маската,, во спротивно џабе е да дискутираме тука - уште сме див запад.
Хммм ... ај да ве потсетам ќе се сети некој може ... пред некои петнаесетина години во градскиот парк во Скопје, при прошетка, два питбула дофатија француска пудла и буквално ја растргнаа.
Сопственикот на пудлата, се врати со нож и ги закла и двата питбула - газдите останаа цели.
Случајно ја паметам обдукцијата на двата песа, имаа преку сто убоди.
И? Што сме добиле? Само три мртви кучиња, кои настрадале од глупавоста на нивните сопственици.
 
Да, одамна ми ја имаат раскажувано случкава, баш сега ти ме потсети :)
 
Ако прочита во погорниот пост, членот чува Питбул и Германска Дога.
Еве јас чувам Доберман.

Знаеш ли што ќе се деси ако на разљутен Доберман, Германска Дога или Питбул (и слични моќни раси) им ја извадиш маката доколку во тој момент се нападнати од друго куче ?
Па има да го направат мелено месо другото куче, затоа и реков во таква ситуација да им се извади маската.
Кога сопственикот на другото куче е неспособен да си го исконтролира кучето, и доколку неговото куче го нападне моето куче ... па ни секунда не се мислам, веднаш ја вадам маската, па нека си го собира кучето на парчиња.

А зошто чувате на пример опасни кучиња кои итоа како можат да направат голема беља?
Имате некаква потреба од тоа, имате овци за чување нешто или се работи само за престиж демек види јас колку опасно куче имам? Поинаку лаат, лајната помалце им смрдат, можат да зборат или да се качат на дрво? Не стварно зошто ви е толкаво куче освем како што реков престиж.
И не заборавајте дека човекот сепак е на врвот на синџирот на исхрана и тоа не дека е многу силен туку дека е попаметен од сите животни па и од тие вашите ептен опасни и расни кучиња. Да не се божем отпорни на хемикалии? Едно саламче или виршла и толку ке ти биди од тоа твоето опасно куче.
 
А зошто да чувам џукела, кога можам да чувам вистинско куче ?
Чувам Доберман, затоа што според мене тоа е совршена раса, куче со аристократски изглед, фантастична градба, едно од најинтелигентните раси, темпераментен карактер, брз и еластичен, мускулест и снажен пес ... значи сето ова што го поседува Доберманот кога ќе собереш на купче, тоа се тие карактеристики што според мене ја прави расата совршена и идеална за мене, ете затоа ја одбрав оваа раса да ја чувам.
А расата Доберман сама по себе, ниту е опасна ниту агресивна, се додека не почувствува дека е загрозена неговата безбедност, или безбедноста на неговиот сопственик.
Секое куче кое што би било нападнато од друго куче, ќе се брани, безразлика на расата.
 
Само за едно нешто ке ти реплицирам во постов. Секоја раса е посебна по нешто, и нормално е дека за одредена личност ке се издвојува од другите. Ама не ми се допага она што си го напишала ЏУКЕЛА, таквата поделба на кучињата на расни и џукела ми е иста со поделбата на белци и црнци. Нели сме против расизмот, сепак и тие кученца не се ништо криви што биле родени на улица или пак нивните родители немале некој од карактеристиките кој ги наброја.
А за се останато се согласувам, и сакам нешто друго да додадам, ова се однесува повеке на членот мкд владе пред тебе, НЕМА опасни кучиња се зависи од тоа како ке го воспиташ.
А решението кое го предложуваш јас би му го дал на секој кој сака да се пресмета со некој миленик на таков начин. Нема ништо полошо и по нечовелно од твојот предлог. По ова што го напиша незнам како ти се нарекуваш љубител на животни и како имаш миленик дома, ако воопшто имаш.
 
Погрешно си ме сфатил :)
Кога реков „Џукела“ воопшто не мислев на уличните кучиња ... ваквите кучиња бездомници / скитници / улични ... наречи ги како сакаш, најчест збор што го употребува нашиот народ за ваквите кучиња е Џукела.
Но јас кога реков Џукела воопшто не мислев на нерасно куче скитник, туку мислев на расно куче кое што не ги исполнува моите стандарди што треба да ги поседува некое куче за да го чувам :)
Моја грешка, требаше да објаснам во мојот пост дека Џукела се однесува за куче кое што не ги исполнува моите стандарди, а не Џукела како израз за нерасно куче скитник :)

А за останатиот дел од твојот пост потполно се согласувам, незнам како некој кој што чува куче и се декларира како љубител на кучиња, решението го гледа во труењето.
 
Тоа ваше вистинко куче може комотно да задави или осакати човек.
Сепак е животно и се води од животински инстикт, а неговата големина му го дозволува тоа, за разлика од некое куче со мал раст кое може само да џафка и ништо повеќе.
Сега дали луѓето треба да си гледаат на ноктите дека газдата добро го воспитал или не?
Искрено зошто некој би чувал магаре дома без некоја поголема потреба, освем да покажи статут, демек видете ме мене, јас имам расно куче, и тоа големо расно куче.
Какво сака нека е сепак е куче. Расно не расно сепак е куче, и се однесува во глобала како и сите обични улични кучиња.
Ако не ми верувате пуштете го на слобода, и ке видиш дека одма ке си се вклопи со неговите нерасни другарчиња.
Тоа дека е расно ви значи само во вашите глави, него ништо не му значи и да биди работата потрагична не е ни друга раса.
После вие велите дека сте големи љубители на животните или ајде специфично на кучињата, а од друга страна ги делите на раси. Ова е повредно пошто било расно (што најчесто значи дека некој негов предок бил парен со некој роднина за да се зачува некоја одредена карактеристика на надворешниот изглед), после се парени според вашите критериуми, а не природно како што си се парат сите нормални кучиња, што би рекле не се со природна селекција туку вештачки.
Е тоа се тие ваши расни кучиња со специјални карактеристики, најчесто издвоени по желба на човекот.
После за да си олесните, физички ги осакатувате своите миленици. На машките му ги сечите мадињата, демек да не трчале кога ке им дојди време за парење.
Тоа е за негово добро или за ваше?
Него природата го тера да се пари, ама на некој тоа не му одговара, па ајде да не се мачи кучето ке му ги скастрам.
На женските незнам што му правите за да не се парат, ама сигурно има нешто. И сето тоа за да вашиот миленик не ви го нарушува комфортот на живеење.
Е па драги мои љубители на животни веке кога сте решиле да имате миленик кој толку многу го сакате, треба да знаете дека тој миленик си има свои потреби и неговото чување значи и обврски, а не само фалење пред другите.
Тој можи е ваш миленик, ама сепак прво е животно, а после куче, и неговите потреби треба да бидат пред вашите желби и комфорт.
Тоа е ако сте вистински љубители на животни и ако го сакате вашиот миленик, ако не тогаш најверојатно ке подлежи на разни психички и физички третмани за “негово добро“.
А за се останато се согласувам, и сакам нешто друго да додадам, ова се однесува повеке на членот мкд владе пред тебе, НЕМА опасни кучиња се зависи од тоа како ке го воспиташ.
А решението кое го предложуваш јас би му го дал на секој кој сака да се пресмета со некој миленик на таков начин. Нема ништо полошо и по нечовелно од твојот предлог. По ова што го напиша незнам како ти се нарекуваш љубител на животни и како имаш миленик дома, ако воопшто имаш.
Баш и имам миленик, додуша џукела ама сепак ми е миленик во правата смисла на зборот. И освем што е вакцинирано и заштитено од болви, не е подложено ама на никаков друг психофизички третман за “негово добро“.
Јас кога го зедов да го чувам, го зедов пошто сакам куче и добро знаев што можам да очекувам и какви одговорности идат во пакет со него.
Постот со отровот е колку да ви ја доловам поентата дека без разлика какво куче имате, големо, лошо, агресивно, расно, вакво такво, сепак ако некој реши или на некој му нанесе зло многу лесно ке му го најдат крајот.
Тоа е затоа што сепак ние сме на врвот на синџиорт на исхрана и не сме таму затоа што сме силни, туку дека сме паметни.
Ете искрено ако некое такво расно милениче го растргни мојот пикавец, можам да ви гарантирам дека тоа ке му биди последното куче што ке го чува до крајот на животот. И тронка жал нема да имам.
И да те поправам. Јас не сум љубител на животни, туку сум љубител на животните кои се под моја одговорност.
За другите око не ми трепнува, посебно ако ме загрозат мене или моите миленици.
Инаку ете го и пикавецот уствари и пикавката пошто е кучка.
ivxo.jpg

45ua.jpg
 
Тоа ваше вистинко куче може комотно да задави или осакати човек.

Серазбира дека може ;)
Но тоа го може секое куче од голема раса, не само моето вистинско куче Доберман.
А серазбира дека и куче од мала раса, ако сака комотно може да осакати мало дете, не си во право дека малите раси само џавкаат и неможат ништо да направат, можат, и тоа сериозно можат да наштетат на некое мало детенце или бебенце.

За останатиот дел од постот, за парењето и за кастрацијата / стерилизацијата ... нема да коментирам, неможам да ти објаснувам некои основни работи кога се гледа дека немаш ни најмали основни познавања, така да џабе ќе ти објаснувам, нема да ме сфатиш.

Да не го шириме муабетов, во темава имам јасно прецизирано во која насока треба да се одвива дискусијата, така да ако имаш нешто против „опасните раси“ има тема наменета за таа дискусија, и во таа тема кажи си се што ти лежи на душа.

И на крај, за да не доаѓа до такви ситуации каде што велиш дека доколку некое друго куче го растргне твоето кученце, ти ќе си му пресудел на другото куче ... за да не дојде до такви ситуации каде што и двете кучиња ќе бидат мртви поради глупавоста на нивните сопственици, затоа го поддржувам овој закон, и законот треба да важи за сите кучиња.
 
Можеш да ми ги објаснуваш предностите колку и да сакаш, но дека ке ме убедиш дека тоа е за негово добро не би рекол, пошто и не е. Тоа е за ваше добро не за негово. И тоа е факт.
И не зборав за твоето големо куче, зборував за сите што чуваат големи кучиња. Не гледам никаква друга причина освем дека ги чувате за пуфкање. Сега ако имате овци или за лична безбедност ај да ве сфатам, ама за курчење низ град да чуваш магаре не го бива.
И споредбата ви вришти демек мало куче може да му направи многу на мало дете. Тогаш што може да му направи голему куче на мало дете ако одиме во таа насока. Ајде малото ке го клоцниш и ке летни 5 метри, ама ај да те видам на големото направи му така.
Ако веќе се глупираме што можи обична мачка да му направи на мало дете. Кога ке размислам нема што нема што може да му наштети на мало дете. По некоја логика подобро би било малите деца да ги чуваме во карантин за да не им се случи нешто. Ем е поевтино ем побезбедно. Од кај да знаеш, си го шеташ низ парк и некој побудалена верверица можи да го издраска. Можи и да стапни на еж, да голтни жаба или некоја страчка очите да му ги извади. Сите се овие можни сценарија.
И како малото куче ке настрада од твојот доберман освем ако ти не го пуштиш. И реално што може да му направи малото куче на твојот доберман. Значи тука не се работи за глупи соопственици туку за глуп соопственик на големо куче кој од суета или незнам од која причина ке го отпушти кучето демек тоа малото на ова моето големо ке му џафка. Сега ќе види.
И после со приказни од типот сакав да го заштитам, можи беше заразено, можеше да го повреди и бла бла бла. А реално причината би била сосем друга и нема никаква врска со кучињата туку со соопственикот, пошто реално нема ни најмала шанса да му нанеси никаква телесна штета освем да ви го повреди егото како соопственици на моќна раса на кучиња. Верувала или не кучињата знаат до кај им е чергата, знаат дека не треба да му се силат на некој кој е 10 пати поголем од него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom