Зајачко месо

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување
Знае некој да објасни како се припрема зајачко?

Зајак, див (а и домашен), шпикован.

Потребно е:
Еден див зајак
150-200 гр. сува сланина
100 гр. кромид
100 гр. моркови
1-2 дафинови листа
100 гр. керевис
2 лажици вински оцет
200 гр. масло
црн пипер во зрно
магданос
сол

Подготовка:
Најпрво правиш раствор за да ја отстраниш миризбата на диво месо - Се проврива во тенџере разен зеленчук и тоа керевис, кромид, пашканат, моркови, сите исечкани на тркалца, потоа дафинов лист, корен од магданос, црн пипер во зрно, сол, по вкус и една до две лажици вински оцет и друго по желба.

Откако ќе проврие растворот се остава да се олади, а потоа во него се става одраниот и исчистениот зајак. Сe остава да отстои 2-3 дена во овој раствор, а садот треба да биде покриен.

Пред да се динста зајакот се шпикува со сува сланина, а потоа се динста заедно со зеленчук: моркови, керевис, пашканат, кромид, 1-2 дафинови листа и малку вода. При динстањето се додава и малку путер.



п.с. Истата постапка може да се користи и за домашниот, со скратување на времето каде треба да отстои зајакот во растворот на еден ден.
п.п.с. Најдобро е да се консумира со квалитетно бело вино. :)
 
Добро бе треба ли да земам да ви цртам ке јадете скапано кинеско зајачко месо кога можете мене да ми пишете
ПУУУУУУУУУУУУУУУУУ ебаве беља ебаве :nenene::uvo::pos2:
 
Јадев на 2 пати домашен зајак и некако не ми го прави ќеифот не е тоа тоа.....а за мезенце онака би изодил
 
Искрено многу сакам да пробам зајачко месо ама никако тоа да се оствари..Ќе треба некој комшиски зајак да киднапирам :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom