Загадување на воздухот

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
кажуваа на тв, имало субвенции,европски пари, за еколошки фасади, врројатно мисли со узолација, како на новите згради...Но пази сега, пред неколку години, општина Карпош гифарбала фасадите на бетонските кули кај стара телевизија...на некој луѓе им текнало, ете додека има Скели, да платат за лепење на изолација, стиропор...Одма ги спречиле, Не смее, ќе ве Тужи Проектантот, архитектот...а мороните не знаат дека има важечки Закон за максимално дозволен коефициент на загуба на топлина !!!...А најскапа работа е поставување на скела...
 
Напиши нешто повеќе за ова. Линк ако имаш, итн.





Информациите кои се однесуваат на проектирање на објектите во кои се вршат дејностите или активностите, технолошките процеси, составот или употребата на одредени суровини, хемикалии или други материјали или производи операторот може да ги определи како информации со ограничен пристап, поради што е потребно таквите информации да ги приложи како посебен дел кон барањето во затворен плик кој е јасно означен со зборовите „деловна тајна “.
Еве друже, да не барам јас.

Друго, магла било, не било смог, абе еве и во струмица било загадено, орце почнал паметно, не бил силеџија, држава не се средува за 2 години, дрн дрн.

Кавви апологети на вмро има тоа е страшно. Имаат уста само кога треба да се брани вмро и нивното антимакедонско владеење.

Ама ок е, дишете си магла и уживајте.
 
Машала, денес сме у европско финале со Турција. На светско со Етиопија.
Ај ваљда денес утре ќе заврне/задува па да збориме за фини работи, за Виена
 

Очекувам масовно присуство на Скопјани.
 
 
Си купив уште пред некоја година маска со јаглен заштита од два филтри, ама филтри нигде не можам да најдам. Вака ми делува како да си направиле бизнис модел место промена на филтер маска да треба да купувам на секое. Чаре, некој се снашол ли ?
 
се разбирам, ама зошто чекаше Данела а и Левица со галамата, 3 години е голем период???
 
^^ Затоа треба да се направи нелегално (горењето цврсти горива и свашта, за загревање). Ама само после гасификација, пошто мора да има алтернатива за загревање што нема да кошта повеќе од забранетото.

Си купив уште пред некоја година маска со јаглен заштита од два филтри, ама филтри нигде не можам да најдам. Вака ми делува како да си направиле бизнис модел место промена на филтер маска да треба да купувам на секое. Чаре, некој се снашол ли ?
Треба на секое излегување да ги менуваш, а нема ни толку да траат (активниот јаглен). Освен ако не е некоја фул фејс профи гас маска, па и на тие треба филлтрите да се менуваат. Обичните кинески маски над нос и уста? Повеќе самозалажување е отколку заштита.

Ама вршат работа за механичко филтрирање, ако немаш брада. Мора да си избричен на нула за гумата од маската да направи „дихт“ спојка.
 
Прегледај го приврзокот 464472

Кој му се чита повеќе, кај Буревесник.
Ја ова го ставам пошо сметам дека е битно.
Ова е една од неколкуте конспираси теории во државава, не смее многу да се галами. Очигледно тие што имаат интерес ова да тера се во контрола на медиумите. Дали е од стратешко значење за државава па се оди на штета на граѓаните...кој да знае.
 
Има причина зашто не сме гасифицирани. Бевме на прагот, ама едни извесни комуњари, поддржани од од пар амабасади и невладини едногласно решија дека нема човечки права и отиде сѐ у мамина.

Бејли: Руски гасовод нема да го исчисти воздухот во Македонија

Скоро десет години подоцна, никаква алтернатива на рускиот гас не е понудена. Можеби немаше да ни ги реши сите проблеми, ама нешто од нешто ќе се решеше можеби. Вака, ставени сме во зачаран круг, или да го празниме Скопјенце, или да оболуваме на рати од година во година.
Не сте баш информирани.

- Во Македонија има гасовод. Кракот оди до Скопје каде се користи од неколку индустриски објекти воглавном. Проблем е што нема дистрибутивна мрежа до самите домови, поради тоа што нема никаква економска логика тоа да се прави - Скопје има ДХ мрежа.
- До санкциите, доста фирми купуваа Руски гас и го увезуваа. Проблем со капацитет на гасоводот колку што ја знам, нема.

Тој крак што го збориш ќе беше добар за да инкасираме пари од транзит како држава, но немаше ништо да смени во поглед на дистрибутивната мрежа и греење со гас. Кај нас нема побарувачка ко прво. Дополнително, пак зависиме од Грција и Бугарија кој моментално исто така ја санкционираат Русија. Од каде би стигнал кај нас?
Автоматски споено мислење:

^^ Затоа треба да се направи нелегално (горењето цврсти горива и свашта, за загревање). Ама само после гасификација, пошто мора да има алтернатива за загревање што нема да кошта повеќе од забранетото.


Треба на секое излегување да ги менуваш, а нема ни толку да траат (активниот јаглен). Освен ако не е некоја фул фејс профи гас маска, па и на тие треба филлтрите да се менуваат. Обичните кинески маски над нос и уста? Повеќе самозалажување е отколку заштита.

Ама вршат работа за механичко филтрирање, ако немаш брада. Мора да си избричен на нула за гумата од маската да направи „дихт“ спојка.
Мислам немаш поима колку кошта гасот. Тоа не е никаква алтернатива, дури и ако ја тргнеме инциијалната инвестиција за дистрибутивна мрежа до секоја куќа, веројатно во милијарди, нема ниеден греач на дрва кој ќе сака да плаќа x5 и да има котлара на гас дома или во комшии. Доста повалидно решение е да си купи клима или топлинска пумпа со вода воздух.
 
Треба други решенија да се наоѓаат, гасот за нас е завршена приказна. Нема никаква изводливост
 
Проблем е што нема дистрибутивна мрежа до самите домови, поради тоа што нема никаква економска логика тоа да се прави ...Дополнително, пак зависиме од Грција и Бугарија кој моментално исто така ја санкционираат Русија. Од каде би стигнал кај нас?
...Кај нас нема побарувачка ко прво
Со ниедно од трите подвлечени делови не се согласувам:
- има економска логика, затоа што гасот дури и сега а посебно во нормални услови (без војни, итн) е многу поевтин енергенс од другите. па зошто побогу Унгарците, Словаците и сите што немаат марионети на власт, се тепаат за руски гас? пошто се „русофили“ нешо?
- гасот кај нас би стигнал оттаму од каде доаѓа и ќе доаѓа до сите други, притоа освен руски има и азерски гас а по тој гасовод се спремаат и други конекции од држави источно од Азербејџан. притоа или на Америте ќе им успее тоа да донесат гас во Европа по сите можни краци. или Русите ќе си се вратат „на свое“. секако ќе има гас кога ќе легне прашината. ако се прашуваш нешто прашај се зошто сите (што нормално се однесуваат) бараат гас како енергенс? Нели е затоа што е поевтин енергенс и затоа што не загадува? зошто ние би биле искличок од таа „
- тоа дека „кај нас нема побарувачка“ е последица на политички одлуки (странски, наметнати на нас), економски и еколошките причини се кристално јасни дека ДА, имаме потреба и ќе има побарувачка

Мислам немаш поима колку кошта гасот. Тоа не е никаква алтернатива, дури и ако ја тргнеме инциијалната инвестиција за дистрибутивна мрежа до секоја куќа, веројатно во милијарди, нема ниеден греач на дрва кој ќе сака да плаќа x5 и да има котлара на гас дома или во комшии. Доста повалидно решение е да си купи клима или топлинска пумпа со вода воздух.
Прво, ок ајде колку кошта гасот - во однос на електрична енергија? Не, не го споредуваме гасот со дрвата и со ѓубре (како енергенси). Зборуваме за енергенс со кој нема да се труеме и да умираме во грејна сезона во градовите, посебно во скопската котлина. Ќе се субвенционира ако треба, секако подобро отколку да ми субвенционираат електрични аута, Тесли, итн за кypташак на богаташите.
Еј, па има причина зошто голем дел од Германија и западна Европа е гасифициран (и на ниво на домаќинства).


Второ, војната/војните еднаш мора да ќе завршат.

Трето за „нема ниеден греач на дрва кој ќе сака да плаќа x5 и да има котлара на гас дома или во комшии“.
- Небитно е што кој „сака/не сака“. Со закон се регулира тоа. Како што во куп држави/градови во Европа е дејуре забрането горење дрва/јаглен/цврсти или течни горива за греење. И нема да биде поскапо многу од дрвата, тоа што ќе биде поскапо државата ќе го субвенционира.
 
Ова е една од неколкуте конспираси теории во државава, не смее многу да се галами. Очигледно тие што имаат интерес ова да тера се во контрола на медиумите. Дали е од стратешко значење за државава па се оди на штета на граѓаните...кој да знае.
Не веруваш дека сме гореле ѓубре од Италија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom