Има еден многу мал проблем со власта, а тоа е дека треба да владееш. Изговори, измислување на заговори итн... функционираат едноставно толку долго време. Потоа луѓето доаѓаат секогаш до ставот најдобро срочен од Павел Милиуков од Кадетите:
Ако навистина има внатрешни непријатели и во скоро втора година од власт не си способен на ниту еден начин ниту да почнеш да се справуваш со нив тогаш или си нивен соучесник или си глупав. Ако нема внатрешни непријатели, тогаш ти си внатрешниот непријател или си глупав зошто си неспособен да се справиш со проблемите. Али тоа се единствените четири можни опции.
Искрено трагично е да дојдеш на власт со такво мнозинство и на бран на толкаво незадоволство, да земеш милијарда евра кредит и да успееш целиот политички капитал да го потрошиш за една година. Али тоа е реалноста на нашата неспособна политичка "елита". Истото беше и со Заев, првите две години беа напалени, после првите две години ги изгубија сите неутрални гласачи. После вторите избори се испокараа и меѓу себе дека веќе немаше доволно пари за сите нивни да ги поткупуваат.
Мицко прави spead-run моментално на два мандати на Заев. Господ да ни помогне што ќе дојде после него. Зошто квалитетот оди драстично надолу