Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 28.973
- Поени од реакции
- 38.888
Мора гас, реално нема друго нормално решение со кое немаш загадување.Како би го спровел ти ова? Се согласувам со тебе, но кое е решението? Ако се префрлиме на топлински пумпи или клими, немаме струја од обновливи извори доволно, цела Битола ќе се зацрни од РЕК...
Знам дека си преставник на решение со гас и јас сум, но светските околности ни укажаа дека приказната со ефтиниот гас е завршена, тие земји што се борат за него е поради целата инфраструктура што ја имаат поставено.
Решение за Скопје имало само кога работеле сите негови фабрики и користењето на топлинската енергија од нив, нешто налик на населба Железара само на големо, додатно со веќе постоечките топлификациски објекти.
Но штом тогаш не се решило ова или не се размислувало на овие тематики, кога градот веќе некое време бил тазен направен...јас не знам како би се решил проблемот тука.
Крај на приказната.
Толку е важно ова, само на кој да му кажеш. Пола не ги интересира, пола мислат дека знаат подобро (без да можат објаснат зошто) и остатокот се тролови.
Имаш и хибридни опции, ете со топлани на топла вода. Усје можеш ете како Железара да ги користиш и да греат вода, па од тоа да се загреваат околните населби. Има комбинации ама ништо не се работи. Гасификација и/или топловодно греење, тога мора да се направи. Едноставно мора, не е опционално. Колку и да чини.
Абе не се ова фантастични проекти, греење без загадување. Функционален јавен превоз. Итн... Само мора да се работи, а не да се клати врата за да се земе плата.