Загадување на воздухот

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување
Како би го спровел ти ова? Се согласувам со тебе, но кое е решението? Ако се префрлиме на топлински пумпи или клими, немаме струја од обновливи извори доволно, цела Битола ќе се зацрни од РЕК...
Знам дека си преставник на решение со гас и јас сум, но светските околности ни укажаа дека приказната со ефтиниот гас е завршена, тие земји што се борат за него е поради целата инфраструктура што ја имаат поставено.

Решение за Скопје имало само кога работеле сите негови фабрики и користењето на топлинската енергија од нив, нешто налик на населба Железара само на големо, додатно со веќе постоечките топлификациски објекти.
Но штом тогаш не се решило ова или не се размислувало на овие тематики, кога градот веќе некое време бил тазен направен...јас не знам како би се решил проблемот тука.
Мора гас, реално нема друго нормално решение со кое немаш загадување.
Крај на приказната.

Толку е важно ова, само на кој да му кажеш. Пола не ги интересира, пола мислат дека знаат подобро (без да можат објаснат зошто) и остатокот се тролови.

Имаш и хибридни опции, ете со топлани на топла вода. Усје можеш ете како Железара да ги користиш и да греат вода, па од тоа да се загреваат околните населби. Има комбинации ама ништо не се работи. Гасификација и/или топловодно греење, тога мора да се направи. Едноставно мора, не е опционално. Колку и да чини.
Абе не се ова фантастични проекти, греење без загадување. Функционален јавен превоз. Итн... Само мора да се работи, а не да се клати врата за да се земе плата.
 
само модерни климатизери и нема да има проблем. Јас со климава едино сега у ладново малце ми потроши повеќе, иначе не доаѓа сметка повеќе од 3к кога работи 12 саати. Парно ќе те одерат цела година да им плаќаш, исто и гасот кој е прескап за местење и ја бара истата ифраструктура во објектот како парно. Тоа се илјадници евра. А клима добра е 500 евра. за една соба која ќе ти трае 10 години минимум.
 
Затоа сите треба да бидат третирани со забрана за горење (тврди/течни горива и ѓубре). Истото да важи и за домаќинствата и индустријата. Плин може, друго не. Или иди надвор од Скопје. Отвори фабрика настрана, иди живеј во село ако сакаш да палиш оган, итн. Вака е направено во многу градови низ Европа, никако нема први да бидеме (евентуално последни).
Надвор од Скопје спрема умоболната територијална поделба ти се Илинден, Марино, Арачиново, но затоа во Град Скопје имаш села како Паничари или Виниче. Чии ќумбиња загадуваат повеќе?
 
Треба да се смисли подобро. Но селава претпоставувам не се ни еден процент од ќумбињата во Скопје proper... Од аспект на постигнување резултати и првата формулација ќе ги донесе резултатите. Што се тиче индустријата, изборот би бил надвор од скопска котлина ако сакаат да согоруваат нешто друго освен гас. Или префрлање на гас.
 
Секој втор отиде да живее во Скопје и сега загадување имало - епа ќе има. Иако и другиве градови не се многу подобри има загадување сепак Скопје мислам е број 1, мене кога и да отидам таму дури и лето ме заболува глава веројатно поради премногу издувни гасови.

- Главното решение се знае дека е гасификација, се надевам ќе ја убрзаат изградбата на гасоводната мрежа и когенеративниве централи.
- Друго индустритскиве капацитети да ги стегнат да стават најсовремени филтри не може да правиш профит на сметка на труење на народот, и обавезно да ги проверат механичарскиве и останати работилници еден куп се грејат на отпадно улје
- Трето субвенции за промена на начинот на греење, навремено обезбедување на дрва од Македонски шуми а не влажни кои загадуваат. А редно време е и да се стави лимит на увозов на коли под таа и таа година, и мме со казни на овие што ги вадат дпф филтрите
 
Па греењето на дрва и сечењето на шумите се едни од главните фактори за загадувањето.Порано окулу секоја поголема фабрика се пошумувало.сега секој зеленпојас во градовите се сече и на негово место никнуваат згради.За шумите шо се опустошени од сеча и пожари не ми се ни зборува.
 
Последно уредено:
Оваа Драгана од ЗХГ покрај тоа што е дојдена во Топ Тема со два броја помала маичка, има многу неинформирани ставови и цела дебата пробува да најде некој gotcha момент.
Слика или линк до сликата ако може од оваа Драгана со два броја помала маичка ?
 
Не памтам да имало во зима 10+ вака чисти денови по ред у Ск минативе 25+г

Значи цела беља ја правеле Усје и Дрисла заедно со мајмуните од Железара што тераа без филтри
 
Како би го спровел ти ова? Се согласувам со тебе, но кое е решението? Ако се префрлиме на топлински пумпи или клими, немаме струја од обновливи извори доволно, цела Битола ќе се зацрни од РЕК...
Знам дека си преставник на решение со гас и јас сум, но светските околности ни укажаа дека приказната со ефтиниот гас е завршена, тие земји што се борат за него е поради целата инфраструктура што ја имаат поставено.

Решение за Скопје имало само кога работеле сите негови фабрики и користењето на топлинската енергија од нив, нешто налик на населба Железара само на големо, додатно со веќе постоечките топлификациски објекти.
Но штом тогаш не се решило ова или не се размислувало на овие тематики, кога градот веќе некое време бил тазен направен...јас не знам како би се решил проблемот тука.
Зашто мислиш дека има било каква разлика во РЕК од тоа дали ќе се уклучат топлински пумпи. Рек си работи со тој капацитет и ќе продолжи дур не не натераат од ЕУ да го затвориме. Потоа ќе купуваш струја на берза, или ќе купуваш гас на берза и ќе произведуваш струја. Всушност и сега купуваме струја на берза.

Екологијата значи поскапо, тоа е.
Автоматски споено мислење:

Не памтам да имало во зима 10+ вака чисти денови по ред у Ск минативе 25+г

Значи цела беља ја правеле Усје и Дрисла заедно со мајмуните од Железара што тераа без филтри
тешка небулоза.
 
Зашто мислиш дека има било каква разлика во РЕК од тоа дали ќе се уклучат топлински пумпи. Рек си работи со тој капацитет и ќе продолжи дур не не натераат од ЕУ да го затвориме. Потоа ќе купуваш струја на берза, или ќе купуваш гас на берза и ќе произведуваш струја. Всушност и сега купуваме струја на берза.

Екологијата значи поскапо, тоа е

Како за почеток Македонија треба да забрани шпорети/камини/ќумбиња кои немаат катализатор.

Постојат шпорети кои имаат вграден катализатор, каде што дополнително се согоруваат гасовите од горењето на дрва. При што низ оџакот излегува само водена пареа и јаглерод диоксид, покрај тоа значително се зголемува искористеноста на дрвата( повеќе топлина, помалку дрва за горење, значително намалено загадување)

IMG_5019.jpeg
 
Прегледај го приврзокот 465562
Или едноставно согорувањето треба да е на високи температури пошто тогаш срањата низ оџак се минимални.

Не знам некада да има вакви побарувања. Знаеш зошто? Пошто е невоможно да се регулира, треба да вработиш куп луѓе да прават контроли и испитувања да прават. И пак ќе има неоткриени, пошто десетици илјади ќумбиња има во Скопје. Сите ќе ги проверуваме? Во Шутка кој ќе иде? :)

Затоа само целосна забрана, само тоа може да биде ефикасно. Нормално, само после целосна гасификација/топлификација.
 
Како за почеток Македонија треба да забрани шпорети/камини/ќумбиња кои немаат катализатор.

Постојат шпорети кои имаат вграден катализатор, каде што дополнително се согоруваат гасовите од горењето на дрва. При што низ оџакот излегува само водена пареа и јаглерод диоксид, покрај тоа значително се зголемува искористеноста на дрвата( повеќе топлина, помалку дрва за горење, значително намалено загадување)

Прегледај го приврзокот 465562
Sve ima, megjutoa prasanje e kolkava e investicijata i sto kje postignes. Imas ured so faktor na iskoristuvanje od 4 i bez emisii, i vakvo nesto kade pretpostavuvam ne e nad 0.6, 0.7 i pak imas nekakvi emisii.
Trendovite vo razvienite zemni se toplinski pumpi i energetski efikasni objekti. Toa e, nema potreba da se izmisluva topla voda. Treba pari i vreme.
 
Масхала
Текстил, пластика...
Ама ич неопасен
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom