Патување и во двете ситуации (кратка и долга врска) си има некоја предност.
1. Кратка врска - доволно време да се запознаат, да научат што сакаат, да ги дознаат заедничките и различните карактеристики. Значи, сето она кое на пример би се одвивало месец дена, малку забрзано би било во овој случај, затоа што имаат на располагање 24 часа.
2. Долга врска - доволно време да се одморат од сите луѓе, да си посветат внимание повеќе еден на друг, да се тргнат од секојдневните случувања (кои важат и за точка 1, само што разликата е во тоа што веќе се познаваат добро овие под 2).
Навиките на партнерот најдобро можеш да ги запознаеш доколку си 24 часа со него, па одморот може добро да послужи за тоа.