Задоволни со просечност?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Сега да, се стремам во границите на моите можности кон нешто повеќе, кон поголем успех и кон задоволување на поголемиот број на сопствените потреби. Секако, затоа што цел живот е пред мене и за подобра иднина морам да мислам уште од сега и да се замарам за понатамошниот живот затоа што средината во која што сите живееме е таква што најубавите години се упропастуваат се со цел да се постигне понатамошен просперитет.

Но, како што повеќе размислувам, сфаќам дека еден ден ќе дојдам до оној момент кога се ќе стагнира и ќе бидам задоволна со просечен живот, затоа што им дошло крај на моментите кога требало да се докажам и да се обидувам да постигнам поголем успех.
 
Сеуште не знам што е надпросечност и подпросечност за да речам дека сум задоволен со просечност. Се обидувам да дишам за да не умрам и во тој циклус на постојано разменување на кислород и јаглерод диоксид, да ја задоволам жедтта на мојата душа за целосна потчинетост кон нејзините цели и намери.
 
Па, јас никоаш не се задоволувам со просечни ствари. Од секоаш сум сакала нешто што стварно ќе ме заинтригира, а она шо не е достојно за мене едноставно не му придавам големо внимание.
Можеби затоа делувам арогантно и препотентно ама не ме интересира што мислат другите за тоа, каква сум таква сум за себе сум.(точка)
 
Доколку имам способност да постигнам повеќе од просек, зошто да се задоволам? Би се форсирала, сепак за мое добро.
 
Се форсирам до максимумот , но за жал не и во училиште.
 
Јас пак на пример сум задоволна со тоа што го имам.Не барам многу повеке.Тоа до некаде е и лошо бидејки да сакаш повеке е да сакаш успех, а да не планираш ништо е исто како да планираш неуспех.Па така јас сум задоволна со малку, и не барам многу, што резултира со неуспех.Секогаш.И на сите полиња.
 
Јас не сум здоволен со просечност.Ако некој мисли на парите тоа не ме интересира и тука не ги рангирам доблестите и вредностите на единката.Кога се мисли просечност мислам на однесување како и средината во која се наоѓаш,Тројки во училиште, студирање двојно подолго, сив на работа,млитав во одбрана на нвините...Тоа за мене е просечност.Не сум ниту егоист,ниту алчен по материјајални добра, во тие барања - материјални сум просечен и ни малку тоа не ми пречи. за да би сакал да го сменм.:smir::smir::smir::smir::smir::smir::helou::helou::helou::helou:
 
Не само што сум задоволен од просечност туку кон тоа и стремам. Не сакам воопшто да се експонирам на било каков начин.
 
Ако е просечност да си задоволен со тоа што го имаш, да се стремиш кон хармонија со себе и луѓето кои те опкружуваат, да сакаш да ги прифаќаш луѓето онакви какви се и да се трудиш лесно да опростуваш, уште подобро да не замеруваш, тогаш Да, јас сум просечна .
 
Ако е просечност да си задоволен со тоа што го имаш, да се стремиш кон хармонија со себе и луѓето кои те опкружуваат, да сакаш да ги прифаќаш луѓето онакви какви се и да се трудиш лесно да опростуваш, уште подобро да не замеруваш, тогаш Да, јас сум просечна .


Ова ти е добро кажано :wink: Најбитно е хармонија да си внесеш во животот. Ако си среќен не ти треба ништо надпросечно, бидејќи среќата е најважна.
 
Обично сум скромна и задоволна и со многу малку, и најситните работи ме прает среќна:smir:
 
Зависи за што, во група надпросечен сум за некои работи.
За некои сум подпросечен.
 
Просекот е статистичка категорија. Да се биде просечен значи да се исклучи сопствениот интелект и да се биде еден од стадото. Секој човек треба да се труди секој ден да биде подобар во однос на предходниот. Сите ние имаме потенцијал кој треба да се развива. Сите ние сме производ на еволуцијата и постојано еволуираме. Треба да се трудиме да напредуваме но без очекувања. Бидејќи разочарувањето е разлика меѓу фантазијата и реалноста. Разлика меѓу она што го посакуваме и она што го имаме.

Напредокот е производ на вежба на повторување на вложување напор. Бебето прво учи да лази, па да оди дури потоа да трча.
Доколку се задоволиме со просечноста...тапкаме во место...одиме спротивно од животот...бидејќи животот претставува постојан напредок, постојано усовршување.

П.С.
Методот на природата е еволуција, а не револуција.
 
Јас имам проблем со тоа што најчесто го нарекуваат просек и просечност: не можам да го достигнам! Многу пати сум сум размислувала зошто обичните работи ми се страшно тешки да ги постигнам ... Јеби га...
 
Луѓето почнаа да бегаат од просечноста како ѓавол од темјан,одеднаш просечноста испадна најголем грев што може да го направите кон својот живот и годините.Постојано поттикнувани од една те иста реченица која вели,мора да се одвојуваш од другите, стануваме се понезадоволни со просечното поседување.Значи ако имате врска со просечна личност,мора да најдете нешто да кукате околу неа,,ако земате некоја плата,кукате како таа е мала,ако останете прекувремено на работа,кукате и за тоа,ако се гледате со пријателите два пати неделно кукате дека ве заборавиле,ако идете на одмор во Охрид ,кукате зашто не можете во Грција,Хрватска или Шпанија.А сето тоа е одраз на еден просечен живот.
Е сега ,просекот значи дека треба да бидете задоволени на секое поле без претерани барања а сепак ништо да не ви недостига.Кога ќе го споредам горенаведеното со спротивна ситуација каде немате партнер,работа,пријатели,не можете да отидете на одмор ,просекот ми изгледа како сосем добра категорија.А и колку ми се намалува апетитот и алчноста толку помирен свет оставам зад себе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom