Задоволни со просечност?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Сите велат дека човекот е постојано во потрага на што повеќе од тоа што го има и дека “човековото око е ненаситно“, но има и луѓе кои се задоволуваат и со просечност, кои не го бараат најдоброто туку гледаат што полесно да се провлечат низ животот.

Што мислите, што е подобро? Постојана глад за што повеќе или задоволување со просек и она што се има во моментот? И зошто мислите така?

И што мислите, вие во која група припаѓате?
 
Жед за новини, глад са авантури, адреналин џанки!
Тој сум и затоа сум допадлив на луѓето, но тежок по карактер.

ТИ? Кажи за себе малку Крејз!
 
Скоро никогаш не сум задоволен. Секогаш сакам појќе и појќе и појќе и... нормално со исклучоци.
 
.

ТИ? Кажи за себе малку Крејз!

Уф. Тешко, не знам како да објаснам. Во суштина сум си задоволна со она што го имам и не сум тип што сака кој знае колку повеќе од она што го има, но во поглед на знаење и образование сум желна за што повеќе и не би сакала да се задоволам со просек, но од друга страна имам страв што ме парализира па ме остава некаде меѓу просечноста.

Не знам... сакам повеќе да откривам и да анализирам и да дознавам, но од друга страна си го сакам животот и имам некој потсвесен страв дека ако дознаам повеќе, ќе ми се смени нешто на полошо.

Што знам, ни ова не е сосема точно. Не знам, навистина не знам како да објаснам. Чудна ми е филозофијата. Како и да го објаснам, нема да звучи онака како што го осеќам и мислам. :)

Перфекционист сум, но некогаш не се борам доволно за да отскокнам. Па и ова не е тоа тоа што сакам да го кажам. :)
 
Неможе во се да си најдобар, поточно и малку се реално работите кај што навистина ќе гледаш од врвот надоле. Но добро е ако сакаш да целиш кон најдоброто и тоа ти дава поттик и стимул за понатаму.
Во многу работи сакам да сум најдобра или меѓу најдобрите и тоа ми е стимулот. Но во многу работи сакам да сум само успешна и не целам кон најдоброто. Сметам дека нема потреба да се цели кон секоја глупост и за се да се бара да се биде најдобар, тоа е невозможно пред се.
Има луѓе кои сакаат на секое поле да се на врвот станувало збор за сериозна работа или за глупост било како тие буткаат се пред себе само за да останат приметени и да се во центарот на вниманието, а не од што им значи тоа нешто, туку битно да не кажат дека сакаат просечност.
Така да за мене пола пола. За некои работи стварно не се замарам и сум задоволна само со успешен резултат, со просечност. А за некои што навистина ми значат сакам да целам кон најдоброто.
 
убаво е кога човек е просечен и е задоволен од тоа што го има, но не е интересно ако не бараш повеќе и повеќе, едноставно ко да немаш цел во животот и предизвик.
сакам да живеам нормален живот, да бидат задоволени сите мои потреби.
ама па некогаш и посакувам да бидам некоја богата девојка да уживам во животот да шетам низ светот да имам куќа во мајами, ама ја сето тоа го викам само сонување, мечтаење. искрено ја си се ставам во група на непросечни луѓе:kesa:
 
А што е просечност? :) ....верувам не е иста за сите.

Задоволни со просечност?...па зависи дали сакаме мир или драма во животот. :)
Јас сум задоволна со просечност се` до оној момент....кога некој ќе ме обвини за нешто....односно кога некој не ја признава мојата вредност....и го доведе во прашање се` она за што сум сметала јас дека ми е доволно. Ех тогаш....одам понатаму.....цврсто....храбро....несопирливо.
 
Секого има разно гледиште за тоа што е просечност.
Човекот е алчен по природа.
Ако за мене просечност е да имам 10 милиони во банка (значи се што ми треба) а за друг да има плата од 10 илјади ден. на месец е интересен случај во врска со темава.
 
Во моментот се задоволувам со просекот, никогаш нестрмејќи се да се постигне идеалното, но кога просечното ќе ми стане досадно (а тоа се случува за брзо време) тогаш со сите сили се борам да го достигнам и постигнам подоброто т.е. најдоброто.
 
Секогаш се задоволувам со просечност...се до наредната желба,до наредната замисла.
Кога еднаш ке замислам нешто морам да го остварам и тоа е просечно за мене.
Малку не ми е било доволно,вака-онака,ке излезе начин како до целта.
Освен во крајно невозможни ситуации.
 
Неретко просекот е поубав од совршенството.

Пример можам да дадам од нешто што ми е пасија, музиката. Нирвана со 3 акорда и апсолутна просечност од сите музички аспекти звучат многу подобро и поквалитетно од едни појзн.
Но сепак, зависи за што. Колку е човек "попопален" за нешто толку е поголема веројатноста дека ќе "владее" со тоа нешто и ќе почнува да го доведува до совршенство, а просекот е задоволителна рамка за многу работи во животот.
Да имавме избор сите мажи ќе бевме високи два метра ќе личевме на бред пит, ќе бевме паметни ко ајнштајн, ќе имавме пари ко бил гејтс, и по 30 сантима ко роко исфреди, а за жените воопшто да не набројувам.
Поентата ми е дека не треба да се тепаме да бидеме нешто што не сме со сила.
Живеј просечен живот со надпросечни идеи.
 
Врвот на секој човек е тешко да се одреди. За некој врвот во живот е средина на друг човек. За да се определи што е врв а што е просечност треба да се угледаш на некого. Ако околината е просечна за некоја друга околина ти во просечната ке се угледуваш на најјаките и тие ке ти бидат углед за врв иако во другата околина тие се просечни. Проблемот е што никогаш нема да се знае што е просечност а што е повеќе. Се е до индивидуата. Важно е да бидеш задоволен со себе во моментот а тоа дали е просечност или врв е тешко да се одреди и со тоа е неважно.
 
Никако прочесност! Секогаш трагам по нешто повеќе, по нешто што ќе ме извлече од сивилото во кое секогаш се плашам да западнам... Hence и вечното вложување во нешто што би ме зацементирало како секаква, освен обична, просечна личност...
 
Никогаш не сум задоволна. Дури и да станува збор за совршенство сум толку способна што можам да најдам не една туку милион и една бубачка. Мене никогаш ништо не ми чини, секогаш барам нешто друго и у суштина се повредувам самата себе ама јбг, таква сум :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom