"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Сандро Мацола, Џузепе Меаца, Александар Тирнаниќ-Тирке, Моша Марјановиќ.
Kaко бе Тирке и Моша, ти ништо не си гледал значи, млади, снажни деца, пред 2 месеци растурија на светското во Уругвај. Тој судијата испадна чиста пичка, се уплаши од домашните на крај, иначе ќе тепаа Југославија. Стварно штета.

Е да и Милутинац е ептен добар, очекувам скоро скоро да го земе некоја појака екипа.


А и на Џузепе Меаца ништо не му фали, еве денеска играа Милан-Интер на него, баш беше во добра кондиција.
 
Силвестер Сталоне исто, иако кратко играше фудбал, сепак играше со Пеле.

Може не е фудбалер, но го снема она детено што шутираше јако на бејзбол откако ја скрши раката.
 
Сантијаго Муњоз, шпиц пар екселанс, играше у Лос Галактикос тимот на Реал Мадрид под палката на Вандерлеи Луксембурго, а пред тоа настапуваше за Њукасл.
 
Мојот „омилен“ (а и на Џон Тери), Вејн Бриџ, 33 години има, после Челзи и Манчестер Сити сега е во ридинг.
Габриел Хајнце, прошета пола Европа, сега за некоја аргентинска екипа е со три имиња.
Милан Барош, памтам го од Ливерпул, добар напаѓач беше, па ојде негде у Турција.
Папа Буба Диоп, шо им го чукна голот на французите 2002, по Фулам играше и се моткаше по Англија, знам дека уште е активен а кај е кој ќе го знае.
Вагнер Лав, ЦСКА Москва многу солиден напаѓач, кршил глава у Кина.
Лусио, ѕид играч беше, пред крај на кариера е, негде у Бразил.
Каморанези и Трезеге се негде у Аргентина.
Марко Ди Вајо, класа напаѓач, у Канада бил веќе неколку години, уште е активен, памтам го кога играше у Јувентус и Валенсија.
 
Таман ќе стивни темата од глупи мислења и оп одма ќе се појави Мидо Мидо Мидо :facepalm:
Како од Македонија да е играчот или пак има некој огромен придонес напраено за Македонија ! :rolleyes:
Бог да чува или имате некој комплекс од Мидо или намерно се дупите со него :D

Ќе почнат да прашват и за Кафу, Костакурта, Недвед, Каморанези....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom