"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам колку спаѓа фудбалеров тука ама кога беа спомнувани Вес Браун, Харгривс и Торес, зашо не.

Не знам дали го паметите Дин Ештон (Dean Ashton), од Вест Хем. Одличен корпулентен напаѓач, многу добри партии прикажуваше и во ВХ и во Норич претходно, еден период многу европски клубови се интересираа за него. Стигна до репрезентацијата на Англија и таму на тренинг лигушот Шон Рајт Филипс (кој не му се ни извинил) му го скрши зглобот и толку беше. Отиде во пензија, па после тоа операции 300 и денес не може да го движи зглобот, фиксирано му е стапалото. Од огорченост не гледа фудбал ни на тв :(
А многу добро играше, сегде покриваше, каков гол даде еднаш на ОТ, намали на 3-1 ама ете :(
 
Да, стварно штета за Ештон.

А сега ми текна на Калум Девенпорт, што го избодеа со нож. (знам, знам, имам интернет), ама дали некој воопшто знае што се случи со него?
 
Не знам колку спаѓа фудбалеров тука ама кога беа спомнувани Вес Браун, Харгривс и Торес, зашо не.

Не знам дали го паметите Дин Ештон (Dean Ashton), од Вест Хем. Одличен корпулентен напаѓач, многу добри партии прикажуваше и во ВХ и во Норич претходно, еден период многу европски клубови се интересираа за него. Стигна до репрезентацијата на Англија и таму на тренинг лигушот Шон Рајт Филипс (кој не му се ни извинил) му го скрши зглобот и толку беше. Отиде во пензија, па после тоа операции 300 и денес не може да го движи зглобот, фиксирано му е стапалото. Од огорченост не гледа фудбал ни на тв :(
А многу добро играше, сегде покриваше, каков гол даде еднаш на ОТ, намали на 3-1 ама ете :(


Е сеа квалитетот на сликата е слаб, ама ако.. :D
 
ian-harte_1847026c.jpg


image044.jpg


За мене најомилениот лев бек после Роберто Карлос од тоа време, еден од најдобрите играчи на Лидс во онаа генерација со Кјуел, Видука, Смит, Боер итн.. После Лидс отиде во Леванте и од тогаш не знам што стана со играчов, а имаше квалитет да заигра во некој поголем клуб.
 
Го гледав минатото коло овај, само не ми текнува за кој тим игра. Само тројца памтам од тогашниот Лидс, овај, Видука и Алан Смит.
 
Целата генерација на Лидс од тогаш е за во темава :D
 
Го гледав минатото коло овај, само не ми текнува за кој тим игра. Само тројца памтам од тогашниот Лидс, овај, Видука и Алан Смит.

Ридинг, фактички неверојатен кам-бек направи во големото друштво.

А Јан Кронкамп, го памти некој?:icon_mrgr:
 
Овој Харт ми беше идол како детенце на 7-8 години.. И после одкога пропадна Лидс сите се разбегаа низ ПЛ, ама нон-стоп ми фалеше некој.. И никако неможеше да ми текне на името, знаев само дека носеше 3ка и оти имаше ептен кратко име.. Потоа со интернетот ова-она, го побарав и го најдов.. Иначе гледам сеа во Рединг бил.. Ај може ќе лупне некое голче од слободен, ако добие шанса.. :)
 
Ридинг, фактички неверојатен кам-бек направи во големото друштво.

А Јан Кронкамп, го памти некој?:icon_mrgr:

Јас го мислев пензиониран дека е. Се изненадив ко го видов, пријатно.

Го памтам од некаде, само не ми текнува од каде. :D
 
Во Ридинг бил, 80 натпревари изиграл лани :)
 
Игра прв тим во Ридинг како што проверив.. Играл до сеа на двата меча во ПЛ.. Еве зошто ќе го гледам Ридинг сезонава.. :P
 
Ридинг, фактички неверојатен кам-бек направи во големото друштво.

А Јан Кронкамп, го памти некој?:icon_mrgr:


бекчиште .... кај се зацрни и ливерпул :)
 
ian-harte_1847026c.jpg


image044.jpg


За мене најомилениот лев бек после Роберто Карлос од тоа време, еден од најдобрите играчи на Лидс во онаа генерација со Кјуел, Видука, Смит, Боер итн.. После Лидс отиде во Леванте и од тогаш не знам што стана со играчов, а имаше квалитет да заигра во некој поголем клуб.
Прашај го Дејвид Симан он има кошмари и од него а и од Шаќири наш.
Му даде гол од центар,ама не можам да го најдам никаде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom