Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми спомнаа дека ми ставија лек за умртвување, но утре ќе одам за друг заб па ќе прашам и за тоа.
Јас колку што знам кога се вади живец на забот се става прво лек за да го умртви, па потоа се вади. Прашај си го стоматологот, ти како пациент имаш право да знаеш што ти прави. Како и да е, не се плаши, не е ништо страшно.
 
дечки пред 3 дена наместив мост, и еве уште ме боли тоа место каде што ми го местеа, веке трети ден. знае некој нормално е ова? мислам, колку време треба да помине за да престанат болките? нормално не се болки бог знае колку големи и се трпат ама ме нервира веке.
 
Зголеми витамин ц. 2 до 3 грама на ден во поделени дози.
 
Зголеми витамин ц. 2 до 3 грама на ден во поделени дози.
премногу е тоа витамин Ц, ќе си ги расипе бубрезите.
нормално е да чуствува болки после местењето на мостот и до 1-2 недели (додека да легне мостот)
 
Колку кошта чистење на забен камен ? ??
 
а нели е подобро витамин ц доколку помага отколку вентор или сл. некој (вентор пијам бидејки има ефект и до 24 часа)
 
а нели е подобро витамин ц доколку помага отколку вентор или сл. некој (вентор пијам бидејки има ефект и до 24 часа)

Витаминот ц, нема значајно да ти помогне со болката, ама ќе ти помогне во побрзо опоравување клучен е за дентално здравје и не е воопшто опасен, муабетите за оптеретување на бубрези и камења,се митови. Ти гарантирам дека состојбата на непцата ОСЕТНО ќе ти се подобри за само неколку дена, пробај 3 пати по 1 грам на ден на секои 3-4h.

Aко сакаш уште побрз ефект, пиј го во комбинација со лимон исцеден во вода, и зголеми внес на пиперки, и цитрусни овошја.
 
a болкава кога ке се смири, еве од вчера навечер до сега пред малку не ме болеше, сега само што јадев и одма почна да ме боли. доктовор вика 1 недела ке болело ама не му верувам, и кога ми ги стругаше забите ми кажа дека нема да боли па пак болеше. :)
 
За болката, зависи од тоа колку воспаление има, колку повеќе толку поголема болка. Рани се здраво овие неколку дена, исфрли се што е џанк фуд, и животински протеин. Осетно побрзо ќе ти помине, ова под услов мотивот да ја убиеш болката да ти е поголем од откажувањето од џанк фуд.
 
абе пица јадев, да кажеше порано цезар ке јадев :)

у секој слуцај, фала за советите.
 
Демек цезар подобра е? .....:D

Ти кажав што и како, се зависи колку те боли и колку сакаш да ти помине побрзо.
 
...доктовор вика 1 недела ке болело ама не му верувам, и кога ми ги стругаше забите ми кажа дека нема да боли па пак болеше. :)
Па ако не му веруваш, зошто воопшто ги правиш забите кај него?:confused:

Иначе и јас колку што знам по ставањето на мост/коронка, се чувствува болка на препарираниот заб во рок од една до две недели. Член од моето семејство имаше ставено коронка и при секое јадење во првата недела осеќаше болка, но потоа таа болка исчезна. А и логично е да боли, затоа што докторот ја трга глеѓта, и мостот го лепи врз дентинот кој е многу чувствителен. Ти при јадењето го притискаш мостот и нормално е дентинот да станува чувствителен. Но за неколку дена ќе го прифатиш мостот исто како пломба, па нема ни да те боли, ни да го чувствуваш како страно тело.
:)
 
зошто во принцип не верувам на никого, а не само на доктори, а мораше некој да одберам, па го одбрав овој, барем забавен е додека те репарира.[DOUBLEPOST=1476366010][/DOUBLEPOST]т.е. им верувам на синовите, ама они имаат 3 и 4 години така да се уште не знаат да лажат. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom