Ајде и јас да си ја кажам маката
Имав расипан заб кој дошол до живец, благодарение на мојата неодговорност и страв од забари.
Отидов на забар, ми ги чистеше каналите кај живците (три канали) и ми стави лек, па ми го затвори забот и ми рече за недела дена пак да ги чистиме каналите.
Наводно првиот ден било нормално да имам болки, бидејќи се чистени каналите и се работел забот. Да не коментирам што во мозок удира болката кога ти ги чистат каналите

Помина еден ден, ми прекина болката. Почнав нормално да јадам и на таа страна се додека не станав сабајлето.
Забов ме боли при најмал допир со јазикот, не дај боже да гризнам нешто на таа страна, маме ебава... И еве веќе два дена (четири дена откако ми го работеа забот) без престан имам болки. Никакво апче не помага...
Го прашав забарот, ми вика нормално е тоа, јади на другата страна

Не е работата да јадам на едната страна, јас и пред да одам на забар, јадев на таа страна затоа што болки во забот имав исклучиво при јадење на таа страна, а сега имам некоја константна тапа болка која страшно ме нервира, како и поголема болка при допир.
Дали навистина е нормално да боли вака или со чистење на каналите треба барем таа болка при допир да ја снема
