Конечно го открија проблемот, сум имал и четврти корен на заботМногу е битно каков лек има ставено и која е првичната дијагноза која е причина за болка пред посета на забар, за да ја знам точната причина за болка.
Инаку генерално нормално е првиот ден-два да имаш болка, но таа треба постепено да исчезнува и да намалува по интензитет, во спротивно, доколку не се смирува после 4-5 дена или станува посилна, треба да се посети стоматолог, повторно да се изврши чистење на забот и да се стави нов лек, во потешки случаеви се преземаат и други мерки да се спаси забот.

Затоа поцркавав од болки недела дена и сега конечно се надевам дека ќе се среди работата.
Еден ден не можев да спијам од болки, бидејќи ми "чукаше" забот цел ден. Ми го извадија тоа како пластелин што изгледа и ми го оставија забот да дише, па болките се намалија, но сепак сеуште ме боли при притискање (гриз и слично).
Конечно после неколку прегледи испадна дека имало и четврт канал кој дури сега ми го отворија и допрва ќе треба да се лечи.
Инаку да те прашам, колку отприлика чини едно целосно лечење на заб и пломбирање после тоа?
Зависи ли и од бројот на контролите?
Да знам ценава што ми ја кажаа дали е реална или не
