Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто ми тече крв од небцата кога ги чистам забите со конец ? и како да го запрам тоа ?
Обично крварењето на непцата е знак за нивно воспаление. Ако го вршиш чистењето правилно и редовно, ќе се смири воспалението, а со тоа и крварењето.
 
Зошто ми тече крв од небцата кога ги чистам забите со конец ? и како да го запрам тоа ?
Па или го правиш тоа неправилно или се воспалени. Пробај понежно.
Коа четкаш со четка не ти крварат, никогаш?

Иначе коа сме кај крварење на непцата, мене ми се случуваше, заболекараката ми рече да пијам витамин ц, пиев 1 месец и пак ми крвареа, пиев 3 месеци и престанаа да ми крварат.
 
Здраво, студент овде, препорака за стоматолог во Карпош 4?
 
Има ли негде по скопје да се продава TheraMed пасти за заби?
Theramed-2-In-1-Cool-Mint-5865.jpg
 
Ај луѓе да ве прашам околу анестезииве. Ме интересира колку стварно се штетни и како делуваат? Ме извадија од памет дека после голема употреба, можело да се стане алергичен на анестезијата, па да не делува кога ќе треба за вадење на заб или некоја операција. Колку е веројатно да се случи ова?

И каква е разликата во дејствувањето меѓу типовите на анестезии (со или без адреналин).
Благодарам.
 
Ај да видам дали вие знаете....има ли негде во Скопјево Colgate со Сода Бикарбона или па Colgate Oxygen....се пукнав од барање и не најдов .... -_-
 
Ај луѓе да ве прашам околу анестезииве. Ме интересира колку стварно се штетни и како делуваат? Ме извадија од памет дека после голема употреба, можело да се стане алергичен на анестезијата, па да не делува кога ќе треба за вадење на заб или некоја операција. Колку е веројатно да се случи ова?

И каква е разликата во дејствувањето меѓу типовите на анестезии (со или без адреналин).
Благодарам.
Со денешниот развој на медицината, квалитетните локални анестезии во стоматологијата имаат намалена појава на нус ефекти (штетни). Алергија да добиеш од голема употреба не сум слушнал до сега и не ми изгледа логично. Точно е дека алергија може да се развие на секое страно тело, но немора да значи дека од голема употреба ќе станеш алергичен.
Разлика меѓу анестезии со или без адреналин: Секоја се користи во одредена ситуација. Тие без адреналин се користат главно кај повозрасни пациенти со срцеви проблеми, со покачен крвен притисок, дијабет и сл. додека анестезиите со адреналин се почесто користени и може да се користат во секоја ситуација освен овие што ги наведов. Разликата е во тоа што анестезиите со адреналин имаат продолжено дејство на делување, бидејќи адреналинот прави стаснување на крвните садови и ја успорува ресорпцијата на анестетикот, додека анестезиите без адреналин нема таков ефект и анестатското дејство трае пократко време.
 
Вака значи.. Носев фиксна протеза скоро 2 години и кога ми ја извадија ми дадоа мобилна протеза да носам.. ја носев мобилната но ми се здосади и прекинав можеби 4 месеци и вратени ми се забите во правобитната положба..Сега ако продолжам да ја носам истата ќе има ефект?
Фала однапред.
 
Ако забите ти се вратиле во положбата пред да ја носиш фиксната протеза. Тогаш ништо не си постигнала. Жалам :unsure:
 
дечки да ве прашам ако некој знае... Дали е здраво односно дали им штети на забите чистењето со конец? Кога бев кај забарката таа ми рече не многу често пошто незнам што не било многу добро... А пак на некои страни пишува дека не штети.. :icon_lol:
 
Kolku sto sum jas zapoznaen, cistenjeto na zabi so konec ne steti duri ima i pogolemi pozitivni efekti id samo cetkanje na zabite. Prasaj ja doktorkata koja e stetnosta na konecot, bas me interesira, takov podatok ne sum sretnal?
 
Бев завчера на забар, ми стави лек за умртвување на живецот, и беше во ред. Па ојдов вчера за друг заб. Ми рече дека лекот од вчера ми притискал на забот и ми го смени пак, ама сега имам поголеми болки од претходниот лек и ми се напрај како гнојче. Ме боли само на притисок, кога џвакам од таа страна. Ми рече да се вратам 20 дена до месец.

Дали е нормално да боли забот кога имаш лек за умртвување на живецот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom