Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да прашам - да не имал некој проблем со непцето .... пример више долго време ... после јадење на зачинета храна .... ми отекува непцето како топче се прави и така боли малце ..
ставив навлаки и некако бојата како за 1 нијанса се побели од другиве заби.. можем некако да средим да бидат еднакви ?
Јас вадев горна осмица пред некој месец. Не бев на снимање, оти забот ми беше расипан и докторката ми препорача да го вадиме одма. Ми стави само инекција, значи обична анестезија, и со некакви шило(не знам какво, оти не гледав, мижев) два пати го "истргна" забот и со клешти само го повлече да излезе до крај. Мене како што ми е најмногу на свет страв од забар, бидејќи си влечам трауми од детство, вадењето на горната осмица ми помина многу лесно и многу брзо. Немав никакви болки ни после тоа, само околу пола ден ми течеше крв, ама ништо страшно. А забот(полашупливодкариес) си го чувам во новчаник, како потсетник на храброста која ја покажав и инспирација за другата горна осмица која ќе ја вадам.
Јас би ти препорачала, за вадење на осмици, да си најдеш добар и искусен забар. Посебно па ако си плашливка како мене.
И после вадењето да не пушиш барем еден ден и да не смукаш како со сламка, посебно на таа страна каде што ти е изваден забот.
Лесно вадење!
Еее само уште ова да ве прашам дали може со едно идење на забар и двете осмици да се извадат една по друга или треба да се чека некој период за другата?
Не, еден заб само, зошто ќе не можеш да јадеш и не е практично поради крварењеЈас одамна се кандисувам ајде ке ги вадам зашто се кафеави , ама во последно времее почнаа да ме наболнуваат и дури нагоре накај непцето осеќам болка.За плашливка- не сум некоја, а на забар долго време си идам во Тафталиџе и супер си работи жената ,само сега е на боледување и има едни двајца млади место неа.Последниот пат коа бев за пломбирање ги прашав за осмиците и ми рекоа никако немој млада си, може само да ти ги сецнеме до пола-и тоа ептен ме зачуди,зашто знам осмица е најкомплицирано за вадење дека е со 4 корени.Па по ова што си го напишала дека со две повлекувања излегол не ми делува страшно.Во секој случај ке си почекам да се врати женава од боледување па ке биде со лесно се надевам .Фала и на тебе и на Илуминус што ми пишавте.
--- надополнето: 30 декември 2013 во 22:29 ---
Еее само уште ова да ве прашам дали може со едно идење на забар и двете осмици да се извадат една по друга или треба да се чека некој период за другата?
вчера вадев 6ка и денеска ме боли седмицата до забот кога ке ја чепнам со друг заб, дали е логично тоа? И да по малку уште ми крвари.
Да и мене ми беше исто така. Јас ја вадев 6 - ката пред 2 месеца, и мене ме болеше 5 - ката. А иначе крварењето е нормално, мене три дена крв ми течеше, навлаката од перницата беше лом сабајлето кога ќе станев.
Дури и да е црно внатре, тоа дупчето е најнормално ќе се формира тенка кожинка за 2 дена и ќе заздрави.
Исто и кај мене се, прв пат вадам шеска па си мислев да не е нешто застрашувачки оти ме болат 5ка и 7мица и да црно е внатре.
Немаш гајле, штом е така значи заздравува, ќе ти помине за 2 евентуално 3 дена