За тука ли сум?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување
Во последните 2-3 години често имам такво чувство.
Не во смисла дека некој не ми правил муабет,или сум била непожелна негде,туку дека некако сум поразлична од другите.
На пример еве околу нова година барем кај нас во сите кафичи се пушта српско,т.е. турбофолк а јас не слушам таква музика.
И баш една вечер испаднав со другарка на кафе и гледам сите се веселат дигат раце на "главобоља oд вина" а мене ми е досадно...идеше ми се да заплачам:)
И секогаш кога ке се почуствувам така,одма ми поминува низ глава една песна:But I'm a creep,I'm a weirdo....What the hell I'm doing here?I don't belong here...Автобиографска ми е :):)
Од страна гледано не сум воопшто некој екцентрик,и физички и во однесување,дружам се скоро со сите,ама има моменти кога се осекам дека сум сама и дека никој не ме сфака...
За срека тука се брат ми и најдобрата другарка,и по еден разговор со нив,секогаш ми е многу подобро :).
 
Не ми се има десено да сум имала такво чуство,у која било ситуација одма сум се прилагодувала може затоа али како и да е сигурно тоа чуство ни најмалку не е добро така да, да не се урочам и да си преќинам дур е време :smir:
 
Не ми се случило и сум горд на тоа.:smir::smir::smir::smir::smir:
 
Да често сум се чувствувала како да не припаѓам некаде или дека сум „вишок’’ и кога се чувствувам така едноставно се дистанцирам од таа непожелна средина.
Често си заминувам прва, пред другите баш заради тоа дека не сум била за „таму’’....и да биде јасно..не дека јас не сум се чувствувала достојна за местото каде сум била или друштвото со кое сум била - туку обратно:smir:
 
Досега не,ако се случи здравје боже за се има прв пат.
 
до сега ова ми се нeмa случено :pipi:
 
Цело време ми се врти тоа низ главата-за тука ли сум??
Се чуствувам заробена,неисполнета,збунета,помешано со чуства на одбивност...
Некогаш се осекам крајно глупаво.

Многу пати во себе си велам-згеив,згрешив и не можам да се помирам со фактот дека ЈАС згрешив,а тоа ме притиска и ме боли и прави да се чуствувам несрекно.

Некогаш се насмевнувам-сум згрешила и ги сносувам последиците,но ЈАС ке бидам таа што се ке доведе до ред,ке биде се како што треба ,ветувам, ке се борам и ке успеам,зошто јас така сакам и така ке биде.

Кај мене ништо не останува незаборавено,секогаш ја терам правдината до крај,ке се среди се и тогаш ЈАС ке кажам-за тука сум била и за тука ке сум!
 
Милион пати сум се чувствувала дека не можам да се прилагодам на средината и дека ич не сум за таму кај сум во моментот, особено низ текот на целото средно. Едноставно не ми беше тој свет погоден и тие луѓе не ми беа погодени и се чувствував како црна овца. А и општо, порано сум се наоѓала во ситуации каде сум сметала дека едноставно не сум за таму.
 
Ај што се чуствувам како да не сум за тука,туку и кога ќе ги проанализираш работите испаѓа дека и стварно не сум.Едноставно сметам за развојот на светот бе.Луѓето (мнозинството барем,чест на оние кои не припаѓаат во оваа група) не мислат.Едноставно ги мрзи и не се замараат со градење на сопствено мислење па едноставно го пастираат во нивниот мозок мислењето на другите, на општеството.Обожаваат пропаганди и си потпаѓаат под нив со огромно задоволство.Јас пошто се замарам да имам свој став,независен и најчесто различен сум ко марсовец од време навреме.И тоа шо убаво се гледа кога ќе кажеш нешто а како одговор ќе добиеш еден толку добро познат поглед полно со недоверба и потсмев.Ееее јас дефинитивно не сум за тука.
 
е тоа ми се случува кога ќе излезам со некое друштво со кое не се познавам многу и онака си ќутам и си викам шо мајка барам ја ваму али тоа мое мислење многу често испаѓа дека не е точно....така да...не си без причина на некое место или со некого....
 
Дефинитивно секој од нас во определен дел од денот, месецот, годината и општо, во определен дел од животот, припаѓа на она место на кое се наоѓа. Кои сме што сме и каде сме, сето тоа е со причина. Иако често помислуваме дека не припаѓаме на одредено место или друштво, нашето тамошно присуство не е залудно.
И јас често сум бил во ситуација да се двоумам дали припаѓам онаму каде што се наоѓам во дадениот момент. Дали припаѓам во друштвото во кое сум, на факултетот на кој студирам или пак кафичот или клубот во кој сум излезен и сл, но секогаш по некое кратко време се забележувала и самата причина за моето присуство.
Да не филозофирам понатаму, едноставно мислам дека сите припаѓаме онаму каде што сме сместени, а доколку не е тоа така, тогаш за многу кратко време доаѓа до преместување некаде на друго место. Место кое сепак ќе биде она каде што е потребно нашето присуство.
 
јас така се чувствувам кога сум дома секој пат. Сите наоѓаат некоја хармонија а само јас неможам да се навикнам. Моите ги гледаат брат ми и сестра ми како совршени деца, а јас не.
 
Гледам, читам, хех... Сите се чувствуваме дека не се вклопуваме, можеби затоа што доколку би се вклопиле би ја изгубиле индивидуалноста? Потсвеста ни го наложува тоа. Секако, па ние сакаме да не се вклопуваме, сакаме да бидеме уникатни...снегулки. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom