За што живеат луѓето?

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Killer^Boy
  • Време на започнување Време на започнување
Прочитај ја Алхемичарот и ќе сфатиш за што живее човекот.



Добар си кога преку Алхемичарот си сфатил зошто живееме а замисли некоја поквалитетна книга од по интелигентен автор да прочиташ,

Ок ако сакаш да одиме на ваков начин да дознаваме зошто живееме ќе ти кажам дека слободно паѓаш во дупка без дно, досега никој автор не напишал зошто живееме, сите ги кажуваат се разбира индиректно нивните мислења, нормално ти треба да прочиташ да видиш и да слушнеш 1000000 мислења за да можеш да изградиш едно твое мислење кое ќе биде базирано на некои од "готовите мислења" и се разбира ќе вметнеш нешто твое и кога ќе го добиеш одговорот ќе имаш 70 години и ќе сфатиш дека животот ти поминал обидувајќи се да дознаеш зошто живееш

И ДРАГ ПРИЈАТЕЛУ ЌЕ ТИ КАЖАМ САМО ЕДНО НЕМОЈ НЕКА НЕ ТЕ ЛАЖЕ ОГ МАНДИНО ИЛИ КОЕЛЈО НЕМА УНИВЕРЗАЛЕН ОДГОВОР НА ОВА ПРАШАЊЕ
 
А зошто би се служеле со претпоставки? Убиството по закон е кривично дело. Значи постои некој закон кој е пречка или кој ги движи работите во определен правец. Слично на тоа, постојат и природните закони кои го движат и менуваат светот во определен правец. Ни таму ништо не можеме да земемепо претпоставка бидејќи се си има свој тек на одвивање. Ако убијам човек, колку и мојата цел да ги оправдува средствата, јас ќе лежам затвор. Да бевме анархија, тогаш макијавелизмот ќе беше главна идеологија на огромен број луѓе, а не само на мене и останатите дарвинисти.

И не верувам дека човекот живее за да ги елиминира спротивностите во сопствениот живот за да постигне хармонија со апсолутното прифаќање на нешто unknown што се именува како Бог. Зошто? Нели Бог учи на единство и непроменливост на нештата. Каде е тука движењето,промената, еволуцијата, борбата за успех? Испаѓа дека дијалектиката постои се до моментот кога ќе се создаде единство, т.е. обединување со Бог. Епа светот не е устроен н атој начин. Јок.
 
YEAH ако што викаат американциве Испаѓа дека дијалектиката постои се до моментот кога ќе се создаде единство, т.е. обединување со Бог.
токму така.
хахаха ама на егото не му се свиѓа , не дека му е до промени и дрифтaње него не му се умира.
Ама за жал не иде по негово.
Тоа е стравот у спојот на капката со океанот или подобро кажано океанот со капката.
Стварно е тешко и ултимативно надминување е ама наградата сигурно е голема(судејки по тие што ја добиле)
Не е да веруваш дали човекот живее за да ги елиминира спротивностите во сопствениот живот за да постигне хармонија со апсолутното прифаќање на нешто unknown што се именува како Бог. туку треба да го практикуваш.
Разумот неможе да го свари ова , потрбна е медитација.
У состојба на медитација сиве овие работи стануваат јасни како ден.
 
А што ова, американциве се новиот избран народ, па мораме безрезервно да им веруваме на болдираните зборови. Очајно е сеуште да се прават такви тешки заблуди за постоење на виши сили од типот на Бог и слични на него. Бог е мртов и крајно време е човекот да го ослободи својот ум и да го живее животот онака како тој што сака! Родени сме на овој свет слободни и слободно можеме да живееме без страв за суден ден и аскетски живот. Не знам дали на човекот од денешницата му е поблиску единството на Бог или пак контрастите (добро-зло) кои ги сретнува низ светот. Тоа што викаш дека Америте го кажуваат е прекинување на дијалектиката кај човековата психа. Човек ќе го прифати Бог како единство и совршенство. Духот му е исполнет, а што е со средината околу него? Таму го нема Божјото единство. Единството на духот со Бог се коси со контрастите во надворешноста. Борба, убиства, војни, разочараност, но и успеси, триумфи, исполнетост, среќа... Дијалектиката надвор од умот продолжува...
 
Абе друго сакав да кажам ....оффффф нема везе .
цитат :" Единството на духот со Бог се коси со контрастите во надворешноста. Борба, убиства, војни, разочараност, но и успеси, триумфи, исполнетост, среќа..."
Па како би ги дознал дуалностите ако не би постоеле ?
И како ке ги надминеш ако не ги доживееш , ке ги прочиташ у книга ?
Дијалектиката никогаш не ни била дел од умот , ако би било така он би ја извитоперел моментално.
Дијалектиката е дел од срцето.
 
Добар си кога преку Алхемичарот си сфатил зошто живееме а замисли некоја поквалитетна книга од по интелигентен автор да прочиташ,

Ок ако сакаш да одиме на ваков начин да дознаваме зошто живееме ќе ти кажам дека слободно паѓаш во дупка без дно, досега никој автор не напишал зошто живееме, сите ги кажуваат се разбира индиректно нивните мислења, нормално ти треба да прочиташ да видиш и да слушнеш 1000000 мислења за да можеш да изградиш едно твое мислење кое ќе биде базирано на некои од "готовите мислења" и се разбира ќе вметнеш нешто твое и кога ќе го добиеш одговорот ќе имаш 70 години и ќе сфатиш дека животот ти поминал обидувајќи се да дознаеш зошто живееш

И ДРАГ ПРИЈАТЕЛУ ЌЕ ТИ КАЖАМ САМО ЕДНО НЕМОЈ НЕКА НЕ ТЕ ЛАЖЕ ОГ МАНДИНО ИЛИ КОЕЛЈО НЕМА УНИВЕРЗАЛЕН ОДГОВОР НА ОВА ПРАШАЊЕ

Не, не велам дека има универзален одговор, туку поентата на книгата ќе те одведе до одговорот.
 
Живееме надевајќи се да ги оствариме своите соништа.
 
Jas mislam deka lujgeto se rodeni za da se nadevaat deka ke si gi ostvarat svoite sonishta , i posle umiraat trudejki se da gi ostvarat site svoj sonoj.. Nadezhta posledna umira :pipi:
 
Jas mislam deka lujgeto se rodeni za da se nadevaat deka ke si gi ostvarat svoite sonishta , i posle umiraat trudejki se da gi ostvarat site svoj sonoj.. Nadezhta posledna umira :pipi:
A кога им се јавиле соништата?
И што им била целта пред да им се јават?
 
Живееме максимално да уживаме. Целта на живеењето е таа, да го живееме секој ден како да е последен.
 
Живеат за да бидат сфатени, а никој не се труди да покаже каков е... Додуша никој не ни знае зошто живее. Целата философија е да дознаеш зошто живееш. Ако дознаеш нема да трчаш да купиш таква кола, нема да трчаш да напраиш толкава куќа, нема да трчаат да купат такви мобилни :) Убавини е животот, само да го сфатиш.
 
Живеат за еден ден да умрат. Од самото раѓање човекот се стреми кон таа цел, која секако ќе ја оствари.
 
Живеат за еден ден да умрат. Од самото раѓање човекот се стреми кон таа цел, која секако ќе ја оствари.

Не би рекол дека умирачката е цел бидејќи како и да е човекот ќе ја исполни , би ја нарекол неизбежна ситуација...

Не може да одговорам на прашањево на темава , но знам дека јас живеам за...упс уште не сум ја нашол смислата на моето постоење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom