За што живеат луѓето?

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Killer^Boy
  • Време на започнување Време на започнување
Животот има цел, да, ама никој не ја знае неговата цел.

И мислам дека би било крајно егоистички како живи да ги сметаме само луѓето. Кучето или мачето ваше дома не ли се живи? Тие за што живеат? Би било глупаво животот да нема никаква смисла, кога зад нас имаме 500.000.000 живот/еволуција. А за да настане тој живот потребни биле уште 15.000.000.000 години развиток на вселената. И сето тоа за ништо? Нема шанси!

Ама ете, „зошто живееме“ не знаеме, не знаеле ни сите што се прашувале ова. Единствено што ни останува е да породолжиме да се развиваме, можеби уште 500.000.000 години, може уште 15.000.000.000 години... колку што е потребно за да станеме достојни на одговорот на тоа прашање.
 
Луѓето живеат за комшиите! Озбилно, барем кај нас на Балканов... Луѓево пазат комшиите да не видат кога ќе купат нешто ново, да не ги видат кога ќе се вратат од некаде, не зборат гласно за да не ги слушнат, не пуштаат гласно музика да не се бунат комшиите, не можат ништо да прават а комшиите да не се во центарот на вниманието...
За вас дарвинистите животот како да немаше цел , или пак беше да го изедеш послабиот од тебе а ?
 
^
Епа нели сме капиталистичко општество. За да успееш мора да се бориш и да ја тргаш секоја пречка која ти е на патот. Не пали повеќе `помогни му на ближниот свој` и `не прави му го на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе`, освен, се разбира, ако не се спремаш за задгробен живот :smir:
 
^
Епа нели сме капиталистичко општество. За да успееш мора да се бориш и да ја тргаш секоја пречка која ти е на патот. Не пали повеќе `помогни му на ближниот свој` и `не прави му го на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе`, освен, се разбира, ако не се спремаш за задгробен живот :smir:
Еееее убаво си спомнал дијалектика у темата за еволуцијата ама не си ја разбрал ич изгледа.
Или работата е дека сакаш да ми докажеш па идеш против твојата природа(свест) за да ми докажеш у моментов или си станал робот-зомби.
Дај боже да е првото.
Оноа второто е страшно , само сепак мислам дека е првото, нели ?
 
Сигурен сум дека дијалектиката сум ја поврзал со делото на Карл Маркс, а знаеме дека тој е творец на социјализмот и комунизмот. Е сега, демек се поткопувам со тоа што погоре го спомнав капитализмот. Не! Мојот погорен пост не е поврзан со дијалектиката, туку со `борбата за опстанок`. Оној што сака да успее во нешто мора да се бори против сите сили кои се насочени против него. Многу просто и едноставно. Моментално тоа ни се случува во политиката со препоукувањата меѓу партиите. Значи ако сум еволуционист не треба да значи дека целиот живот го градам врз основа на еволуцијата, слично на некои луѓе што целиот живот го минуваат аскетски по божјите закони... Значи, според мене, животот е борба за опстанок. Оној кој има сила, сон, идеал, желба, моќ и потенцијал ќе успее во својата намера, а оној кој не ги поседува тие квалитети ќе тоне/изумре... А начинот на кој ќе се дојде до успехот е слободен, бидејќи сме и слободно демократско општество (се разбира додека уставот и законот го дозволува тоа). Може ти звучам како `робот -зомби` ама барем не се плашам дека еден ден ќе му милувам нозе на Св. Петар...
 
Самото тоа што го спомна мене ми индицира на нешто(св.Петар).
Јас нити ти спомнав религија ни нешто слично ти се плашиш у коски од него(страшниот суд) инаку не би го ни спомнал.
Ти можеш да правиш што сакаш , да , точно.
За да ги оствариш проектираните илузии(амбиции) и можеш да успееш ама тоа е пола лекција.
Кај е другата половина , да трпиш(аскетскиот живот) без неа ништо.
Не си научил ништо.
Кога ке ги видиш двете страни ке ти се отвори трета.
Таа нема алтернатива и таму ке продолжиш , понатака и натака и натака.
 
Самото тоа што го спомна мене ми индицира на нешто(св.Петар).
Јас нити ти спомнав религија ни нешто слично ти се плашиш у коски од него(страшниот суд) инаку не би го ни спомнал.
Ти можеш да правиш што сакаш , да , точно.
За да ги оствариш проектираните илузии(амбиции) и можеш да успееш ама тоа е пола лекција.
Кај е другата половина , да трпиш(аскетскиот живот) без неа ништо.
Не си научил ништо.
Кога ке ги видиш двете страни ке ти се отвори трета.
Таа нема алтернатива и таму ке продолжиш , понатака и натака и натака.
Кога веќе ги имаш сите одговори што не напишеш книга?
 
how-to-stop-depression.jpg
 
Кога веќе ги имаш сите одговори што не напишеш книга?
Книга е изумрена техника и бај д веј немаш соговорник или па треба да глумиш лудило , преферирам контакт .
форумов сега за сега си е топ.
 
До cvetanovskiigor (не можам да цитирам)
Значи толку се плажам од Божјата правда што подолго време не можам око да склопам. Ја спомнав религијата на ист начин како што ти погоре ги спомна дарвинистите како луѓе без цел во животот или `роботи - зомби`. Тоа што го имаш наведено под трпење (аскетски живот) може да се објасни како судир со некој кој е помоќен од тебе. Значи, ти во својата животна замисла ги уриваш сите столбови што се пред тебе и оддеднаш наидуваш на пречка која ти прави големи проблеми. Расочаран си, депресивен, очаен или слично... Тоа се клучните моменти на борбата за опстанок. За да успееш ќе промениш нешто кај себе. Само на тој начин ќе ја уништиш препреката и ќе продолжиш понатаму. Земи го примерот со конкурентноста на пазарот. Продаваш домати за 50 денари, но доаѓа некој нов и ги продава за 30 денари. Ти, за да успееш мора да ја намалиш цената или да воведеш нешто иновативно. Како што можеш да приметиш, потребно е постојано движење и промена за да успееш. А движењето и промената беа во основата на дијалектиката. Всушност и самиот твој пост насочува кон дијалектиката, особено последната реченица. Дали тоа што си го научил е дека во основата на се е движењето, а?
 
Па види вака у основа на се е движењето и промената така да веројатно и на дијалектиката.
Инаку тоа што е специфика на дијалектиката е што се однесува на дуализмот во природата а посебно во човечката психа и посебно човечката свест.
Целта е надминување на дуалностите и достигање ново ниво на свест различно од првобитните кое е апсолутно - Божје.
A таа на Хегел тури и пепел , знам дека веруеш у таа , батали ја.


--- надополнето ---

малку да дополнам It has no antithesis, so you cannot even call it thesis; and it is not a synthesis. It has dropped all three – the whole triangle. It is something beyond the triangle of evolution. And the beauty is, because it is not part of a triangle, you are not stuck. And from that point growth changes its nature completely: it is no longer dialectical.

--- надополнето ---

Filmakedon;3715445 Тоа што го имаш наведено под трпење (аскетски живот) може да се објасни како судир со некој кој е помоќен од тебе. Значи напиша:
Извини ама сега приметив.
Па би убил ли некој ти ако ти е пречка за опстанок , под претпоставка дека нема да одговараш кривично.
И ако не од кај таа нелогична работа .
Дали е љубов у прашање?
 
Прочитај ја Алхемичарот и ќе сфатиш за што живее човекот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom