Платон, супер ти е математикава, се согласувам со негде. Кај даваат софтвер на 12 рати да купиме? И од кај излезе со цената од 17 евра месечно за ЦС5? Тоа е некоја рата од овај проектот купи куќа купи стан, на 20 години?
Друга работа, се согласувам дека купување софтвер е до негде како купување машина. Кога ќе купиш машина, еве да речеме за сечење и кантирање на иверица, таа машина има некој си одреден век на траење и ја брка работата за која е наменета, без разлика дали иверицата е од 1984 или од 2013 година, за разлика од фотошопот кој излегува нова верзија на секоја пола година па оди отвори фајл од понов формат. Тоа го прават намерно, за да испумпаат што повеќе пари.
Друга работа е што кај нас менталитетот на народот не е уште на ниво, пример јас ќе купам ЦС5, windows веќе не ставам, пошто ај да речеме прилично е евтин, кога некој ќе ти дојде да ти бара софтвер, веб сајт, дизајн на списание, не е спремен да ти плати соодветно на лиценцата и трошоците што ти ги правиш. Ти наброја примери каде компанијата веќе има редовна клиентела од која вади солидни суми на пари. Таква компанија преку ноќ не се станува. Па дури и големите имаат кризни периоди.
Но јас сум оптимист и се надевам дека работите полека ќе се менуваат, како ќе се зголемува стандардот, така ќе се доведува ред и во ова. Само се надевам дека казнената политика на владава за ова нема да стане како во најразвиените земји, пошто и тие што работат и вадат некој динар легално (преку фирма) ќе треба да затвараат бизнис и да цвета сива економија (дизајни од братучеди, внуци и пријатели, на нелиценциран софтвер, платено на рака под маса). Мислам дека фер би било да се бара лиценца за оперативен, и лиценца са офис софтвер, но да не се рчка многу во додатните, пошто реално гледано ако се рчне таму, најверојатно ќе се затворат бајги фирми кои основна дејност им е работа со компјутери, софтвер и дизајн.